Студентскиот форум на Правниот факултет “ Јустинијан Први”- Скопје претставува автономна, студентска, самоорганизирана форма на дејствување која има за задача да им помогне на сите колеги од Универзитетот кои се соочуват со нехуман, деградирачки и понижувачки третман, било каква дискриминација, виктимизација и останати прекршувања на човековите и студентските права на колегите.
Имајќи предвид заробувањето на Факултетското Студентско Собрание на Правниот факултет од страна на партиски, владини и невладини структури, приватни универзитети и останати неповикани учесници- креатори на извршувањето на високообразовната дејност во насока на загрозување на правата на членовите на академската заедница, се самоорганизиравме во одбрана на универзитетската автономија!
Револтирани од нарушувањето на неприкосновеноста на универзитетската автономија и згрозени од коруптивното однесување на владини функционери, Декани на приватни факултети, „невладини“ организации и останати приватизирања на студентското организирање и дејствување Ве повикуваме сите заедно да се приклучиме во студентскиот отпор се' до воспоставувањето на еднаквост и реална заштита на студентските права и интереси!