ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ
Детски јазични курсеви
Метод на учење
Во ЕЛОКВЕНТА децата го учат англискиот јазик не затоа што мораат, туку затоа што сакаат.
Што децата сакаат најмногу? Да си играат. Како децата најефикасно учат? Низ игра.
Во Елоквента никогаш не забораваме на ова основно педагошко начело.
Во нашата програма фокусот е на говорењето како јазична вештина, децата учат преку активности и пос
тојан дијалог.
Наставата е во целост прилагодена на возраста на детето и е динамична. Земајќи ја во предвид теоријата на различни интелигенции поставена од Гарднер уште во 1983, се трудиме секој час да понудиме мултисензорни и мултимедијални активности помагајќи му така на секое дете, според својата наклоност и афинитет, да се најде себеси во одредена активност.
Англискиот јазик се користи повеќе од 95% од времето, не само за време на часот, туку и во паузите пред и после часовите. Со овој принцип сакаме да го искористиме максимум краткото време од неделата кое децата го поминуваат во Елоквента и да ја доловиме што повеќе детската вродена способност да го разберат значењето на одреден збор или фраза кога се во средина со богат јазичен инпут.
Слушателите се одредуваат во група повеќе според своите претходни познавања на англискиот јазик отколку според возраста.
Часовите се одржуваат два пати неделно по 45 минути за првите две нивоа, а по 60 минути за останатите нивоа. Во петоците имаме термини за индивидуална настава од различни потреби (на пр. надополнување на испуштен редовен час), како и термин за работилници од отворен карактер (не само за членовите на Елоквента), и на претходно објавени теми.
Користиме најнови учебници од реномирани англиски издавачки куќи. Не забораваме дека работиме со деца кои живеат во дигитална ера, па оттука редовно ја инкорпорираме во наставата и белата интерактивна табла , како и интернет и други електронски помагала. Tимот
Наставниот кадар го сочинуваат дипломирани професори по англиски јазик, а најголем дел од нив имаат и магистратури и докторати од областа на англискиот јазик и книжевност. Професорите имаат остварено повеќекратни или долгогодишни престои во земји од англо-саксонско подрачје, а некои од нив своите доквалификации ги стекнале на најреномираните универзитети во Англија и Америка.
Сите професори имаат искуство во наставата по англиски јазик на различни нивоа, од детски до универзитетски слушатели и повозрасни, како и во сите сегменти, од општ англиски јазик, преку подготовка за меѓународни испити за познавање на англискиот јазик, до англиски за професионални цели .
Тимот на ЕЛОКВЕНТА е максимално посветен на континуиран професионален развој и редовно посетува обуки, семинари, конференции од областа на методиката на наставата по англиски јазик. Дел од тимот е вклучен и во научно-истражувачки проекти.
Меѓу наставниот кадар има и родени говорители на англискиот јазик, со кои секоја група слушатели има редовен контакт.