28/12/2025
На ден 26.12.2025 година, од страна на Факултетското студентско собрание беше доделена Плакета за исклучителна соработка и континуирана поддршка во остварувањето на целите и активностите на Факултетското студентско собрание на деканот, проф. д-р Влатко Неделковски.
Во рамки на истото доделување, беа доделени и благодарници на студентите кои значајно придонесоа за работата на ФСС ФФОСЗ, како признание за нивната посветеност и активна вклученост.
На доделувањето присуствуваа актуелниот претседател, поранешните претседатели, членови на Факултетското студентско собрание, како и студентските делегати во Наставно-научниот совет.
👉 Изразуваме искрена благодарност до деканот на ФФОСЗ, проф. д-р Влатко Неделковски, за неговата континуирана отвореност, одговорен пристап и поддршка на студентското претставување. Неговото лидерство придонесе за унапредување на соработката меѓу факултетот и студентите, како и за создавање функционална и стабилна средина за работа и развој на факултетот.