20/06/2024
(Лубеници не се јадат во зима, или како да зборуваме за одржливост и кариери во угостителство) Прочитајте тука https://rebrand.ly/zo0t1qc
Дали постои кариера за „одржлив готвач“ (sustainable chef) и што би било тоа? Сигурно да се лупи потенко и да нема остатоци во подготовките, ама и храната да е локална, од локални земјоделци и сезонска (и цреши не се јадат во зима).
ARNO има интересен проект во кое направено е истражување за кариера за млади (зелени работни места), вреди да прочитате затоа што малку зборуваме за ова кај нас, а во светот врие.
13/05/2024
Настан за идните кулинари, не го пропуштајте отворениот ден!
07/03/2024
📢
☀️Повик за учесници | ОБУКА за ВОДИЧИ ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ / Вовед во вински труризам |
Повеќе детали за обуката и како да се пријавите 🔻
https://www.giz.de/en/worldwide/141878.html
- - -
☀️Call for participants | TRAINING for WINE TOURISM GUIDES | Introduction to wine tourism |
More details about the training and the registration process 🔻
https://www.giz.de/en/worldwide/141878.html
13/02/2024
Благодарност и до Artkujna 💕неуморно ги следат новите вкусови и кулинарски вести. Дознајте до каде сме со ѓевречето , клик на линк🥯
Како се „месеше“ ѓеврекот! Дознајте до каде е создавањето на новото скопско ѓеврече
Кога целото соседство на средното угостителско „Лазар Танев“ во Скопје ќе замириса на печен сусам, знајте дека се пече новиот скопски ѓеврек. Победничкиот рецепт ...
13/02/2024
❤️Уште една преубава работилница од која излегоа многу вкусни залчиња ѓевречиња🥯 Победничката Маја Лазаревска (Готвиме со Маја) беше одлична во водењето на учениците кои вчера го усовршуваа правењето на победничкиот рецепт.
🤩Рендање и цедење јаболка, замесување тесто, печење сусам и афион, печење на ѓевречињата…Кулинарите беа во вистинска акција! Кабинетот по пекарство ечеше од добра енергија и музика (еве фотографии и видеа во коментар) 😎🧑🏻🍳👩🍳 Топло добредојде и помош имавме од професорката Анета, а десна рака на учениците им беа и шеф Антонио и шеф Данче 🥰 Преблагодарни сме што имаме вкусни проекти, и што на нашите гастрономски патешествија наидуваме на препрекрасни луѓе (фала Маја, фала професорка Анета, фала SUGS "Lazar Tanev", фала на сите кулинарчиња и фала сите што нѐ следите и поддржувате🙏🏼⭐️)
🇪🇺Работилниците се спроведуват во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ кој е иницијатива на АРНО која се имплементира во соработка со СУГС „Лазар Танев“- Скопје. Оваа иницијатива се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот „Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.
09/02/2024
👌🏻🥯Вчера имавме одлична прва работилница со победничката од натпреварот „Смисли го кругот“! Кога велиме одлична- мислиме вистински одлична!
👩🍳🥇💗Маја Лазаревска (позната како Готвиме со Маја) го предаде целото знаење за правење на победничкиот рецепт на ѓеврек. Со многу внимание и посветеност Маја им пренесе еден куп информации на учениците за правење на тестото, техники и куп кулинарски совети.
🧑🏻🍳Кулинарите-ученици беа вклучени од почеток до крај, работеа поделени во групи и според сопствен план направија тесто, фил, печеаа и на крајот дегустираа залчиња од новите скопски ѓевречиња.
❤️Од голема помош беа и професорката Мартина, и менторите шеф Антонио и шеф Данче (дел од кулинари.мк и поранешни ученици од СУГС „Лазар Танев“).
🙏🏼Мирисот на печен сусам и прекрасната атмосфера (ова можете да ѕирнете на фотките) во кабинетот по пекарство уште ги чувствуваме и се радуваме на следните активности. Голема благодарност за Маја и сите учесници, и за сите кои не’ следите и се радувате на новите вкусови кои пробуваме да ги донесеме во градот.
🇪🇺Работилниците се спроведуват во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ кој е иницијатива на АРНО која се имплементира во соработка со СУГС „Лазар Танев“- Скопје. Оваа иницијатива се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот „Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.
27/12/2023
од кујната на Artkujna, напис за натпреварот кој се одржа вчера во SUGS "Lazar Tanev"
Се роди скопскиот ѓеврек со нов и поинаков вкус: Избран победничкиот рецепт од натпреварот „Смисли го кругот“
„Арт кујна“ требаше да биде во жирито, но поради оправдани причини не успеавме да присуствуваме во изборот. Сепак, сигурни сме дека жири комисијата го одбрала вист...