СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес

  • Home
  • СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес

СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес Официјална facebook страна на СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ - Велес | www.gimkocoracin.edu.mk

Официјалната фан страна на Гимназијата Кочо Рацин се наоѓа на следниот линк - http://www.facebook.com/Gim.KocoRacin

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2022/2026 ГОДИНАГенерацијата матуранти 2022/2026 година п...
14/08/2026

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2022/2026 ГОДИНА

Генерацијата матуранти 2022/2026 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 14.08.2026 година во кафе-бар „Пиано” на свечен начин им се доделија дипломите.

Директорот на училиштето, Илија Попов упати поздравен говор кон нашите матуранти.
Оваа свечена пригода беше соодветна да им се доделат признанија и на најдобрите ученици – првенци.

За првенец на прва година е прогласена ученичката Aна Митровска од 1-2 клас. Во генерацијата на втора година како најдобри беа прогласени ученичката Лана Басаров од II-1 клас и ученикот Андреј Бошковски од II-2 клас. Од трета година со епитетот најдобра се здоби ученичката Бојана Мицевска од III-2 клас. Во генерацијата матуранти кои оваа година го завршија своето образование како најдобар се истакна ученикот Тодор Пљаков од IV-2 клас.

Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес.Честа да биде прогласен за најдобар меѓу најдобрите му припадна на ученикот Кристијан Мартинов од IV-3 клас.

Оваа година на ученичките Јана Пљокова од IV-1 клас, Изабела Жабева од IV-2 клас и Ива Ракиџиева од IV-4 клас за нивната посветеност, особен придонес за промоција и активна вклученост во претставување на училиштето им беше доделено почесно признание.

Честитки до сите наши матуранти!
Им посакуваме среќа, успех и светла иднина !
Со желба ова да не биде збогување, туку само едно убаво „до следната средба”.

Нашиот ученик Тодор Пљаков учествуваше на CEOAI (EUROAI),  Централно Европска олимпијада за вештачка интелигенција, каде...
20/07/2026

Нашиот ученик Тодор Пљаков учествуваше на CEOAI (EUROAI), Централно Европска олимпијада за вештачка интелигенција, каде освои бронзен медал🏅.

Олимпијадата се одржа во Babeş-Bolyai Универзитетот во Клуж-Напока, Романијa
🇷🇴, во период од 14-19 јули.

Честитки за Тоше!!!

Почитувани родители, драги деветтоодделенци! Ова се насоките за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 год...
23/06/2026

Почитувани родители, драги деветтоодделенци!

Ова се насоките за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

ЈУНСКИ УПИСЕН РОК – II пријавување

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука на https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.

Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 24 јуни 2026 година од 8:00 часот до 15:00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот на огласна табла на училиштето.

22/06/2026
Читајте го седмиот број на весникот Гимназијалец! https://gimkocoracin.edu.mk/wp-content/uploads/2024/02/GIMNAZIJALETS-b...
16/06/2026

Читајте го седмиот број на весникот Гимназијалец!
https://gimkocoracin.edu.mk/wp-content/uploads/2024/02/GIMNAZIJALETS-br.7-Juni-2026.pdf

ВО ЧЕСТ НА РАЦИН, ВО ЧЕСТ НА 63. РАЦИНОВИ СРЕДБИ Во чест на Рацин и во чест на 63. Рацинови средби, СОУ  „Гимназија Кочо...
16/06/2026

ВО ЧЕСТ НА РАЦИН, ВО ЧЕСТ НА 63. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Во чест на Рацин и во чест на 63. Рацинови средби, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес се приклучи кон чествувањето на ликот и делото на нашиот патрон.

Делегација од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, се поклони и положи свежо цвеќе во Спомен – костурницата и пред споменикот на Рацин во дворот на училиштето кое, со голема гордост и со голема чест, го носи неговото име.

Голем великану, секогаш и секаде, безусловно и со голема почит, се навраќаме на твоето име, потсетувајќи се на твојата големина и посвтеност, на твоето дело и твојата беспрекорна и неповторлива љубов кон својот народ и својот јазик.

Почивај во мир голем човеку! Вечна ти слава.

15/06/2026

✨ ️Гимназија Кочо Рацин ✨️

Почитувани родители, драги деветтоодделенци! Ова се насоките за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 год...
13/06/2026

Почитувани родители, драги деветтоодделенци!

Ова се насоките за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Ве очекуваме, придружете се кон најдобрите и најуспешните. Дојдете заедно да го започнеме патувањето кон успехот.

Услови за запишување:

- Да имаат завршено основно образование
- Да не се постари од 17 години
- Да се определиле за план и програма за гимназиско образование
- Да ги исполнуваат критериумите утврдени со конкурсот
- Да имаат минимум 60 поени

Потребни документи

По успешното електронско пријавување, учениците во училиштето ја доставуваат следната документација:

- Пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница)
- Оригинални сведителства од VI до IX одделение
- Дипломи (доколку има ученикот) од освоени I,II,III места од меѓународни или освоено I место на државни натпревари
- Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)


Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука на https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.


ЈУНСКИ УПИСЕН РОК – I пријавување

Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
Прием на документи се врши на 16 јуни 2026 година од 8:00 часот до 19:00 часот и 17 јуни 2026 година од 8:00 часот до 15:00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето.


ЈУНСКИ УПИСЕН РОК – II пријавување

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 24 јуни 2026 година од 8:00 часот до 15:00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот на огласна табла на училиштето.

На Ликовниот конкурс по повод одбележувањето на 30-годишнината од присуството и соработката на Мировниот корпус во Макед...
12/06/2026

На Ликовниот конкурс по повод одбележувањето на 30-годишнината од присуството и соработката на Мировниот корпус во Македонија, нашата ученичка Марија Спасеска го освои првото место во конкуренција на повеќе од седумдесет други трудови од цела Македонија.

Горди сме на нејзиниот успех и благодарни за вложениот труд и посветеноста.

Address

ул. Благој Ѓорев 40, 1400 Велес, Македонија

1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес:

Shortcuts

  • Want your school to be the top-listed School/college?

Share