ЈЛБ „Илинден’’ Делчево

ЈЛБ „Илинден’’ Делчево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЛБ „Илинден’’ Делчево, Education, Светозар Марковиќ бр. 1, Thessaloníki.

Јавна Локална Библиотека „ИЛИНДЕН“ Делчево располага со книжен фонд над 50.000 книги: од кои 14.000 книги во библиотеката во Клон М.Каменица и Клонот во с.Разловци со околунад 3000 примероци. На годишно ниво бројот на читатели варира околу 700 активни читатели. Годишна членска карта изнесува 200 денари поединечен број и 300 денари фамилијарен број.

Почитувани членови,Ве известуваме дека од понеделник, 24 август, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево започнува со ревизија на книжни...
21/08/2026

Почитувани членови,
Ве известуваме дека од понеделник, 24 август, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево започнува со ревизија на книжниот фонд.
Ревизијата е законска обврска на библиотеката и е неопходна за евидентирање, проверка и усогласување на целокупниот библиотечен фонд. Предвидено е да заврши до крајот на годината, а во процесот ќе бидат вклучени сите вработени во библиотеката.
Нашата цел е ревизијата да ја завршиме пред предвидениот рок, со што побрзо ќе продолжиме со редовните активности и услуги за нашите читатели.
По завршувањето на ревизијата во матичната библиотека, ќе следува и ревизија на книжниот фонд во клонот на библиотеката во Македонска Каменица.
Ве молиме за разбирање, трпение и поддршка во периодот додека трае оваа обемна и значајна активност. ❤️
Ви благодариме што сте со нас и што заедно се грижиме за нашето книжно богатство. 📖

📚✨ НОВИ ЛЕКТИРИ ВО ЈЛБ „ИЛИНДЕН“ – ДЕЛЧЕВО! ✨📚Со радост споделуваме дека во нашата библиотека пристигнаа новите наслови ...
20/08/2026

📚✨ НОВИ ЛЕКТИРИ ВО ЈЛБ „ИЛИНДЕН“ – ДЕЛЧЕВО! ✨📚
Со радост споделуваме дека во нашата библиотека пристигнаа новите наслови на лектири кои ќе се обработуваат во текот на оваа учебна година. 📖💙
Овие книги се нови за нашиот фонд, односно досега не биле дел од задолжителните лектири што се обработувале во нашата библиотека. Затоа, уште еднаш го збогатуваме нашиот книжевен фонд и создаваме подобри услови за сите ученици полесно да стигнат до својата лектира. 🌟
📖 Нови книги
🎒 Нови училишни предизвици
✨ Нови приказни
❤️ И уште многу причини за читање!
Ги очекуваме нашите ученици да ги земат книгите, да ги отворат страниците и да запловат во светот на литературата.
Зашто секоја нова книга е нов свет што нè очекува! 🌍📚
Ова е само дел од лектирите,други нови наслови, очекуваме утре.
#ЈЛБИлинден #Делчево #Лектири #НовиКниги #ЧитањетоЕЗадоволство #КнигаЗаСекоеДете

И конечно 👇Ве очекуваме!
17/08/2026

И конечно 👇
Ве очекуваме!

За сите љубители на стрипот 👇
10/08/2026

За сите љубители на стрипот 👇

08/08/2026

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

ЈЛБ„Илинден“ - Делчево уште еднаш покажува дека во неа сите форми на уметноста можат да најдат свој дом. За прв пат во н...
08/08/2026

ЈЛБ„Илинден“ - Делчево уште еднаш покажува дека во неа сите форми на уметноста можат да најдат свој дом. За прв пат во нашиот град се промовира графички роман(стрип), а при тоа присуствуваат и гости од Италија, на овој навистина значаен културен момент. Денеска отвараме едно ново поглавје во културниот живот во Делчево.Го промовираме стрипот „Беше еднаш на истокот“ кој преку зборови и цртежи раскажува приказни кои долго остануваат во срцето.
Голема чест ни е што денеска со нас беше и авторот на стрипот Бобан Пешов.Негово дело инспирирано од вистинска животна приказна за иселеништвото, семејството, надежта и враќањето кон сопствените корени. Стрипот е издаден од издавачката куќа „Бункер“, и чест ни е што денеска со нас беше и Владимир Битољану од „Бункер“
Кој е Бобан Пешов? Роден во Македонија, Трсино во 1988 .Во 1996 година како дете, се иселува во Италија каде завршува основно,средно образование и ги завршува студиите по архитектура во Торино.Создава стрипови, карикатури и сатирични илистрации кои брзо привлекуваат публика на социјалните мрежи.
Во 2025 година го објавува стрипот „Беше еднаш на Истокот“ и за кратко време станува едно од најзабележителните стрип-изданија во Италија. Добива бројни номинации за нагрди на најпрестижните италијански стрип фестивали. Од име на ЈЛБ„Илинден“- Делчево сакам да упатам благодарност и до Ванчо Новоселски советник за образование во општина Делчево, кој е нашата„врска“ со авторот и иницијатор на оваа промоција.
На промоцијата присуствуваше градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, советниците во Советот на Општина Делчево,градоначалници и делегации од Италија и голем број на наши сограѓани.
Стрипот од понеделник ќе биде достапен до сите наши читатели. На авторот ми посакуваме многу успех со овој стрип и му посакуваме уште многу нови напишани страници.

06/08/2026

❤️💙

Во рамки на делчевското културно лето, а во организација на ЈЛБ„Илинден“ и НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“, се одржа работилница „Бои...
05/08/2026

Во рамки на делчевското културно лето, а во организација на ЈЛБ„Илинден“ и НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“, се одржа работилница „Боите го разубавуваат паркот“
На работилницата учествуваат голем број на дечиња кои со своите боички им подарија живот и боја на цртежите. Потоа следуваа летни натпреварувачки лудории и многу забава. Најубавиот дел не беа само шарените листови, туку и детската радост, дружењето, смеата и безбројните искрени насмевки кои го исполниа паркот.
Им благодариме на сите дечиња и на нивните родители што беа дел од оваа прекрасно дружење. Заедно уште еднаш покажавме дека кога ќе се спојат креативноста, играта и книгата, се создаваат најубавите детски спомени.
До следната дружба,продолжуваме да ја негуваме детската фантазија, затоа што секое обоено ливче е чекор кон еден пошарен и поубав свет!

Потсетување за работилницата „Боите го разубавуваат паркот“Утре во 18 часот во градскиот парк, ве очекуваме сите!Дечиња,...
04/08/2026

Потсетување за работилницата „Боите го разубавуваат паркот“
Утре во 18 часот во градскиот парк, ве очекуваме сите!
Дечиња, носете боички и картонче на кое ќе го поставите листот што треба да го избоите.
Ве очекуваат и многу други летни, натпреварувачки, возбудливи изненадувања!
🌟🌞📖✍️🧑‍🤝‍🧑👬🖍️🎨🖌️✨🎉🎶🎵

Сакам Книги
31/07/2026

Сакам Книги

Address

Светозар Марковиќ бр. 1
Thessaloníki
2320

Opening Hours

Monday 07:30 - 18:00
Tuesday 07:30 - 18:00
Wednesday 07:30 - 18:00
Thursday 07:30 - 18:00
Friday 07:30 - 18:00

Telephone

+38933412615

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЛБ „Илинден’’ Делчево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ЈЛБ „Илинден’’ Делчево:

Shortcuts

Share

Category