Oсновното образование во Република Македонија е задолжително и се остварува во основните училишта каде децата се здобиваат со воспитно – образовните компоненти.
Децата пред се треба да стекнат општи и применливи знаења што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование; да им се овозможи развивање на писменоста и способностите за разбирање, информирање и изразување; развивање самодоверба и свест сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки; развивање на способности за истражување, експериментирање и решавање на проблеми; воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и за заштита на животната средина.
Основното образование во Република Македонија трае девет години, а родителот е должен да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание. Зголемениот број на ученици во одделението, промените и обемниот материјал за изучување се неколку од причините кои предизвикуваат потешкотии при следење и совладување на образовните програми.
Несоодветно образование или недоволно време на родителите да посветат на своите деца е последица децата да ги праќаат на додатна и подготвителна настава за секој предмет одделно. Тоa е трошење на дополнително време и трошок за родителот да го пронајде наставникот, да го однесе детето, потоа да го земе, да плати час за секој предмет одделно , додека пак детето е изложено на повеќе наставници со кои треба да се навикне да работи.
Целта на овој едукативен центар е згрижување на учениците пред и после училиште, изработување на домашните задачи дадени од училиште, континуирано совладување на содржините, разјаснување на проблемите кои се јавуваат во тековното учење на училиште и и стекнување соодветно знаење.
Со таа цел ќе им биде овозможено на родителите да ги намалат трошоците и времето да ги носат на повеќе места своите деца, а на учениците да им се овозможи еден наставник за навремено и точно изучување на наставниот материјал и стекнување знаење.
Околу 50 % од учениците не се во можност да го совладаат материјалот на часот, а наша цел е тоа да им го овозможиме секојдневно, навремено и точно да ги извршат училишните обврски и задачи.
За ученици кои имаат потешкотии во совладувањето на наставниот материјал по математика, ќе се одржуваат дополнителни часови по математика групно или индивидуално во зависност од потребата на учениците.