ОOУ „Партенија Зографски“

ОOУ „Партенија Зографски“ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ОOУ „Партенија Зографски“, School, Skopje.

Централно скопско основно училиште, лоцирано вo општина Кисела Вода.
Нашето училиште едуцира современи индивидуи кои ги надминуваат предизвиците на модерното живеење, кои стекнуваат трајни знаења и навики за доживотно учење.

Подготовките се во тек....
26/05/2026

Подготовките се во тек....

По повод 24 Мај – Денот на македонските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денес го одбележавме празникот со пр...
26/05/2026

По повод 24 Мај – Денот на македонските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денес го одбележавме празникот со прекрасни изработки од нашите ученици од Iб одделение. Со љубов и креативност им оддадовме почит на делото на Кирил и Методиј, кои ја ширеле писменоста меѓу словенските народи.

На Државниот натпревар по Хемија одржан на 15.05 .2026 год.на Природно математички  факултет нашите ученици постигнаа ис...
21/05/2026

На Државниот натпревар по Хемија одржан на 15.05 .2026 год.на Природно математички факултет нашите ученици постигнаа исклучителен успех.Сите ученици што учествуваа се закитија со државни награди!

Миа Глобочки-Прва место
Михаил Јовески -Прва награда
Мила Манчев -Втора награда
Марко Каевски-Трета награда
Ана Арсова-Трета награда
ПАРТЕНИЈА СЕКОГАШ И СЕКАДЕ🍀

На часот по сообраќај учениците од II-а одделение се запознаа со правилата за безбедно возење велосипед. Разговаравме за...
20/05/2026

На часот по сообраќај учениците од II-а одделение се запознаа со правилата за безбедно возење велосипед. Разговаравме за важноста на сообраќајната култура, почитувањето на сообраќајните знаци и безбедното движење по улица и велосипедска патека.
Учениците учеа:
• како правилно да седнат и управуваат со велосипед;
• како безбедно да тргнуваат и запираат;
• зошто е важно носење заштитна кацига;
• како внимателно да се движат во присуство на пешаци и возила;
• кои сообраќајни знаци се важни за велосипедистите.
Практичниот дел се реализираше на училишниот двор, каде учениците вежбаа рамнотежа, управување и почитување на едноставни сообраќајни правила. Поголемиот дел од учениците покажаа интерес, активност и желба за учење. Со заедничка работа и поддршка успешно ги совладаа основните вештини за безбедно возење велосипед.
Часот придонесе за развивање на сообраќајна култура, одговорност и грижа за личната безбедност кај учениците.

ООУ „Партенија Зографски“ повторно со своите пријатели од ОУРЦ „Д-р. Златан Сремец“ ! На 06.05.2026г во дворот на училиш...
14/05/2026

ООУ „Партенија Зографски“ повторно со своите пријатели од ОУРЦ „Д-р. Златан Сремец“ !
На 06.05.2026г во дворот на училиштето на ООУ „Партенија Зографски“ се одржа еко акција на иницијатива на ОУРЦ „Д-р. Златан Сремец“ во рамките на еко акцијата спроведена во соработка со повеќе основни училишта. Учениците од петто одделение од ООУ „Партенија Зографски“, специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Бисовска Јанкоски, наставничката по хемија Ребека Андреева заедно со вработени и ученици од ОУРЦ „Д-р. Златан Сремец“ заедно садеа цвеќиња во персонализирани саксии, како знак на меѓусебната соработка и другарство, а потоа и заеднички го исчистија дворот на училиштето.
До следна акција !

На државниот натпревар по Англиски јазик кој се оддржа на 09.05.2026 година во ООУ "Лазо Ангеловски",  нашето училиште д...
11/05/2026

На државниот натпревар по Англиски јазик кој се оддржа на 09.05.2026 година во ООУ "Лазо Ангеловски", нашето училиште достојно го претставија сите ученици кои учествуваа.

Ги постигнаа следниве резултати:

🍀Евгенија Трајковска - 5в одделение:
1ва награда и 3то место на ниво на држава

🍀Максим Здравковски - 7б одделение:
3та награда

🍀Огнен Мирчиќ - 8а одделение:
2ра награда

Честитки за нашите ученици 🥳🥳🥳

Со голема радост и восхит го споделуваме успехот на нашите талентирани ученички од 1-а одд. кои на меѓународниот ликовен...
11/05/2026

Со голема радост и восхит го споделуваме успехот на нашите талентирани ученички од 1-а одд. кои на меѓународниот ликовен конкурс во Р.Србија на 02.05.2026 г.во чест на нашиот Великан Гоце Делчев во категорија од 6 годишна возраст, ги освоија следниве награди:
Јана Стајиќ Секулоска 1место
Софиа Дуваревска 2 место
Андра Јуца 3 место
Нивните ментори Весна Т.Унковска и Маја Јовановска се здобија со Златна плакета за поддршка и придонес.
Нивната креативност, оригиналност и посветеност блеснаа во полн сјај. Со своите мали, но вешти раце создадоа уметнички дела кои заслужено беа наградени.
Искрени честитки за нивниот успех-продолжете да творите и да освојувате нови височини!

Ден 5 - Wonder Learning Project for Digital NativesДенес беше последниот ден од мобилноста за ученичка размена во рамки ...
08/05/2026

Ден 5 - Wonder Learning Project for Digital Natives

Денес беше последниот ден од мобилноста за ученичка размена во рамки на проектот „Wonder Learning“ организирана од училиштето „Д-р Февзи Муруввет Угуроглу“.
Во текот на изминатите неколку инспиративни денови, ученици и партнери од 7 земји работеа заедно, разменуваа искуства и ја тестираа онлајн платформата „Wonder Learning“ креирана во рамките на проектот.

Мобилноста заврши со финалните презентации од учениците од секоја земја и доделување сертификати на сите учесници, со што беа одбележани нивната посветеност, тимска работа, креативност и меѓународна соработка.

Institute for Applied Research for Business

На 08.05.2025 година  со учениците од V-в одделение се реализираше Еко час со наставна содржина- Влијание на човекот врз...
08/05/2026

На 08.05.2025 година со учениците од V-в одделение се реализираше Еко час со наставна содржина- Влијание на човекот врз животната средина -рециклирана хартија. Преку практична работа учениците истражуваа како може да се искористи веќе употребена хартија и направија различни форми и украси. Учениците извлекоа заклучок дека реупотребата и рециклирањето на материјалите се едни од начините за заштита на животната средина за загадување.
#екочас2026

Ден 4 - Wonder Learning Project for Digital NativesПосета на  Памук Кале и  Хиераполис, ден исполнет со многу дружба, ко...
08/05/2026

Ден 4 - Wonder Learning Project for Digital Natives
Посета на Памук Кале и Хиераполис, ден исполнет со многу дружба, комуникација и вмрежување со врсниците од другите земји од проектот.

Institute for Applied Research for Business

Работилницата „Прочистување на вода“ беше успешно реализирана со учениците од I-a, I-б и I-в одделение. Учениците израбо...
08/05/2026

Работилницата „Прочистување на вода“ беше успешно реализирана со учениците од I-a, I-б и I-в одделение. Учениците изработија едноставен филтер од пластично шише, памук, ткаенина и камчиња и набљудуваа како валканата вода станува почиста. Преку експериментот научија за значењето на чистата вода и активно учествуваа со голем интерес и соработка.

#екочас2026

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОOУ „Партенија Зографски“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ОOУ „Партенија Зографски“:

Shortcuts

Share

Category