🤚Бројките се меѓу првите поими со кои децата се среќаваат во раното образование, а математиката како предмет има клучна улога во развојот на когнитивни способности. Но, во процесот на учење, децата често се соочуваат со потешкотии кои директно ја намалуваат нивната мотивација, концентрација и желба за учење.
Затоа во часевите вметнуваме и игри кои преку движење го задржуваат интересот и мотивацијата кај децата, ја поттикнуваат желбата за докажување и примена на веќе наученото знаење, како и негово повторување. Истовремено, преку ваквите игри се подобрува концентрацијата и се развива способноста за брзо и логично размислување во различни ситуации.
5F kids club
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from 5F kids club, Sports & Fitness Instruction, Veles.
Клуб наменет за деца на возраст од 4-10години
-Правилен раст и развој
-Подобрување на моторика
-Превенција од деформитети
-Атлетика,гимнастика,основни форми и движења од ⚽️,🏀,🏐 и 🥎
👨🏻🎓Дипломирани професори по физичко образование,спорт и здравје.
⚽🏀🏐🤾♂️ Сѐ на едно место за вашето дете!
Во 5F Kids Club децата имаат можност да изучуваат основни елементи од фудбал, кошарка, одбојка и ракомет – без потреба да одите на 4 различни места.
✔️ Стекнување на моторичка база
✔️ Создавање основа за понатамошно спортско насочување
✔️ Откривање на талентот на вашето дете
✔️ Дружење, дисциплина и самодоверба
🎯 Идеално за деца кои сакаат активност, игра и спорт!
📍Еден клуб со повеќе спортови, повеќе движења за поголем развој.
📲 Пријави се веднаш: 078/415-328
👉 Ограничен број на места – резервирај на време!
Покрај движењата и игрите за подобрување на моториката и зголемување на физичката активност, на нашите часови вклучуваме и активности за развој на когнитивните способности, преку кои ги поттикнуваме децата да ја развиваат својата концентрација, меморија и логично размислување. 🤚
Одењето по шведска клупа ја подобрува рамнотежата, го развива чувството за просторна ориентација, ја поттикнува концентрацијата и гради самодоверба кај децата.🤚
19/02/2026
Успешно го реализиравме првото тестирање во нашиот клуб🤚
Тестирањето опфати антропометриски мерења и моторички тестови за самостојни и манипулативни движења, прилагодени според возраста, вклучувајќи ѓи децата од малата и големата група.
Целта на тестирањето беше да добиеме објективна слика за досегашниот физички и моторен развој на децата, да ги препознаеме нивните потенцијали и областите за подобрување, како и врз основа на добиените податоци во иднина да ги планираме тренинзите со кои ќе го поттикнуваме, подобруваме и следиме нивниот напредок.
Браво за децата за вложениот труд и дисциплина, како и голема благодарност до родителите за довербата и поддршката!
🎉 Се враќаме во сала!
По кратката пауза, часовите во 5F kids club продолжуваат со уште повеќе движење, игра и забава 🤸♂️
Ве очекуваме со насмевка и полна енергија!
Нашиот најмлад член Саша има само 2 години ✌️
Преку игра и забава, децата го развиваат движењето, рамнотежата и координацијата.
Тренинзите помагаат во физичкиот, социјалниот и емоционалниот развој, ја зголемуваат самодовербата и создаваат љубов кон спортот од најрана возраст.
Идеална основа за здрав раст и развој на секое дете 🤸♂️
“Минско поле“ претставува моторно-когнитивна игра бидејќи е комбинација од движење со координација и рамнотежа, а истовремено се активираат процеси како внимание, меморија, логичко размислување, планирање и донесување одлуки под притисок.
Децата не само што скокаат или чекорат, туку мораат да:
* памтат каде некој згрешил
* ги набљудуваат другите играчи
* ги прифаќаат сопствените грешки и учат од другите
* бидат трпеливи и го чекаат својот ред
* покажат емоционална контрола и да ѓи почитуваат правилата
Во структурата на нашите часови секогаш вметнуваме игра со цел да го задржиме вниманието и мотивацијата кај децата.
26/01/2026
🤚Продолжуваат часовите во 5F Kids Club! 🏃♂️
Името и логото 5F ги симболизираат петте основни принципи врз кои е изградена нашата работа со деца а тоа се:
🔵Fun – Игри од забавен, едукативен и когнитивен карактер.
🟣Functional – Вежби насочени кон практични движења од секојдневниот живот.
🟡Friends – Градење пријателства, тимска работа и социјално-емоционален развој.
🟠Fundamental – Учење и усовршување на основните движења во групни и индивидуални спортови.
🔴Fit – Развој на физичката подготвеност,моторичките способности и стекнување здрави навики.
Часевите започнуваат да се одржуваат од февруари, прилагодени за две возрасни групи: 🔸Голема (7-10) 🔹Мала (4-6)
од:🔸17:30 🔹18:15 секој Понеделник и Петок во ООУ „Васил Главинов“.
📩 Пријави и информации во порака или дополнително на 078/415-328
На последниот тренинг нашите дечиња беа посетени од Дедо Мраз, кој внесе вистинска празнична магија во салата. Тренингот помина во весела и разиграна атмосфера, исполнета со насмевки, смеа и позитивна енергија. Дечињата со голема радост го пречекаа гостинот, а нивната возбуда беше уште поголема кога Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња, подготвени со многу љубов.
Покрај физичката активност и играта, овој ден беше потсетник колку се важни заедништвото, дружењето и убавите моменти кои остануваат во сеќавање. Благодарни сме што заедно создаваме средина во која спортот, радоста и детската насмевка одат рака под рака. 🎄🎅
22/12/2025
Како клуб,чест и задоволство ни е да изразиме голема благодарност до
ПЕКАРА ПАЛМА ЦЕНТАР кои ни донираа маички за тренинг за нашиот тим.
Од големо значење ни е поддршката која ја имаме од вакви општествено одговорни компании кои ги препознаваат вистинските вредности.
Click here to claim your Sponsored Listing.