Лектор по македонски јазик

Лектор по македонски јазик ЛИЦЕНЦИРАН ЛЕКТОР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Празниците во македонскиот стандарден јазик се пишуваат со голема почетна буква: Велигден, Величетврток, Велипеток (може...
20/04/2025

Празниците во македонскиот стандарден јазик се пишуваат со голема почетна буква: Велигден, Величетврток, Велипеток (може да се сретнат и како Велики четврток и Велики петок), Велјасабота (Велика сабота). Придавките во македонскиот јазик се пишуваат со мала буква, па така придавката од Велигден ќе гласи велигденски.

📌 Среќен Велигден!
Честит Велигден!
Среќни велигденски празници!

лиценциран лектор по македонски јазик
м-р Сања Спаскова

За денешниот празник се среќаваат многу комбинации - со голема буква, со мала буква, со наставка, со цртичка, без цртичк...
08/03/2025

За денешниот празник се среќаваат многу комбинации - со голема буква, со мала буква, со наставка, со цртичка, без цртичка, но правилото е едноставно и правилни се само овие две варијанти: 8 Март и Осми март.
Сите други комбинации се погрешни.

🍀🌸 Зад секоја успешна жена, стои таа самата! Среќен 8 Март! 🌸🍀

Во македонскиот стандарден јазик имињата на месеците се пишуваат со мала буква: јануари, февруари, март, април, мај, јун...
01/02/2025

Во македонскиот стандарден јазик имињата на месеците се пишуваат со мала буква: јануари, февруари, март, април, мај, јуни, јули, август, септември, октомври, ноември и декември.
Да му посакаме добредојде на февруари.

Празниците во македонскиот стандарден јазик се пишуваат со голема буква: Божиќ/Божик, Велигден. Ако се составени од пове...
07/01/2025

Празниците во македонскиот стандарден јазик се пишуваат со голема буква: Божиќ/Божик, Велигден. Ако се составени од повеќе зборови, само првиот збор се пишува со голема буква.
📌 Празниците се честитаат со придавките честит или среќен.
📌 Придавката Божји (не Божији) е изведена од Бог и се пишува со голема буква.

01/01/2025
Во пресрет на празниците, да се потсетиме:📌Имињата на празниците во македонскиот стандарден јазик се пишуваат со голема ...
23/12/2024

Во пресрет на празниците, да се потсетиме:

📌
Имињата на празниците во македонскиот стандарден јазик се пишуваат со голема буква. Ако се составени од повеќе зборови, само првиот збор се пишува со голема буква.
(Нова година, Божиќ/Божик, Осми март, Рамазан бајрам итн.)

📌
Придавките изведени од имињата на празниците се пишуваат со мала буква.
(новогодишен, божиќен, осмомартовски итн.)

06/12/2024

Лиценциран лектор по македонски јазик врши лектура на секаков вид текстови:

• семинарски, дипломски, магистерски и докторски трудови

• сите видови на публикации (сите видови на научни трудови, статии за весници, списанија и нивните електронски изданија)

• рекламен материјал

• бизнис-планови, записници, договори, решенија

Address

Stip

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Лектор по македонски јазик posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category