13/06/2026
За нас нема распуст, за нас има нова авантура во Полска!
Делегација од нашето училиште денес заминува во Полска на младинска размена во рамки на Еразмус+ програмата.
Останете со нас за нови интересни и приказни ❤️🏆
13/06/2026
Нашиот тим денес е во парк на ЛЕПЕЗА, на ИНФЈУЖАН ФЕСТИВАЛ, во соработка со Equality Ве чекаме на необичен и интересен начин да ви прикажеме како функционираат лицата со оштен вид ❤️
12/06/2026
Со голема благодарност ја примивме брошурата „Приказна за една идеја“, изработена на Брајово писмо, која на нашето училиште ни беше подарена од Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Велес.
Оваа публикација ја раскажува приказната за настанувањето на Црвениот крст и ги промовира вредностите на хуманоста, солидарноста и помошта кон оние на кои им е најпотребна. Нејзината изработка на Брајово писмо претставува значаен чекор кон поголема достапност и инклузија за лицата со оштетен вид.
Ваквите иницијативи се потсетник дека со заеднички напори можеме да создадеме поеднакво и похумано општество за сите.
Благодарност до Црвен крст Велес за овој вреден подарок и за континуираната поддршка на инклузивните и хуманите активности.
12/06/2026
Нашето училиште активно учествува во унапредувањето на безбедната и здрава училишна средина!
Во периодот од 08 до 10 јуни 2026 година, во хотел „Континентал“ – Скопје, нашите колешки Соња Кузмановска и Маја Вељановска успешно учествуваа на обуката „Воспоставување национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“.
👏 Им благодариме за нивната посветеност, професионалност и подготвеност стекнатите знаења и вештини да ги применат и споделат во нашето училиште.
💙 Заедно градиме побезбедна, поддржувачка и инклузивна средина за сите наши ученици.
10/06/2026
🌞📚 Драги ученици, родители и пријатели на нашето училиште,
Со завршувањето на уште една успешна учебна година, можеме со гордост да кажеме дека зад нас оставаме година исполнета со работа, посветеност, успеси и многу убави моменти. 💙
Во текот на оваа година вложивме огромен труд за на нашите ученици да им обезбедиме современо, квалитетно и достапно образование. Благодарение на поддршката од општествено одговорни компании и хумани луѓе, обезбедивме донации во вредност од над **10.000 евра**, со кои училиштето го опремивме со најнова и најсовремена асистивна технологија, создавајќи подобри услови за учење, развој и напредок на секој ученик. ♿💻📖
Бевме активни насекаде каде што можевме да придонесеме, да учиме, да споделуваме и да се претставуваме. Нашата работа беше препознаена, а за нашето училиште се зборуваше со почит и восхит. 🌟
Особено нè радува што сѐ повеќе родители ја препознаваат нашата посветеност и квалитет, а бројот на ученици кои ни ја доверуваат својата иднина постојано расте. 👨👩👧👦❤️
Заедно градевме препознатлив бренд заснован на знаење, доверба, инклузија и љубов кон учениците. И нема да застанеме тука, следната учебна година ќе продолжиме со уште поголема енергија, нови идеи и нови успеси. 🚀
🙏 Голема благодарност до сите родители за довербата и поддршката, како и до целиот наш колектив кој секој ден несебично го вложува своето знаење, срце и труд за доброто на учениците.
❤️ А на нашите ученици им благодариме што ни ги разубавуваат деновите со своите насмевки, успеси и искреност.
🌴☀️ Ви посакуваме убав, весел и безгрижен летен распуст, исполнет со игра, дружење, нови авантури и незаборавни спомени!
Се гледаме повторно во септември, одморени, насмеани и подготвени за нови успеси! 🎒📚🌞💙
08/06/2026
❤️🙏 Постојат моменти кога сфаќаме дека не сме сами. Моменти кога човечноста, солидарноста и добрината зборуваат погласно од сите зборови.🙏❤️
Во изминатиот период, нашето училишно семејство уште еднаш покажа што значи да се биде заедно и во добро и во лошо. 💙
Огромна благодарност до сите наши колеги кои несебично дадоа поддршка, до нашите прекрасни ученици кои преку хуманитарни претстави и настапи го вложија своето срце ❤️🎭, до нивните родители кои секогаш се тука со разбирање и подадена рака 🤝, како и до сите пријатели и хумани луѓе кои придонесоа во битката на нашиот колега Љупчо Пчелар и неговото семејство. 🌟
Заедно покажавме дека вистинските вредности се љубовта, грижата и поддршката кон човекот кога му е најпотребно. 🕊️
Благодарницата што ја добивме е чест за целото наше училиште, но пред сè потсетник дека добрината секогаш остава трага. ✨
Нека Господ му подари здравје на Спасение, а на сите нас сила да продолжиме да бидеме луѓе со големо срце. 🙏❤️
05/06/2026
Голема благодарност до Equality за поканата на оваа изложба, со нив во сабота на 13.06 на Летна сцена-лепеза спремаме еден посебен настан ❤️🍀
04/06/2026
ООУ „Лазо Ангеловски“ соработка која трае ❤️
04/06/2026
Голема благодарност на нашиот голем пријател господинот Кире Михаилов кој никогаш не не заборава! ❤️🍀