04/08/2026
📌📌 Пет најчитани книги во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ -Велес, за месец јули 2026 во Одделот за деца. 📚
1. „Силјан штркот“ од Марко Цепенков
„Силјан Штркот“ е најпознатата и најдолгата македонска народна приказна и се смета за врв на народната проза. Според тематиката, делото претставува волшебна народна приказна (сказна), зашто во неа е опишана преобразбата на човекот (Силјан) во штрк и неговата повторна преобразба во човек. Во неа, јасно е видлива писателската дарба на Цепенков и многумина критичари сметаат дека „Силјан Штркот“ не е народна творба, туку претставува подолг авторски расказ, а некои го сметаат за првиот краток роман во македонската книжевност. Изданието е задолжителна лектира за седмо одделение.
2. „Беззборовната Ела“ Викторија Патришку, Кристијана Раду
Приказна за лековитата и разорната моќ на зборовите, како и за леснотијата со која им ставаме етикети на луѓето околу нас. Ела е мало девојче кое не зборува, но ги штити и ги чува зборовите како богатство, длабоко скриени во своето срце. Ела не зборува, но таа има прекрасни пријатели во нејзиниот богат имагинарен свет, како мачката без едно уво, чија опашка е едно рипче, едно глувче и еден тивок сив слон… Но, какво чудо ќе се случи кога момчето со црвено капче ќе стане дел од нејзиниот свет?
3. „Авантурите на Том Соер“ од Марк Твен
Ова е првиот авантуристички роман за деца на Марк Твен за Том Соер и Хаклбери Фин и е една од најпознатите и најчитаните книги во светот.
Во него е прикажан животот покрај реката Мисисипи во четириесеттите години на 19 век преку авантурите на Том Соер...
4. „Пајажината на Климентина“ од Елвин Б. Бајт
При крајот на првата глава девојчето Ферн е толку многу занесено по прасенцето Вилбур што го добива од татка си, што во еден миг, на училиште, запрашано од учителот кој е главен град на Пенсилванија одговара Вилбур. Но со преводот на македонски , имињата се сменети со тоа што Пенсилванија е Македонија, а Волбур, Цанко…
5. „Приказната за Доктор Дулитал“ од Хју Лофтинг
Дјон Дулитл е добар и благороден селски лекар кој сака жживотни - факт што е очигледен поради „златната ришка во езерцето на долниот крај од градината… зајаците во оставата, белите глувци во неговиот клавир, верверицата во плакарот со покривка и ежот во визбата“. Покрај тоа што многу ги сака и решава да ја напушти својата редовна лекарска практика и да стане лекар за жживотни. Доктор Дулитл умее и нешто што другите лекари не умеат - да разговара со жживотните! Решен да им помогне на сите жживотинки на кои им е потребна помош, Доктор Дулитл тргнува на пат кон Африка, откако ќе разбере дека тамошните мајмуни се разболеле од сериозна болест. На неговото патување го придружуваат неговите верни пријатели: папагалот Полинезија, бувот Ту-Ту, патката Даб-Даб, песот Дјип, прасенцето Габ-Габ и мајмунот чи-чи.