ООУ ,,Живко Чинго‘‘ - Охрид

ООУ ,,Живко Чинго‘‘ - Охрид ,,Тука ќе ја најдете вистината, таа ви се скрила како светлина во водата‘‘

21/05/2026
Голем успех за нашето училиште на Државното првенство во атлетика, во организација на Сојузот на училишен спорт на Макед...
20/05/2026

Голем успех за нашето училиште на Државното првенство во атлетика, во организација на Сојузот на училишен спорт на Македонија! 🏃‍♂️👏

Нашите ученици повторно покажаа посветеност, талент и спортски дух, постигнувајќи одлични резултати.

Упатуваме искрени честитки до учениците за нивниот труд, упорност и достојното претставување на училиштето. 👏

Посебна благодарност и честитки до менторот Никола Вретоски за поддршката, посветената работа и мотивацијата која придонесе за овој успех. 👨‍🏫🏅

Продолжуваме гордо да чекориме кон нови успеси! 💙💛

Учениците од III (трето) одделение со одделенските раководители Марија Петроска и Мирјана Крлеска реализираа еднодневна ...
16/05/2026

Учениците од III (трето) одделение со одделенските раководители Марија Петроска и Мирјана Крлеска реализираа еднодневна екскурзија во Битола и Прилеп. Во текот на посетата го разгледаа археолошкиот локалитет Хераклеја, музејот „Мустафа Кемал Ататурк“, како и прошетаа по Широк Сокак. Патувањето се реализираше со воз.

Во Прилеп беше посетен и споменикот „Могила на непобедените“. Преку оваа екскурзија учениците имаа можност да стекнат нови знаења, да се дружат и да поминат пријатен и исполнет ден.

15/05/2026
Во организација на Женски центар " Бисера" во Дом на култура "Григор Прличев" се одбележа Меѓународниот ден на мајката. ...
15/05/2026

Во организација на Женски центар " Бисера" во Дом на култура "Григор Прличев" се одбележа Меѓународниот ден на мајката. На распишаниот конкурс по тој повод нашите ученици зедоа учество со литературни ликовни творби. Бисера Танчески од IV одделение освои втора награда од одделенска настава а од предметна настава Тамара Шапкароска од IX одделение освои втора награда на литературниот конкурс.
Учениците од IV одделение настапија и со музичка точка.

На 11.05.2026 година, во организација на Сојузот за училишен спорт – Охрид, со поддршка на Општина Охрид и градоначалник...
11/05/2026

На 11.05.2026 година, во организација на Сојузот за училишен спорт – Охрид, со поддршка на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков, се одржа Општинското првенство во атлетика за основни училишта. 🏃‍♂️🏃‍♀️🏅

Нашите ученици достојно го претставија училиштето и постигнаа одлични резултати, освојувајќи награди во повеќе дисциплини. Со својот труд, упорност и спортски дух покажаа дека успехот е резултат на посветена работа и тимска поддршка. 👏

Честитки за сите ученици и нивниот ментор Никола Вретоски за постигнатите успеси!
На дел од учениците им претстои учество на Републичкото првенство кое ќе се одржи во Куманово на 19.05.2026 година.
Им посакуваме многу успех и нови победи! 🍀🏆

На државниот натпревар по англиски јазик, одржан во Скопје на 09.05.2026 година, нашите ученици постигнаа одлични резулт...
11/05/2026

На државниот натпревар по англиски јазик, одржан во Скопје на 09.05.2026 година, нашите ученици постигнаа одлични резултати.
Им честитаме и на учениците и на менторите!

05/05/2026

Општинското основно училиште „Живко Чинго“ с. Велгошти, Општина Охрид, согласно член 75 став 3 од Законот за основното образование (Службен весник на РСМ бр. 161/2019) и ....

⬇️⬇️⬇️
05/05/2026

⬇️⬇️⬇️

ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти, Охрид, врз основа на Законот за основно образование, објавува оглас за упис на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година. П...

Во текот на претстојниот викенд, поточно на 08.05 (петок) и 09.05 (сабота) ќе се одржи Генералното чистење на Охрид и кр...
05/05/2026

Во текот на претстојниот викенд, поточно на 08.05 (петок) и 09.05 (сабота) ќе се одржи Генералното чистење на Охрид и крајбрежјето на езерото, по шести пат. За да се вклучиме помасовно во оваа акција, ќе има еколошка акција во нашето училиште и улиците во Велгошти во петок, а во сабота ги повикуваме учениците и жителите на Велгошти да се вклучат во генералното чистење на Охрид и крајбрежјето. Во дадениот напис се дадени повеќе детали за Генералката.

Охрид, 5. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и го...

Address

ИЛИНДЕНСКА ББ, ВЕЛГОШТИ, ОХРИД, ,, MK
Velgosti
6000

Opening Hours

Monday 07:45 - 19:30
Tuesday 07:45 - 19:30
Wednesday 07:45 - 19:30
Thursday 07:45 - 19:30
Friday 07:45 - 19:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ ,,Живко Чинго‘‘ - Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share