12/10/2025
Ви ја претставуваме новата програма за втор циклус студии при Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, Меѓународно јавно право, меѓнародни односи и право на Европската Унија.
Оваа програма нуди интересен и актуелен спој на задолжителни и изборни предмети, како и гостински предавања од странски професори и дипломати. Исто така, нуди посета на меѓународните институции кои имаат канцеларии во државава, како и на Министерството за надворешни работи и Делегацијата на ЕУ.
Оваа мастер програма ќе ве подготви за кариера во меѓународната дипломатија, меѓународните организации, домашните и меѓународни судови, јавната администрација, во истражувачки институти и во меѓународен бизнис.
Во тек е конкурсот за пријавување на кандидати!
Рокот за пријавување на кандидати е до 15.10.2025
Запишување на кандидати е на 20.10.2025 и 21.10.2025
Повеќе информации за уписот можете да најдете на следниот линк:https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2025/09/konkurs-ii-ciklus-2025-2026.pdf