СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје

СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје

Share

Официјална Facebook страна на гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Скопје.

СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, општина Центар, Република Македонија, основано како Прва скопска гимназија, со решение од 1 декември 1944 год.

Училиштето (Гимназијата) е средно училиште од посебен општествен интерес. Сместена е во релативно нова наменски изградена зграда во строгиот центар на градот Скопје, ул. “Димитрија Чуповски”, б.б. Нејзина основна дејност е организирање на восп

Josip Broz Tito 23/06/2016

Почитувани,

на 28.06 (вторник) и 29.06. (среда) 2016 година ќе се реализира уписот за прва година во СУГС Гимназија "Јосип Броз Тито".

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето на денот на уписот);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Резултатите од запишувањето ќе се објават на 30.06.2016 година.

Повеќе информации можете да најдете на официјалната страна на училиштето: http://josipbroztito.edu.mk/

Josip Broz Tito Uncategorized May 12, 2016 ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици од трета година во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија „Јосип Броз- Тито“- Скопје. 1.БРОЈ НА У...

11/05/2016

ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици од трета година во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија „Јосип Броз- Тито“- Скопје.

1.БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА
Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во учебната 2016/2017 година во Гимназија „Јосип Броз- Тито“ во Скопје ќе се запишат 20 ученика во трета година во паралелката со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme), во која наставата ќе се изведува на англиски и македонски јазик.

Програмата за МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) е акредитирана од Организацијата на Меѓународна Матура од Женева и од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Трошоците за испитни такси за учениците во оваа програма ги покрива Министерството за образование и наука.

2.УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Учениците треба да ги исполнуваат следниве услови:
-да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование
-да го владеат англискиот јазик
-да ги исполнуваат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА
а) да изработат писмен состав на англиски јазик
б) да изработат кус состав на македонски јазик
в) да изработат општ тест на знаење од природната група предмети (математика, хемија) на македонски јазик
г) интервју на македонски и англиски јазик

3. ПОЕНИ ОД КВАЛИФИКАЦИОНОТО ТЕСТИРАЊЕ
Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале.
Минимум поени за прием во програмата се 75 поени од можни 100.
Успех од сведителства од прва и втора година гиманзиско образование = 50 поени
Резултати од приемен испит (писмен состав на англиски јазик= 10 поени, писмен состав на македонски јазик= 10 поени, тест по математика= 10 поени, тест по хемија= 10 поени, интервју на македонски јазик= 5 поени, интервју на англиски јазик= 5 поени) = 50 поени.
Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на МЕЃУНАРОДНА МАТУРА тие ќе се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

4. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
-Пријава за запишување во трета година
-Сведителство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија (сведителството за завршена втора година ќе се достави дополнително)
-Извод од матична книга на родени со матичен број, без разлика на датумот на издавањето
-Диплома за освоени награди на државни и меѓународни натпревари по предметите застапени во МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (доколку ги има)

5. КОНКУРСНИ РОКОВИ
- Пријавувањето на кандидатите е од 9-18 мај 2016 од 8-14 часот
-Приемни испити се изведуваат на 16 и 17 јуни 2016 од 8 часот во гимназијата.
-Изработка на писмен состав на англиски јазик и кус писмен состав на македонски јазик на 16 јубни 2016 во 9 часот.
-Изработка на тест знаење по математика и хемија на 17 јуни 2016 од 9 часот
-Интервју на македонски и англиски јазик на 17 јуни 2016 во 11 часот
-Дополнително поднесување на сведителства за завршена втора година од 27-28 јуни 2016 од 9-12 часот
-Објавување на листата на примени кандидати е на 30 јунуи 2016

11/05/2016

ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици во ГЕРМАНСКА ПАРАЛЕЛКА со изучување на германски јазик со 6 часа неделен фонд во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија “Јосип Броз – Тито“- Скопје

1.БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА
Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во прва година во учебната 2016/2017 год. во гимназија “Јосип Броз – Тито“ – Скопје, ке се запишат 34 ученика во прва год. во една ГЕРМАНСКА ПАРАЛЕЛКА со 6 часа неделен фонд по Германски јазик, сите останати предмети се следат на македонски наставен јазик со ист неделен фонд како и сите останати паралелки во гимназијата.

2.УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Учениците треба да ги исполнат следните услови:
- Да имаат минимум 60 поени од средниот успех за запишување во гимназијата
- Да се запишат т.е. рангираат на листата на примени ученици во гимназијата
- Да има изучувано Германски јазик во своето ОУ
- Да го положат квалификационото тестирање ( приемниот испит)
Услов за прием во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА е успехот и успешно положениот квалификационен тест по германски јазик. Доколку последните два ученика имаат ист број на поени ке одлучува средниот успех од основното образование.
Минимум поени за прием во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА се освоени 25 поени од вкупно можни 50 поени ( или 50% од вкупниот број на поени) од квалификационото тестирање.

3. ПОЕНИ ОД КВАЛИФИКАЦИОНОТО ТЕСТИРАЊЕ
Првите три ( 3) дела читање во разбирање ( Leseverstehen) = 40 поени
Последниот дел пишување ( Schreiben ) = 10 поени
Вкупно = 50 поени

Целиот квалификационен тест ке биде на А2 ниво според европската диференцијална јазична рамка.
Објавената ранг листа на примени ученици во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА ке биде објавена со поени од средниот успех од основното образование и освоените поени од квалификационото тестирање.

НАПОМЕНА: Секој ученик кој што конкурирал за запишување во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА мора да го полага квалификациониот тест, без разлика на тоа дали ученикот има претходно диплома со положено А2, Б1 ниво.Секој ученикот мора да го полага квалификациониот тест во гимназијата, за да биде запишан во германската паралелка.

4. КОНКУРСНИ РОКОВИ
- Поднесување документи на 28 и 29 јуни 2016 год. од 8.00 до 15.00 часот.
- Квалификаионото тестирање ке се одржи на 01.07.2016 во просториите на гимназијата.
- Објавување на резултатите (конечна ранг листа) за примените ученици во Германската паралека ке биде објавена на 02.07.2016 год.

Театарска претстава „Тетовирани (високо вредни) души“ 10/05/2016

На 07.05.2016 во театар Комедија учениците од нашата гимназија и оваа учебна година ја завршија со театарската претстава „Тетовирани (високо вредни) души“ за хумани цели во менторство и режија на проф. Емилија Величкова. Собраните средства ќе бидат донирани во О.У. „Златан Сремац“, училиште за деца со посебни потреби.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=615

Театарска претстава „Тетовирани (високо вредни) души“ На 07.05.2016 во театар Комедија учениците од нашата гимназија и оваа учебна година ја завршија со театарската претстава „Тетовирани (високо вредни) души“ за хумани цели во менторство и режија на п...

Прво место на државен натпревар за вокален интерпретатор 10/05/2016

На 08.05.2016 година во Кавадарци се одржа државниот натпревар на кој прво место за вокален интерпретатор го доби Антонија Гиговска ученик во прва година во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Снежана Џајковска.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=610

Прво место на државен натпревар за вокален интерпретатор На 08.05.2016 година во Кавадарци се одржа државниот натпревар на кој прво место за вокален интерпретатор го доби Антонија Гиговска ученик во прва година во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под мен...

Гиманзија „Јосип Броз Тито“- државни прваци во кошарка 10/05/2016

На 07.05 во Куманово се одржа Гиманзијада 2016 на која кошаркарската екипа од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Владо Поповски се стекнаа со златен медал и станаа државни прваци. http://josipbroztito.edu.mk/?p=599

Гиманзија „Јосип Броз Тито“- државни прваци во кошарка На 07.05 во Куманово се одржа Гиманзијада 2016 на која кошаркарската екипа од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Владо Поповски се стекнаа со златен медал и станаа државни прв...

52-ри Државен натпревар на младите истражувачи 02/05/2016

На ден 23.04. во просториите на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ се одржa 52-ри Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија, каде Марко Стојковски- ученик од трета година го доби највисокото принание, златен медал и освоено прво место за лед диодите од кои е изработена секоја буква од светлечкиот натпис на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=593

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.950306211752567.1073741845.166337690149427&type=3

52-ри Државен натпревар на младите истражувачи На ден 23.04. во просториите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито се одржa 52-ри Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија. На натпреварот Марко Стојковски - ученик во трета год...

Општински и регионален натпревар по англиски јазик 02/05/2016

На 16.04.2016 г. во СУГС Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје се одржаа општинскиот и регионалниот натпревар по англиски јазик за средни училишта за Скопје во организација на ЕЛТАМ – асоцијација на наставници по англиски јазик на Р. Македонија.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=587

Општински и регионален натпревар по англиски јазик На 16.04.2016 г. во СУГС Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје се одржаа општинскиот и регионалниот натпревар по англиски јазик за средни училишта за Скопје во организација на ЕЛТАМ - асоцијација на ...

Презентирани условите за студирање на престижниот универзитет во Абу Даби 02/05/2016

На 13.04.2016 претставник на престижниот универзитет на Њу Јорк од Абу Даби во ОАЕ во соработка со програмата на Меѓународна матура (IB Diploma Programme) го посети училиштето и одржа презентација за условите за студирање и стекнување на стипендија.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=582

Презентирани условите за студирање на престижниот универзитет во Абу Даби На 13.04.2016 претставник на престижниот универзитет на Њу Јорк од Абу Даби во ОАЕ во соработка со програмата на Меѓународна матура (IB Diploma Programme) го посети училиштето и одржа презентација ...

Посета на EDUSAFair16 02/05/2016

На 13 април 2016 во организација на Education USA Macedonia се одржа EDUSAFair16, на којшто присуствуваа и ученици од нашето училиште.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=578

Посета на EDUSAFair16 На 13 април 2016 во организација на Education USA Macedonia се одржа EDUSAFair16, на којшто присуствуваа и ученици од нашето училиште....

Соопштение: Презентација на програмата за Меѓународна матура 21/04/2016

На ден 26.04 во 17:30 во просториите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито ќе се одржи презентација на програмата за Меѓународна матура (iB).
http://josipbroztito.edu.mk/?p=572

Соопштение: Презентација на програмата за Меѓународна матура На ден 26.04 во 17:30 во просториите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито ќе се одржи презентација на програмата за Меѓународна матура (iB)....

Учество на пролетен фестивал во II Гимназија Словенија 20/04/2016

Во период од 13-17 април 2016 година во II Гимназија во Марибор, Словенија учествуваа 70 ученици од 10 европски земији, меѓу кои и ученици од Меѓународна Матура.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=543

Учество на пролетен фестивал во II Гимназија Словенија Во период од 13-17 април 2016 година во II Гимназија во Марибор, Словенија учествуваа 70 ученици од 10 европски земији, меѓу кои и ученици од Меѓународна Матура: Иван Митревски, Марко Стојановиќ, С...

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address

Димитрие Чуповски
Skopje
1000