ООУ „Ванчо Прке“-Делчево

ООУ „Ванчо Прке“-Делчево Јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од прво до деветто одделение.

31/08/2026
🏆ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🏆 Со голема гордост и задоволство ја претставуваме Сара Димитровска, ученичка која со својата п...
15/06/2026

🏆ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🏆
Со голема гордост и задоволство ја претставуваме Сара Димитровска, ученичка која со својата посветеност, упорност, одговорност и одлични постигања го заслужи признанието Првенец на генерацијата.
Во текот на своето школување, Сара беше пример за вреден ученик, другар и личност со високи морални вредности. Нејзиниот успех е резултат на континуирана работа, истрајност и желба за знаење, а нејзините постигнувања претставуваат гордост за целото училиште.
Драга Сара, ти честитаме за ова заслужено признание и ти посакуваме многу успех, среќа и нови достигнувања на патот што е пред тебе. Нека твојата љубопитност, труд и амбиција продолжат да те водат кон остварување на сите твои соништа.
Искрени честитки и до сите наставници кои беа дел од твојот образовен пат.
Горди сме на тебе и ти посакуваме светла и успешна иднина!

10/06/2026

„Денес училницата ги испрати своите полуматуранти. Од клупите каде што учеа, другаруваа и сонуваа, со музика и насмевки зачекорија кон нови предизвици. Нека ги следат успехот, среќата и убавите спомени од училишните денови.“ 🎓❤️🏫✨

✍️📚На Државниот натпревар по македонски јазик, кој се одржа на 07.06. 2026 год. ( недела. ) на Филолошкиот факултет " Бл...
10/06/2026

✍️📚На Државниот натпревар по македонски јазик, кој се одржа на 07.06. 2026 год. ( недела. ) на Филолошкиот факултет " Блаже Конески" - Скопје, нашите ученички ги постигнаа следниве резултати:
✨️Анамарија Христова , 8-2 одделение - III ( трета ) награда ;
Ментор: Маријана Стоименовска.
✨️Сара Димитровска ,
9- 1одделение - III ( трета ) награда;
Ментор : Билјана Стоиловска.
Им честитаме на нашите ученички за постигнатиот успех и им посакуваме и во иднина да бидат успешни и најдобри меѓу најдобрите.

Учениците од шесто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ - Делчево се на дводневна екскурзија во придружба на наставниците. Екск...
03/06/2026

Учениците од шесто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ - Делчево се на дводневна екскурзија во придружба на наставниците. Екскурзијата има за цел да им овозможи нови знаења, дружење и запознавање со природните и културните знаменитости на нашата држава.

Им посакуваме пријатно патување, убави доживувања и многу незаборавни моменти!

Иако плановите се сменија, насмевките останаа: Денешната планирана прошетка до „Манастирски ендек“ ја заменивме со друже...
22/05/2026

Иако плановите се сменија, насмевките останаа: Денешната планирана прошетка до „Манастирски ендек“ ја заменивме со дружење во училишниот двор!

​Денес беше денот предвиден за нашата еднодневна прошетка. Иако непредвидливите временски услови нè спречија да заминеме на планираната дестинација, тоа воопшто не ни го расипе доброто расположение!
​Нашиот простран училишен двор денес се претвори во вистинска зона за забава, игри и дружење. Учениците, заедно со своите наставници, поминаа прекрасен ден исполнет со спортски активности, друштвени игри и многу смеа на отворено.
​Овој ден ни докажа дека за убаво поминато време не е важна локацијата, туку доброто расположение и заедништвото.
​Погледнете дел од атмосферата преку галеријата во продолжение!

Со голема чест и гордост го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште „Ванчо Прке“ Делчево, ден посветен на вред...
21/05/2026

Со голема чест и гордост го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште „Ванчо Прке“ Делчево, ден посветен на вредностите, знаењето и традицијата што ги негуваме низ генерациите.
Овој свечен ден е потсетник на нашата заедничка мисија: да создаваме успешни, хумани и инспирирани млади луѓе кои со своето знаење и труд ќе ја градат иднината.
Им благодариме на сите ученици, наставници, родители и пријатели на училиштето за поддршката, посветеноста и успесите што секојдневно ги споделуваме.
Нека патрониот празник биде поттик за уште поголеми достигнувања, нови успеси и многу убави спомени!
Среќен патронен празник!

Address

Никола Ј. Вапцаров бб
Lixoúri
2320

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Ванчо Прке“-Делчево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ „Ванчо Прке“-Делчево:

Shortcuts

Share

Category