12/04/2021
ПОВТОРНО Music House со часови на отворено! 🎸
Почитувани љубители на гитарата, а особено оние кои сакаат да го совладаат инструментот,
Почнувајќи од 16ти Април повторно се враќаме со оддржување на часовите на отворено во дворот на СУГС „Георги Димитров“. Учениците ќе бидат поставени на 2 метра дистанца и ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост.
Месечната цена е 2000 денари (вклучени се 8 часа, 2 пати во неделата).
Групите се ограничени, а во моментот се останати само уште неколку места.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од една прекрасна дружба воедно и едукација на отворено можат да аплицираат на овој линк https://forms.gle/SLf2M6FE8jxquWTj7 по што ќе бидат контактирани набрзo.
Се гледаме наскоро!
23/03/2021
Почитувани,
Наидовме на огромна заинтересираност за часовите на отворено кои започнуваат во Април!
Во прилог ги одговараме најчесто поставуваните прашања:
1. Од која возраст е најдобро да се започне со овој курс по гитара?
- Наша препорака е од 7 годишна возраст па нагоре.
2. Дали програмата е за почетници?
- Програмата е приспособена за сите возрасти и нивоа на знаење.
3. Која е месечната цена?
- Месечната цена е 2000 денари. Вклучени се 8 часа, односно 2 часа во неделата по 45 минути.
4. Кои се термините?
- Термините се понудени во линкот на постот во склоп на апликацијата. (линк подолу)
5. Дали е неопходно да имаме инструмент за да почнеме?
- Не, тоа не е услов. Music House ќе ви обезбеди инструмент за почеток но препорачуваме да си обезбедите во блиска иднина за да може ученикот да вежба и по часовите.
Линк за аплицирање: https://forms.gle/PWjXaHXoKBJ7RiEy6
Со почит,
Тимот на Music House
16/03/2021
ПОВТОРНО Music House со часови на отворено! 🎸
Почитувани љубители на гитарата, а особено оние кои сакаат да го совладаат инструментот,
Почнувајќи од 16ти Април повторно се враќаме со оддржување на часовите на отворено во дворот на СУГС „Георги Димитров“. Учениците ќе бидат поставени на 2 метра дистанца и ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од една прекрасна дружба воедно и едукација на отворено можат да аплицираат на овој линк https://forms.gle/SLf2M6FE8jxquWTj7 по што ќе бидат контактирани набрзo.
Се гледаме наскоро!
18/09/2020
Драги идни гитаристи и љубители на инструментот гитара 🎸
Поради огромниот интерес, музичкото училиште Music House отвара нова група која ќе започне со часови на 1ви Октомври.
Пријавување на 075 262 174‼️
Уписите се во тек, а местата се строго ограничени и се пополнуваат многу брзо!
Ве чекаме во прекрасната градина на BackYard Lounge Bar & Kids Area, каде часовите се оддржуваат на отворено или пог голем затворен простор во случај на лоши временски услови!
15/09/2020
Music House го проширува својот тим!
Бара високо мотивиран наставник по гитара.
Се почнува веднаш!
Заинтересираните може да испратат порака во инбокс или да не контактираат на 078/356-564
02/09/2020
Уписите се сеуште во тек, останати се уште неколку слободни места во новата група 🎸
Пријавување на 078/356-564 ‼️
Одлично помина првиот час на Music House во BackYard Lounge Bar & Kids Area на отворено 🎸 Учениците пресреќни, со нови вештини, нови другарчиња, а сепак во безбедни услови!
01/09/2020
Почнуваме! 🎸🥳 BackYard Lounge Bar & Kids Area
01/09/2020
Останаа уште 2 празни места во две групи - junior и seniors. Пријавување на 078/356-564 ‼️
31/08/2020
Групите за часови по гитара на отворено се скоро пополнети! Останати се уште неколку места, а почнуваме на 01.09 🎸
Побрзајте, пријавете се и не ја пропуштајте можноста за дружење и изучување на гитара во овие неизвесни времиња по промототивна цена од 2000 денари.
Часовите се оддржуваат во BackYard Lounge Bar & Kids Area
Пријавување на 078/356-564‼️
27/08/2020
🎸 Music House во BackYard Lounge Bar & Kids Area со часови по гитара НА ОТВОРЕНО ‼️
Во овие неизвесни времиња најдовме начин да го оддржиме континуитетот, ентузијазмот и желбата на оние кои сакаат да ја изучуваат и да се дружат со музиката.
Семестарот ќе биде скратен и ќе трае од 1ви Септември до 30ти Октомври со поинтензивна настава и часовите ќе се оддржуваат на отворено со запазување на сите мерки на претпазливост во целосно безбедна средина. Учениците ќе бидат во група до 10 деца со запазена дистанца од 1,5м и со употреба на дезинфекциони средства.
Групите ќе бидат поделени на:
- Juniors 7-12 години
- Seniors 12-18 години
- Adults над 18 години
Времетраењето на часот ќе биде 60 минути, два пати во неделата.
*Во случај на дожд, имаме решение на отворен простор со покрив
ПРОМОТИВНА цена за еден месец - 2000 денари!
Пријавување на телефонскиот број: 078/356-564
Бројот на групи е ограничен!
Ве очекуваме!❤️
17/06/2020
Денеска за жал се простуваме од еден прекрасен човек, близок соработник, искрен пријател и омилениот наставник на младите ДиЏеи во Music House - Dj Icko.
Ти благодариме за сите прекрасни спомени и сеќавања, споделивме преубави моменти и знаеме дека беше и си инспирација за помладата генерација во електронската музика.
Music House ќе те чува во вечно сеќавање!
Сочувство до семесјтвото и најблиските.
10/03/2020
Почитувани,
Поради вонредната состојба во нашата држава, во Music House нема да се оддржуваат часови во наредните 14 дена.
Со почит,
Music House