JUDO CLUB Prespa-Resen

JUDO CLUB Prespa-Resen

Share

Тренери:
Александар Фузевски
Борче Недановски

10/05/2026

🥋 ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ И ПОСЛЕДЕН ФИЛТЕР ПРЕД БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО!
Во Струга успешно се реализираа подготовките за помлади пионери, кои послужија како последен филтер и финална проверка на формата пред претстојното Балканско првенство.
Настанот беше реализиран со целосна поддршка од страна на Џудо федерацијата на Македонија, под стручно водство на селекторот Марин Билјаноски и со одлична техничка поддршка од ЏК „Дрим“ од Струга.
Нашиот клуб, ЏК „Преспа“, на овие подготовки беше претставен од:
⭐ Кристијан Максовиќ
⭐ Марина Василевска
⭐ Марија Гошевска

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 09/05/2026

🏆 СТОПРОЦЕНТЕН УЧИНОК ВО ГРЦИЈА: ДВЕ ЗЛАТА ЗА „ЏУДО КЛУБ ПРЕСПА“!
На меѓународниот џудо турнир кој се одржа во Аминдео, Грција, тимот на Џудо клуб „Преспа“ уште еднаш ја потврди својата доминација и врвна форма. Со настап на две натпреварувачки, нашиот клуб успеа да се врати дома со два златни медали.
🥇 Нашите шампионки:
Без ниту еден пораз и со супериорни борби на татамито, до највисоките одличја стигнаа:
• ✨ Марија Китевска – Златен медал
• ✨ Марија Ангелова – Златен медал
🥋 Под водство на стручниот тим
Овој голем успех е резултат на макотрпната работа и одличната стратегија на нашите тренери, Борче и Александар, кои максимално ги подготвија девојките за предизвиците на меѓународната сцена.
Овој резултат од „2 од 2“ е мотив плус за целиот клуб и доказ дека во Ресен се работи со вистински шампионски карактер. Честитки до нашите Марија и Марија, како и до тренерскиот тандем за одличното претставување!
Продолжуваме со силно темпо кон следните предизвици! 🥋💪🇲🇰

08/05/2026

Нашиот истакнат член и репрезентативец, Ангел Радевски, овој викенд ќе земе учество на Балканското првенство за кадети што се одржува во Будва, Црна Гора. Како дел од силната конкуренција на најдобрите џудисти од целиот Балкан, Радевски ќе ги претстави боите на нашиот клуб и на државата.
Учесниците на овој престижен турнир се врвни спортисти во својата категорија, а ние сме уверени дека Ангел, со својата досегашна подготовка, дисциплина и прикажани резултати, е целосно подготвен за претстојните предизвици на татамито. Му посакуваме успешни борби, спортска среќа и постигнување на зацртаните цели.

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 25/04/2026

Џудо клуб Преспа продолжува со низата успеси во категоријата помлади сениори. Големи честитки до Тамара Котларовска и Кристина Гошевска за освоените трети места и бронзени одличја! 🥉
Благодарност до сите кои нè поддржуваат на овој пат. Секој паѓање е лекција, а секој медал е мотив за повеќе! 🇲🇰
#ЏудоКлубПреспа #МакедонскоЏудо #Ресен #Преспа #ТимскаРабота

18/04/2026

🥋 НАШИТЕ КАДЕТИ НА ПОДГОТОВКИ ВО СКОПЈЕ! 🇲🇰
Денес во Скопје, дел од кадетскиот тим на ЏК ПРЕСПА учествува на еднодневни подготовки за потенцијални репрезентативци на Македонија.
На овие еднодневни тренинзи учествуваа нашите џудисти.
🔹 Ангел Радевски
🔹 Кристина Гошевска
🔹 Марија Ангелова
🔹 Тамара Котларовска
Горди сме на нашите млади борци кои со голем труд и дисциплина чекорат кон националниот тим .
#ЏКПреспа #Џудо #Ресен

12/04/2026

Џудо клуб „Преспа“ ви го честита најголемиот христијански празник, Велигден. Како што џудото не учи на дисциплина и истрајност, така и овој празник нека биде поттик за нови почетоци и верба во подобро утре.
Нека светлината на Воскресението донесе здравје во вашите семејства и успех.
Христос Воскресе - Навистина Воскресе!

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 29/03/2026

Денес Џудо клуб Преспа учествуваше на Државното првенство за сениори и пионери, каде што нашите натпреварувачи повторно покажаа одлична форма, борбеност и спортски дух.

Кај пионерите, најголем успех постигнаа освојувачите на златен медал 🥇 Марија Китевска и Марија Ангелова. Со сребрен медал 🥈 се закити Марина Василевска, додека бронзениот медал 🥉 го освои Кристијан Максовиќ.

Во категоријата сениори, Кристина Гошевска освои бронзен медал 🥉 и уште еднаш го потврди својот квалитет.

Фатих Крцковски, Тамара Котларовска и Марија Гошевска прикажаа одлични борби и голема желба за победа, но за жал застанаа на чекор до медал.

Горди сме на сите наши натпреварувачи – ова е уште еден доказ дека Џудо клуб Преспа чекори по вистинскиот пат! 💪🥋
Нашите џудисти беа предводени од тренерите Александар и Борче.

20/03/2026

Почитувани членови, пријатели и поддржувачи,

Џудо клуб Преспа ви го честита светиот празник Рамазан Бајрам. Ви посакуваме здравје, среќа, мир и благосостојба во вашите домови. Нека овој празник донесе радост, спокој и заедништво со најблиските.

Бајрам Шериф Мубарек Олсун!

Со почит,
Џудо клуб Преспа

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 15/03/2026

Денес настапивме на Државното првенство за кадети и деца кое се одржа во Скопје и сме неизмерно горди на нашите џудисти! 💪🥋

Кадети:
🥇 Ангел Радевски
🥇 Кристина Гошевска
🥇 Марија Ангелова
🥇 Тамара Котларовска
🥉 Марија Китевска

5 кадети – 5 медали
4 државни прваци 🏆

Деца:
🥉 Анастасија Максовиќ

Илијана Милошевска и Ева Ангеловска се бореа храбро и беа на чекор до медал – одличен настап за нивниот прв натпревар! 👏

Секој меч беше борба, секој пад лекција, а секоја победа резултат на трудот, дисциплината и срцето што го оставаат на татамито. Горди сме на секој од вас! Ова е само почеток – продолжуваме посилни! 🔥

Голема благодарност и до нашите тренери Александар и Борче, кои секојдневно вложуваат огромен труд, посветеност и љубов во развојот на овие млади спортисти. Тие не создаваат само шампиони на татамито, туку и силни, дисциплинирани и храбри личности во животот. 🙏🥋

13/03/2026

🥋 Придружи се на Џудо Клуб Преспа! 🥋

Сакаш да го искусиш возбудливиот свет на џудо? 🔥
Да се учиш дисциплина, сила и издржливост, и да бидеш дел од најдобриот спортски колектив.

Во Џудо Клуб Преспа, те чека:
✅ Тренинг за тело и дух
✅ Забава, нови пријателства и тимски дух
✅ Поддршка од искусни тренери
✅ Натпревари и шанси за успех

Не чекај! Твојата авантура почнува сега.
Биди храбар, научи да паднеш и да се подигнеш – и со тоа освои се! 💪

📍 уписите се во тек!
Дојди и придружи се на најдобриот тим🥋💪🥇

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 08/03/2026

На меѓународниот џудо турнир Trofej Niša, Џудо Клуб Преспа настапи со двајца натпреварувачи и повторно се враќа со одличен резултат. 🥋

Марија Китевска имаше одличен настап и со неколку силни борби заслужено го освои сребрениот медал 🥈.

Марина Василевска исто така прикажа добри борби и стигна до борба за бронзен медал, но по голема борба беше поразена и го освои петтото место.

Нашите џудистки на овој силен меѓународен турнир беа предводени од тренерите Александар и Борче.

Турнирот се одржа во силна меѓународна конкуренција и претставуваше уште едно вредно искуство и успех за клубот. 💪

👏 Честитки за нашите натпреварувачки и тренерите!

Want your school to be the top-listed School/college in Resen?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address

Ou Goce Delcev
Resen
7310

Opening Hours

Monday 17:00 - 19:00
Tuesday 17:00 - 19:00
Wednesday 17:00 - 19:00
Friday 17:00 - 19:00