Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Официјална Facebook страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 6 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје постојат студиски програми во сите научни области - природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравствoто, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите. Истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот.

Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени околу 50.000 студенти од Република Македонија во сите циклуси на студии, како и повеќе од 700 странски студенти, а над 2.700 наставно-научни и соработнички кадри го изведуваат наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите.

Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени над 126.000 високостручни кадри, над 5.300 магистри и специјалисти и околу 3.200 доктори на науки во сите наставно-научни области.

Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности, организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share