Јазичното студио ЛИНГВА се наоѓа во центарот на Битола (ул.Леринска ) и располага со 4 аудио-визуелно опремени училници и интернет.
Во јазичното студио ЛИНГВА се изучуваат следните јазици:
ИТАЛИЈАНСКИ
ФРАНЦУСКИ
АНГЛИСКИ
ГЕРМАНСКИ
МАКЕДОНСКИ јазик за странци.
Јазичното студио Лингва нуди курсеви за деца од предучилишна возраст, деца од основно образование, средношколци, студенти и возрасни. Гру
пите опфаќаат 5-10 слушатели. Курсевите можат да бидат:
индивидуални
редовни курсеви по странски јазик
интензивни
викенд курсеви
граматички и
курсеви по комуникација.
Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.
По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Заедничката европска референтна рамка за јазици.
Во рамките на детските курсеви се организираат разни манифестации, приредби за Нова година и за крајот на училишната година, квизеви и натпревари.
Училиштето располага со сопствена библиотека на странски наслови и голем број на речници - толковни, двојазични и сликовити речници кои посетителите на курсеви по странски јазици можат да ги користат во текот на учењето.
Уписи и датуми
За зимскиот семестар уписите траат од 1-ви септември до 15-ти септември, а наставата започнува на 16-ти септември.
За летниот семестар уписите траат од 15-ти јануари до 1-ви февруари, а наставата започнува на 1 февруари.
Зимскиот распуст трае од 1-ви до 20-ти јануари.
Настава не се изведува за време на државни празници и празници кои по закон се неработни денови. Училиштето е отворено од понеделник до сабота од 10 часот до 20 часот.
Преводи
Јазичното студио Лингва врши судски и стручни преводи од македонски на италијански, француски, англиски, германски и шпански јазик и обратно. Преводите ги извршуваат овластени преведувачи кои работат како постојани преведувачи во Основниот суд во Битола.
Јазичното студио Лингва нуди и преведувачи за симултан и консекутивен превод од секаков домен. BRAINOBRAIN
Бреинобреин е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги трансформира животите на повеќе од 1.000.000 деца низ целиот свет. Има 850 успешни франшизни центри во повеќе од 25 држави во светот: Индија, Англија, Америка, Австралија, Македонија, Кувајт, Полска, Тајланд… Brainobrain Europe e Мастер – франшизер во Европа за детската светска академија-Brainobrain која има сертификат, ISO9001:2000.