24/05/2026
Честит и вековит да е Денот на сесловенските просветители и рамноапостоли Светите Кирил и Методиј!
Институтот за македонска литература при УКИМ заедно со Општината Охрид на 23 мај во Конгресниот центар во Охрид организираше научна конференција на тема „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“ на која учествуваа истражувачите: Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ, Александар Василевски, Наташа Аврамовска, Соња Стојменска-Елзесер, Славица Петровска-Ѓорѓевска и Ели Лучевска.
https://nacionalno.mk/golema-programa-vo-ohrid-za-24-ma-eve-shto-se-podgotvuva/
22/05/2026
По повод празникот на Светите Кирил и Методиј, Институтот за македонска литература положи цвеќе пред споменикот на творците на словенската писменост и основоположници на словенската просвета и духовност.
19/05/2026
Меѓународна научна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје (13-14 мај 2026 г.)
15/05/2026
Одбрана на докторската дисертација „Книжевна и визуелна адаптација на фолклорот (од фолклорен образец преку литературна трансформација до анимиран филм)“
Честитки за д-р Жарко Иванов!
12/05/2026
Меѓународната конференција „Траумата во литературата“ ќе се одржи на 13 и 14 мај 2026 г. во „Јуроп хаус“- Скопје (Europe House – Skopje). Конференцијата е дел од научно-истражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука на РС Македонија.
Научните трудови што ќе бидат презентирани во текот на двата конференциски дена (13 и 14 мај) ќе понудат толкувања на репрезентацијата на личната, колективната и културната траума во различни развојни етапи на македонската книжевност - од средниот век, преку народната литература и XIX век, сѐ до современата книжевна продукција.
До крајот на годината се очекува да биде објавен и Зборник на трудови, како финален резултат од научно-истражувачкиот проект „Траумата во литературата“.
Отворањето е на 13 мај 2026 година во 9:30 часот.
https://iml.edu.mk/mеѓународна-конференција-во-рамки-на-н/
05/05/2026
На 29.4.2026 година доц. д-р Ема Лакинска одржа предавање на тема: „From Gods to Stories: The Hidden Mythology of Slavic Folktales“ во рамките на International Seminar on Macedonian Language, Literature and Culture организиран на универзитетот „Л’Ориентале“ во Неапол, Италија.
23/04/2026
Проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер од Институтот за македонска литература при УКИМ на 20.4.2026 година учествуваа на Генералната асамблеја на Европската културна рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа во Аквилеа, Италија.
На Асамблејата градот Охрид официјално стана член на Рутата.
https://official.ohrid.gov.mk/%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd/
17/04/2026
Благодариме МИА! 🙂
Комисијата за стилистика при МСК ќе дискутира за изработка на стилистички атлас на словенските литератури
Во Институтот за македонска литература од денеска до 18 април ќе се одржи четвртиот колоквиум на Комисијата за стилистика при Меѓу...