Академска сцена на ФДУ Скопје

  • Home
  • Академска сцена на ФДУ Скопје

Академска сцена на ФДУ Скопје Официјална страна на Академска сцена на ФДУ Скопје

Додека на повеќето факултети на испит „мува да прелета ќе се слушне“, студентите од Факултетот за Драмски уметности испитите ги полагаат пред полна сала и громогласни аплаузи. Академска сцена е буквално сцена на која се полагаат испити, се држат вежби, се раѓаат нови идеи, се создаваат генијални дела. Место каде што едни студенти се навикнуваат да бидат професионалци, а други да бидат публика.

Новата сезона на Академска сцена свечено беше отворена на 6-ти октомври со прикажување на дела на студенти од повеќе отсеци на факултетот. Се започна со „1 час комедија“, приказ на кратки филмови на студентите од отсекот за монтажа. Потоа настап со својот испит од трета година „Оркестар ББ“ имаа веќе дипломираните студенти. „Оркестар ББ“ е претстава која има добиено две награди и тоа за најдобар перформанс од публика и најдобар перформанс од жири, на фестивалот во Белград ФИСТ ’06 кој е втор светски студентски театраски фестивал. Оваа претстава предизвика огромна заинтересираност и импресивни реакции кај публиката и брои вкупно 50 изведби. Креативците од Драмскиот факултет не би биле толку успешни ако не се секогаш посебни и духовиие, па после отварањето на новата сезона во бифето организраа мала забава на која се консумираа коктели со имињата на професорите од факултетот. За вкусовите ќе дискутираме во некое следно издание.

Веднаш после свеченото отварање, на 7-ми октомври, пред публиката беше претставен материјал од испитот по актерска игра на студентите од 1992 во класата на проф. Љубиша Ѓорѓиевски. Овој дел од репертоарот се нарекува „Театарски Флешбек“ кој студентите го користат да прикажат снимени театрски испити со кои дипломирале некогаш успешните студенти, а сега веќе успешни актери, сценаристи, режисери. Во публиката често може да се видат учесниците и создателите на овие претстави како Александра Бошковска, Роберт Велјановски, Ристо Гоговски итн.

На 8-ми октомври следеше вториот „Филмски Флешбек“ кога беа прикажани неколку филмови на некогашни студенти на Факултетот за Драмски уметности, а денес познати режисери, сценаристи, монтажери во земјава но и надвор. Дел од документарните филмови кои публиката имаше можност да ги види се „Поштари“, „Мишо“, „Што ли беше“ итн.

Репертоарот продолжува да се прикажува на 13-ти октомври кога беа прикажани битовите драми „Антица“ на младата и амбициозна студентка по театраска режија Драгана Стојчевска и „Чест“ на уште еден млад иден режисер Ангелчо Илиевски.

Академска сцена не ги изостави ниту најмладите студенти, бруцошите, па нивна вечер беше 14-ти октомври кога беше прикажан еден од најиграните испити „Случајот П“. Тоа е испит по актерска од 2004 година на проф. Владо Цветановски и доц. Мими Таневска. Публиката гласна, атмосферата жешка, вибрациите позитивни. Најгласни некогашните студенти, а сегашни докажани професионалци Жаклина Петровска, Зорица Стојановска, Јелена Јованова и Ивица Димитриевиќ.

На 15 октомври наместо најавениот филмски флешбек следеше хорор филмот „Еден„ и трилер филмовите на група монтажери. Ако публиката се стрес еод хоророт, потоа се прсемеа од ЕПП-то помеѓу секој филм.

Млади, амбициозни и успешни креативци кои храбро газат на нивната сцена. Таму се свои, таму се успешни и најдобри. Секој четврток и петок можете бесплатно да аплаудирате, да се смеете, да мислите, да разговарате и да разменувате идеи.

Бидете добра публика и инспирирајте се од нивниот ентузијазам а тие нека се мотивираат од вашите аплаузи.



- Од списанието „Излез“

🎭 Оваа сабота (25.04) од 20:00 часот на Академска сцена, ќе се игра испитот по актерска игра 6 на нашите дипломци.Данкан...
22/04/2026

🎭 Оваа сабота (25.04) од 20:00 часот на Академска сцена, ќе се игра испитот по актерска игра 6 на нашите дипломци.

Данкан Мекмилан
ЛУЃЕ, МЕСТА И НЕШТА

Класа на:
проф. м-р Зоја Бузалковска
вонр. проф. м-р Александар Степанулески

Превод од англиски јазик:
БЛАГОЈА Б. БОШКОВСКИ

ИГРААТ:
ИРЕНА ДИМЕСКА (Ема, Џоди)
АНАСТАСИЈА МИТРОВСКА (Ема)
ЛОРА ШТАРГО (Ема)
ЕВА СТОЈЧЕВСКА (Ема)
АНГЕЛА ПЕЈКОВСКА (Докторката, Терапевтката, Мајката)
ЕНИС БИЛАЛОВИЌ (Фостер, Таткото)
ИВО ЈЕЗДИЌ (Константин, Пол, Ти)
МАРТИН МАЗНЕВ (Марк)
БОЈАНА ВАСИЛКОВСКА (Лора, Сестра 1)
МОНИКА СТАВРЕВСКА (Мередит, Сестра 2)
Актери, Актерки, Гардеробери, Сценци, Инспициент, Суфлерка, Алтернација, Клабери, Зависнички, Медицински персонал... - СИТЕ

🎉 После испитот се дружиме во нашето бифе.
Бујрум!

#АкадемскаСцена #ФДУ

Филмска вечер на ФДУ 🫶🏻Драга публико, овој петок (24.4) со почеток во 20:00 часот нашите колеги од филмска и ТВ режија ќ...
21/04/2026

Филмска вечер на ФДУ 🫶🏻
Драга публико, овој петок (24.4) со почеток во 20:00 часот нашите колеги од филмска и ТВ режија ќе имаат проекции на нивните кратки испитни филмови.

Испит по филмска и ТВ режија 2 година, 3 семестар - Потера
Во класата на проф. д-р Антонио Митриќески

Мартин Темков - Делмо 5'
Теодора Најдовска - Детокс 8'
Дарко Ѓуровиќ - Внимание 5'
Јана Голабоска - Сведоци 9'
Марија Петреска - Делузија 8'
Бојана Миовска - Небото не е граница 7'
Леона Јариќ - Quo Vadis Jan? 12'
Михаел Каровски Натрикс - Лажна крв 8'

По проекцијата ќе имаме краток разговор со студентите

А на крај, во бифе ќе не забавува нашиот

Бујрум на проекција! ❤️

#АкадемскаСцена #ФДУ #ПетокНаАкадемска

Овој петок, 17.04 во 22:30 часот, после претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ .mk ќе имаме дискусија во врска с...
15/04/2026

Овој петок, 17.04 во 22:30 часот, после претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ .mk

ќе имаме дискусија во врска со претставата

а потоа ќе се журкаме во нашето бифе со нашата најдрага 🫶🏻

Ве очекуваме!🪩

#ПетокНаАкадемска #АкадемскаСцена #ФДУ

„Да го поздравиш и да ми го бациш" овој петок на Академска🕣20:00 часот📍Академска сцена ФДУРежија: Билјана РадиноскаИграа...
14/04/2026

„Да го поздравиш и да ми го бациш" овој петок на Академска
🕣20:00 часот
📍Академска сцена ФДУ

Режија: Билјана Радиноска
Играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска
Продукција: ARTOPIA .mk

После претставата ќе имаме разговор со екипата a по разговорот ќе нѐ забавува нашата ди-џеј Емили Нас 🫶🏻

ЗАБЕЛЕШКА: Претставата не е наменета за лица под 16 години!

Бујрум во петок! 💃🏻

Фотографии од разговорот со Дејан Дуковски 🫶🏻📷
04/04/2026

Фотографии од разговорот со Дејан Дуковски 🫶🏻

📷

04/04/2026

А зашто ни е и државава на ова дереџе, на кое што е? Како што реков, комплексно е прашањето и не може да се реши со памфлет или директива, играјте македонски автори… О....

Во петок (03.04), после разговорот во 22:00 часот ве очекуваме на луда журка со нашето лудо ди-џеј дуо H&M! 🪩 .branko Ве...
31/03/2026

Во петок (03.04), после разговорот во 22:00 часот ве очекуваме на луда журка со нашето лудо ди-џеј дуо H&M! 🪩

.branko

Ве чекаме! 🫶🏻

„...Да го искористиме ова извонредно време кога сѐ е во распад.“ 🎭Овој петок(03.04) со почеток од 20:00 часот ве поканув...
31/03/2026

„...Да го искористиме ова извонредно време кога сѐ е во распад.“

🎭Овој петок(03.04) со почеток од 20:00 часот ве покануваме на претставата „Се случи еднаш во Женева“ по текстот „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг

Режија: Кристијан Атанасов .voda

Играат:
Јана Вељановска
Лазар Христов

После претстава ќе имаме дискусија со екипата

🪩А потоа ве очекуваме на журка во бифе со H&M! .branko

Бујрум! ❤️

Драга публико,Во четврток (02.04) со почеток во 20:00 часот, во рамки на програмата „Автор во фокус“ МТФ „Војдан Чернодр...
30/03/2026

Драга публико,

Во четврток (02.04) со почеток во 20:00 часот, во рамки на програмата „Автор во фокус“ МТФ „Војдан Чернодрински“ и Факултетот за драмски уметности - Скопје ве покануваат на разговор со Дејан Дуковски, еден од најзначајните современи македонски драмски автори и воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа и светот.
Дуковски дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на Горан Стефановски. Уште од првите драмски текстови: „Балканска 3/a“ (1988), „Последниот балкански вампир“ (1989), „Силјан Штркот шанца“ (1991) и „Џинот и седумте џуџиња“ (1991), ја најавува својата препознатлива поетика. Неговото творештво ја носи во себе македонската драмска традиција, но истовремено ја преиспитува и ја трансформира, создавајќи моќен и автентичен театарски јазик кој директно комуницира со времето во кое живееме.
Професор д-р Ана Стојаноска за Дејан Дуковски вели дека тој не пишува само драмски текстови – туку претстави. Кај него драмата се одвива веќе во самиот текст, како да се случува на сцена, што ги прави неговите дела живи, динамични и силно поврзани со актерската игра и режисерската визија. Неговите драми се создаваат во дијалог со театарот, со режисерите и со публиката, а токму затоа тие постојано добиваат нови верзии и нови сценски животи.
Од „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“, до „Маме му ебам кој прв почна“, „Друга страна“ и „Утерус“, драмите на Дуковски создаваат специфична театарска текстура исполнета со цитати, иронија, балканска стварност и силен општествен коментар.
Со својата фрагментарна драматургија, со својот брутално искрен и провокативен стил, Дуковски не само што ја обележува современата македонска драма, туку и го најавува новиот европски бран познат под синтагмата „in yer face“ или „драма на крв, сперма и пот“.
Разговорот со Дејан Дуковски е можност одблизу да се запознаеме со авторот чии драми повеќе од три децении го обликуваат современиот театарски јазик.

Ве очекуваме на сцената на ФДУ, на 2.04.2026 во 20 ч.

Нашите дипломци 🫶🏻✨
29/03/2026

Нашите дипломци 🫶🏻✨

Address

Улица „Руѓер Бошковиќ“ ББ/Факултет за Драмски Уметности

Opening Hours

Thursday 20:30 - 22:30
Friday 20:30 - 22:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Академска сцена на ФДУ Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Академска сцена на ФДУ Скопје:

Shortcuts

  • Want your school to be the top-listed School/college?

Share