ПИНА / PINA.mk

ПИНА / PINA.mk

Share

ПИНА [pina.mk] е организација која работи на проекти од областа на медиумите и новинарството.

ПИНА е организација формирана од новинари, ентузијасти и професионалци која се залага за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија. Освен тоа, ПИНА се залага и за подобрување и унапредување на состојбата на жените новинарки во медиумите.

ПИНА како еден од своите главни продукти во 2017 година го лансираше и Истражувачкиот филмски

ПИНА - Насилство меѓу учениците: Лекцијата што системот сѐ уште не ја научи 01/06/2026

📣 По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, потсетуваме дека секое дете заслужува безбедно и достоинствено детство. Институциите мора да ја зајакнат меѓусебната соработка за превенција на врсничкото насилство, а учениците да добијат повеќе простор за неформални активности и активно учество во ученичките тела, апелира експертската јавност.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

ПИНА - Насилство меѓу учениците: Лекцијата што системот сѐ уште не ја научи Две девојчиња на 17-годишна возраст и едно на 14, малтретирале шестоодделенка понижувајќи ја и гасејќи цигари од нејзиното тело во скопската општина Ѓорче Петров. На....

ПИНА - „Регистар за педофили“: Формалност или активен штит за децата? 27/05/2026

Секоја правосилна пресуда за сексуална злоупотреба на дете во Македонија подразбира внесување на сторителот во јавно достапен регистар, за граѓаните да можат да проверат кои осудени лица живеат во нивната околина. Воведена во 2012 година, алатката која треба да има превентивна улога останува неажурирана, со бројни недоследности и контрадикторни записи.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

ПИНА - „Регистар за педофили“: Формалност или активен штит за децата? Неажурираните податоци во таканаречениот „Регистар за педофили“ имаат директни последици врз безбедноста на децата и создаваат илузија на сигурност, предупреду...

ПИНА - Ана Тодоровска: Она што денес го фрламе како отпад, утре ќе биде археологија на нашето време 26/05/2026

Од отпад собран на археолошки локалитети и природни спомен богатства низ Македонија, а потоа трансформиран во уметност, авторката Ана Тодоровска преку проектот „Археологија на сегашноста“ се соочува со прашањата за консумеризмот, негрижата и наследството што го оставаме на идните генерации.

🖇️ Прочитајте го целото интервју со Тодоровска на линкот.

https://pina.mk/10027-ana-todorovska-ona-shto-denes-go-frlame-kako-otpad-utre-ke-bide-arheologija-na-nasheto-vreme/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQBMAABHnIYk3SwptQFZ1aOdyuMky_hRVWfgvJb9v-ZRQz22m6JiYNHbOmvG90iie3c_aem_lLcQkv7_1Lc8pxEY6g6bwA

ПИНА - Ана Тодоровска: Она што денес го фрламе како отпад, утре ќе биде археологија на нашето време Што ќе откријат идните генерации кога ќе копаат низ остатоците од нашето време? Ова прашање го поставува Ана Тодоровска, авторка на проектот „Археологија на сегаш....

ПИНА - Урош Мацерл: Борбата за чист воздух е долга и тешка, но мора да стане начин на живот 21/05/2026

„Мора постојано да се зборува за проблемот со аерозагадувањето и да се прави притисок врз властите и компаниите кои загадуваат. Јас како дете израснав под оџаците на цементарата Лафарж, тоа беше многу тешка индустрија. Сведочев како во Трбовље од загадувањето изумира природата - од дрвјата, до сè она што земјоделците се обидуваа да го одгледаат“ раскажува Урош Мацерл, еко активистот кој се избори против една од најмоќните индустрии во регионот.

🖇️ Прочитајте го новото интервју на ПИНА со Урош Мацерл.

ПИНА - Урош Мацерл: Борбата за чист воздух е долга и тешка, но мора да стане начин на живот „Како дете израснав под оџаците на цементарата Лафарж, тоа беше многу тешка индустрија. Сведочев како од загадувањето изумира природата – од дрвјата, до сè она што...

ПИНА - Кумановци бараат место плус за децата во градинките 20/05/2026

Недостигот на градинки во Куманово остава стотици семејства без решение за згрижување на децата. Родителите бараат исполнување на општинските ветувања за нови градинки.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

ПИНА - Кумановци бараат место плус за децата во градинките Агон Укшини од Куманово, родител на две деца, вели дека е погоден од недостигот на доволно места во детските градинки во градот. Тоа, вели, им го отежнува животот на р...

ПИНА - Со 140 денари, студентите не можат да имаат здрав и квалитетен оброк 19/05/2026

Инфлацијата го „јаде“ студентскиот оброк. Студентите бараат усогласување на субвенцијата со реалните трошоци за живот, како и достоинствени услови за студирање.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

ПИНА - Со 140 денари, студентите не можат да имаат здрав и квалитетен оброк „Со 140 денари денес тешко може да се обезбеди здрав и достоинствен оброк — студентите не бараат луксуз, туку основни услови за нормално студирање“, вели Бобан Коче...

Photos from ПИНА / PINA.mk's post 18/05/2026

Викендов започна со работа петтата генерација на Програмата за новинарки на ПИНА, програма препознатлива по просторот за поддршка и вмрежување на новинарките.

Во следниот период, новинарките ќе работат на различни теми од јавен интерес, поврзани со добро владеење, анти-корупција, слобода на медиумите и други важни општествени прашања.

Преку менторства, финансиска поддршка и вмрежување, програмата продолжува да ги охрабрува новинарките да работат на истражувачки теми и да градат поголема солидарност во медиумскиот простор. ✊

ПИНА - Затворање редакции – земјотрес за квалитетот на македонското новинарство 17/05/2026

🎤 Згаснувањето на редакции како Радио Слободна Европа, Гласот на Америка и Ал Џазира Балканс остава празнина во просторот за независно, истражувачко и професионално новинарство. Во време на политички и економски притисоци, опстанокот на квалитетните медиуми станува прашање од јавен интерес.

🖇️ Прочитајте ја новата анализа на ПИНА.

Kolegium.mk
RESIS Institute
umno.mk
Здружение на новинарите на Македонија - ЗНМ

ПИНА - Затворање редакции – земјотрес за квалитетот на македонското новинарство Денот во Колегиум.мк почнува со кафе и поделба на темите. Во фокусот им се човечките приказни, стории кои другите медиуми не успеваат да ги истражат. Редакцијата е с....

ПИНА - Градежништвото во Македонија меѓу рокови, ризик и гласна тишина за правата на работниците 16/05/2026

„Човечкиот живот мора да биде над секој профит“, апелираат од Синдикат за градежништво - СГИП. Оттаму предупредуваат дека без строг надзор, вистински санкции и доследно почитување на законите, трагедиите на градилиштата ќе продолжат.

ПИНА - Градежништвото во Македонија меѓу рокови, ризик и гласна тишина за правата на работниците Над градот постојано се креваат нови згради, но под секој ископ тивко живее стравот на луѓето што ги градат. „Потајно секогаш знаеш дека може да те затрупа земја. Са...

ПИНА - Имаме одлични професори, немаме систем да ги задржиме младите 15/05/2026

Македонскиот образовен систем сè уште создава кадар кој тешко се вклопува на пазарот на труд, додека компаниите бараат практични вештини. Без дуално образование, практична работа и поголеми инвестиции во наставниот кадар, државата ќе продолжи да се соочува со одлив на млади.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

ПИНА - Имаме одлични професори, немаме систем да ги задржиме младите Бизнис заедницата, стопанските комори и претставниците на компаниите сè појасно укажуваат дека иднината на економијата зависи од тоа колку образованието ќе биде ....

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address

Skopje
1000