02/06/2026
На државниот натпревар по биологија одржан на 30.5.2026 година, нашите ученици со својот вложен труд ги постигнаа долунаведените резултати.
Честитки до учениците и нивната наставничка Љупка А. Таневска за постигнатиот успех!
02/06/2026
Со голема гордост ги споделуваме успесите на нашите ученици на Спортските игри од проектот „Плазма“!
🏆 Освоено ПРВО место во играта ,,Народна" во генерација 2015 и помали.
🥈 Освоено ВТОРО место во генерација 2017 и помали.
🥇 Ивона Најдоска од VБ освои ПРВО место во дисциплината трчање на 60 метри.
🥈 Борјан Антанасов од VБ и Маркијан Велески од III Б освоија ВТОРО место во истата дисциплина.
Честитки за сите ученици кои со својата упорност, труд, спортски дух и тимска работа достојно го претставија нашето училиште. Вашите успеси се наша радост и гордост! Честитки и до наставниците по ФЗО Јасмина Петрушевска и Виолета Николова кои ги придружуваа учениците.
Продолжете да сонувате, да се трудите и да победувате. Секој ваш чекор е доказ дека успехот доаѓа со работа, посветеност и верба во себе.
Горди сме на сите вас! ❤️
01/06/2026
На 1.6.2026 година ученици од нашето училиште учествуваа на настан по повод Денот на детето организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Успешно го претставија својот проект „Погледот на детето кон позелена иднина", кој што беше изработен од учениците Антонија Марковска VIа, Антонија Гајдов VIa, Стефанија Искова VIa, Илина Младеновска VIв, Ангела Манчевска VIв, Илина Стојчевска VIв и Калин Ристовски од VIв одделение под менторство на наставничките Јоана Искова и Јасминка С. Вељковска.
23/05/2026
Зад нас останаа четири незаборавни дена исполнети со дружење, учење, истражување и многу убави спомени.
Учениците од петто одделение имаа можност низ непосредно искуство да ги запознаат природните убавини, културно-историските знаменитости и традициите на Западна Македонија.
Го посетивме Тетово, Маврово, Дебар, Вевчани, Струга, Охрид и Битола. Учевме покрај Охридското Езеро и реката Црн Дрим, истражувавме, фотографиравме, творевме и заедно создававме спомени кои долго ќе ги паметиме.
Покрај наставните активности, учениците покажаа другарство, креативност и одговорност, а секој ден беше исполнет со насмевки, игра, песна и позитивна енергија.
Голема благодарност до сите ученици за прекрасното однесување, до родителите за довербата и поддршката, како и до наставниците кои со голема посветеност ја реализираа оваа прекрасна авантура.
22/05/2026
На 18 и 19ти мај се реализираше дводневна научно-рекреативна екскурзија за учениците од VI одделение.
Низ дел од источна Македонија, учениците придружени од нивните класни раководители имаа можност за запознавање со природните убавини, стопански објекти и културно-историски споменици, како и рекреација и забава.
22/05/2026
По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во нашето училиште се одржа пригодна програма под мотото „ПАТОТ КОН СВЕТЛИНАТА ЗАПОЧНУВА СО ЕДНА БУКВА"
Среќни сме што со песна и поклон пред нивното величенствено дело оддадовме достојна почит кон ликот и делото на овие светли имиња од нашата историја и литература. Нека ни е честит и вековит големиот празник!!!
21/05/2026
Ученикот Давид Илиевски направи презентација за својот веб проект пред неговите соученици од VII В одделение.
Претставници од Семос беа присутни на часот и спроведоа кратка презентација, а потоа беше реализиран и квиз во кој учествуваа учениците.
21/05/2026
Презентација и запознавање со СУГС „Владо Тасевски“.
Во пријатна и позитивна атмосфера, ученици од IX одделение ја проследија презентацијата на училиштето и се информираа за можностите што ги нуди. Посетата беше исполнета со интересни информации, разговори и нови искуства.
20/05/2026
Нашите ученици учествуваа на општинската олимпијада „Бутелски Сезнајковски 2026“ во организација на општина Бутел на која остварија пласман на четврто место. Учениците со своето знаење достоинствено не претставија на ова општинско натпреварување.
18/05/2026
Учениците од петто одделение со нивната наставничка Љупка А. Таневска на часовите по природни науки на практичен начин ни демонстрираат разложување на бела светлина со призма, сенки и формирање на големина на сенките како и прекршување на зрак низ перископ.