МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde

МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde Македонска Православна Црковна Општина во Виена - Република Австрија🇦🇹

Оваа страница е наменета за означување на месноста на македонскиот православен храм во Виена, посветен во име и чест на Свети Наум Охридски - Чудотворец.

* Овој храм е назначен и осветен со Благослов на Неговото Високопреосвештенство, Миртополитот Европски на МПЦО-ОА, Г. ПИМЕН - на ден Недела 13.Гроздобер/Септември 2009 лето Господово.

* Оваа црковна општина се грижи пред се за духовните потреби на своите редовни членови и на сите православни верници во Австрија.

* Дополнително на тоа ја негува македонската култура со редовни свои дела, како што се
- прослави (означување на црковни и македонски државни празници)
- собири (крштевки, родендени, Трпеза На Љубовта)
- организација во соодветни одделенија (секции)

и преку соработка со и поддршка на делата на сродни друштва во областа на
- фолклорот (КУД „Македонка“ - Виена)
- спортот (навивачка група „Фаланга“ - Виена)

* Ова црковна општина се финансира исклучиво преку донации во различен облик (парични и предметни донации), од различни страни (верници, пријатели, соседи) и ужива подршка од многу донатори независно од нивната верска или етничка припадност!:
- редовни членови (полноправен член со право на глас и право да биде избран како дел од управата)
- доброволни прилози од верници (свеќи, целивална)
- доброволни прилози на собири од сите присутни (Трпеза На Љубовта, хуманитарни концерти, итн.)
- доброволни прилози за купување, изградба и пре-уредување на црковните простории.

* Нашите врати се отворени за секого кој што доаѓа со добра намера во срцето и сака заедно со нас да ги слави православните празници, кој што сака заедно со нас да се помоли на Бога, кој што сака заедно со нас да ја негува македонската култура, кој што сака заедно со нас да ја изгради и развива македонската општина во Виена и заедно со нас да придонесе за развитокот на македонските општини низ цела Австрија!

Почитувани верници!Недела 27.09.2026Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов- КРСТОВДЕНЌе се служи Света Божест...
23/09/2026

Почитувани верници!

Недела 27.09.2026
Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов- КРСТОВДЕН
Ќе се служи Света Божествена Литургија
со почеток во 09:30 часот.

Христос помеѓу нас!

20/09/2026
14/09/2026
Почитувани верници!Во петок 11.09.2026- Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, ќе се служи  Божествена Литурги...
09/09/2026

Почитувани верници!

Во петок 11.09.2026- Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, ќе се служи Божествена Литургија со почеток во 09:00 часот.

Во недела 13.09.2026- ќе се служи Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот.

Христос помеѓу нас!

01/09/2026

Почитувани верници!

Во недела 06.09.2026- ќе се служи Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот. На крајот од Литургијата ќе има молитва за почетокот на училишната година и успех на сите ученици.

Христос помеѓу нас!

МОЛИТВА ПРЕД ПОЧЕТОК НА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА

Господи, Боже, Создателу наш, со својот лик си ни направил чест нам, луѓето, си ги научил Твоите избраници да ги почитуваат оние, што го имаат примено Твоето учење, откривајќи им ја премудроста на децата;

Ти си го научил и Соломона и сите оние, што ја бараа Твојата премудрост; отвори ги срцата, умовите и устите на Твоите слуги, за да ја примат силата на Твојот закон, и успешно да ги разберат полезните учења што им се предаваат, во слава на Твоето пресвето име, во полза и заради напредокот на Твојата Црква, и за разбирање на твојата добра и совршена волја.

Избави ги од сите непријателски напади, зачувај ги во православноста и во верата, и во секоја благочестивост и чистота во сите дни од нивниот живот, да напредуваат во знаењето и исполнувањето на Твоите заповеди; та така подготвени да Го прослават Твоето пресвето име. Зашто Ти си Бог, силен во милоста и добар во силата, и Тебе Ти прилега секоја слава, чест и поклонување, на Отца, и Сина, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во век и веков.
Амин.

Драги браќа и сестри!27.08.2026 (Четврток)- Ќе се служи голема вечерна Богослужба на која ќе биде извадена плаштаницата ...
24/08/2026

Драги браќа и сестри!

27.08.2026 (Четврток)- Ќе се служи голема вечерна Богослужба на која ќе биде извадена плаштаницата на Успение на Пресвета Богородица, со почеток во 18:00 часот.

28.08.2026 (Петок)- Ќе се служи Божествена Литургија во чест и спомен на Успение на Пресвета Богородица, со почеток во 09:30 часот.

Плаштаницата на Пресвета Богородица ќе биде извадена, ве повикуваме да се собереме во што поголем број и да се поклониме на Мајката Божја.

28.08.2026 (Петок)- Во 17:30 часот ќе биде поставена трпеза на љубовта која ја даруваат Трајче и Ирена Марков

30.08.2026 (Недела)- Ќе се служи Божествена Литургија со почеток во 9:30 часот.

Христос помеѓу нас!

Драги браќа и сестри!19.08.2026 (Среда)- Преображение Христово, ќе се служи Божествена Литургија со почеток во 09:00 час...
16/08/2026

Драги браќа и сестри!

19.08.2026 (Среда)- Преображение Христово,
ќе се служи Божествена Литургија со почеток во 09:00 часот.
Ќе служи Архимандрит Анатолиј од Бигорскиот манастир.
По завршувањето на Литургијата ќе има
мала закуска за сите присутни.

23.08.2026 (Недела) -Света Божествена Литургија со почеток во 9:30 часот.

Христос помеѓу нас!

📜 Типик за Богородичните пости 2026 Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. ПИМЕНИмајте ле...
13/08/2026

📜 Типик за Богородичните пости 2026
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. ПИМЕН

Имајте лесни и од Бога благословени пости!

11/08/2026

Почитувани верници!

Во недела 16.08.2026- ќе се служи Света Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот.

Христос помеѓу нас!

Почитувани верници!08.08.2026 Преподобната маченичка ПараскеваСвета Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот09.08....
03/08/2026

Почитувани верници!

08.08.2026 Преподобната маченичка Параскева
Света Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот

09.08.2026 Рамноапостолни Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј и нивните учители Кирил и Методиј
Светиот великомаченик Пантелејмон
Света Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот

На 09.08.2026 по завршувањето на Литургијата, ќе биде поставена трпеза на љубовта.

Ве покануваме да го исполниме храмот со молитва и вера, а потоа да се собереме на заеднички ручек.

Отец Дарко Несторовски од Скопска епархија ќе го заменува нашиот парохиски свештеник отец Јован Тодевски.

Христос помеѓу нас!

Adresse

Siemensstrasse 26
Floridsdorf
1210

Öffnungszeiten

Freitag 19:00 - 21:00
Sonntag 08:30 - 15:00

Telefon

+436764438847

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Teilen