СОУ Наум Наумовски Борче

  • Home
  • СОУ Наум Наумовски Борче

СОУ Наум Наумовски Борче ФБ страна на Наум Наумовски - Борче, Крушево

22/06/2026

Непосредно пред почетокот на вториот уписен рок за прва година средно образование, ја споделуваме објавата на градоначалникот на Општина Крушево/Municipality of Krusevo,
г-дин Нико Чонески
Ги охрабрувам сите деветтоодделенци да станат дел од СОУ „Наум Наумовски - Борче“ Крушево и да изберат образование што ќе им отвори нови можности и успешна иднина. 📚
На моја иницијатива, а со одлука на Советот на Општина Крушево, секој ученик кој ќе се запише во прва година ќе добива стипендија во износ од 3.000 денари од Општината.
Со вложување во младите, вложуваме во иднината на Крушево!

Резултати од првиот уписен рок за прва година за учебна 2026/2027
18/06/2026

Резултати од првиот уписен рок за прва година за учебна 2026/2027

Мировниот корпус во Република Северна Македонија наполни 30 години!Младите од цела држава, преку својата имагинација и к...
15/06/2026

Мировниот корпус во Република Северна Македонија наполни 30 години!
Младите од цела држава, преку својата имагинација и креативност, ја одбележаа годишнината креирајќи уметнички дела - разгледници, инспирирани од вредностите кои нè спојуваат: мир, дружба и соработка. Од многубројните учесници на конкурсот, избрани се 9 победници. Со радост ја споделуваме веста дека помеѓу нив е и нашиот ученик Атанас Ташкоски од III а клас.
Секој добитник доби сертификат, уметнички материјали и посебен сет разгледници со сопствено уметничко дело - траен потсетник за нивната креативност и придонес.
Почитуван Атанас, твоите професори при СОУ „Наум Наумовски - Борче“ ти го честитаат успехот и ти посакуваат уште многу успеси кои твојата мултиталтентираност ги заслужува.

02/06/2026

Од училница до лабораторија - еден час безброј нови откритија! Најдоброто учење е она што се доживува!
Запознајте го училиштето каде знаењето се претвора во вештини, самодоверба и успех!
Полуматурантите од Училиште Никола Карев и средношколците од СОУ ,,Наум Наумовски - Борче" - Крушево, експериментираа, откриваа, учеа и соработуваа на часови по хемија и информатика.
Интерактивниот час по хемија, беше посветен на ендотермните и егзотермните реакции.
Со поддршка од средношколци - асистенти (Даниел Ангелески, Андреј Јанкоски, Ева Котеска, Борис Николоски, Марија Котеска, Фани Јованоска, Ивана Колчакоска и Ива Талеска) и менторство од проф. по хемија - Снежана Николоска и Персифони Богдановска, науката доби практична и интересна димензија.
На часот по информатика, проф. Фаница Николоска им даде можност на гостите да ги покажат своите информатички вештини и да се впуштат во нова авантура со која ги збогатија своите знаења.

01/06/2026

На наше големо задоволство, полуматурантите на ООУ ,,Ѓорче Петров" - Ропотово го посетија нашето училиште.
Учениците имаа можност да се запознаат со условите за учење во училиштето и со наставните програми што нашето училиште ги нуди како пат кон успешна иднина.

Струмица од 18-20 Мај - одржан „Саем за социјални иновации“- Учесници од нашето училиште, учениците,  Ивана Филипова,  Е...
27/05/2026

Струмица од 18-20 Мај - одржан „Саем за социјални иновации“
- Учесници од нашето училиште, учениците, Ивана Филипова, Елена Степаноска, Теодора Секулоска, Атанас Ташкоски, Антонио Наумоски и Тома Хаџи Ѓаку од IIIа клас.
- Ментори,
Снежана Николоска, проф. по хемија
Кочо Јанкулоски, проф. по економски предмети
- ЕКО иновативно решение ,,Креирање на сапун од отпадно масло’’ - UPSHIFT програма
Со својата креативност, тимска работа, посветеност и иновативни идеи, овој тим на амбициозни ученици, покажаа дека младите со своето знаење, трудот и желбата за напредок можат да создадат вистински вредности за заедницата и да бидат двигатели на позитивни промени во општеството.
Оваа иновација, самодовербата, професионалноста и претприемачки дух на учениците, привлече внимание кај учесниците и посетителите на саемот.
за успешното претставување на
Менторите, како и сите ние, нивните профеори им честитаме за несбичното вложување и успешното претставување на училиштето а се придружуваме и кон пораката на нивните ментори:
„Продолжете да верувате во своите идеи, да истражувате, да создавате и да бидете пример за останатите млади. Вашиот успех е доказ дека иднината им припаѓа на храбрите, креативните и упорните.
Браво за вашиот труд, ентузијазам и успех! Ви посакуваме уште многу нови идеи, достигнувања и победи во иднина“

Повеќедневната екскурзија на учениците од ННБ, се ближи кон крајот. Прекрасни денови исполнети со дружба и содржини од и...
26/05/2026

Повеќедневната екскурзија на учениците од ННБ, се ближи кон крајот. Прекрасни денови исполнети со дружба и содржини од историјата и културата на прекрасната Италија. Спомени кои ќе траат вечно. И...нешто несекојдневно и во секој случај непосакувано, ама сепак...за жал, дел од животот.
Др. Александра Мијалевска Стефановска, која беше задолжена за одржување на добрата здравствена состојба на учениците, го сподели следново не баш пријатно искуство, во кое дојде до израз спремноста на учениците пд нашево училиште:
"На мостот Риалто вчера научивме најважна лекција за животот.
Една жена падна среде толпата туристи. Јас како доктор реагирав веднаш и пружив прва помош а до мене застанаа и ми помогнаа учениците од Крушевската гимназија(Теодора и Атанас) волонтери во Црвен крст -Крушево.
Во град полн со историја и убавина, вчера најубавата слика беше човечноста, хуманоста,храброста.
Горда сум што овие денови ги поминав со млади луѓе сведоци дека и во најубавите моменти од животот се случуваат неочекувани работи… а ние треба да сме храбри, човечни и хумани."
@

⏳️Наскоро следуваат уписи.📢Бидете информирани за датите за пријавување и условите!СОУ Наум Наумовски Борче
22/05/2026

⏳️Наскоро следуваат уписи.

📢Бидете информирани за датите за пријавување и условите!

СОУ Наум Наумовски Борче

Address

„Тодор Проески“ 91

7550

Telephone

+38972312532

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОУ Наум Наумовски Борче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

  • Want your school to be the top-listed School/college?

Share