Генијални Умови

Генијални Умови Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Генијални Умови, Education, Ulica Lazo Poposki br. 18, Prilep.

17/08/2026
16/08/2026

☀️🥰

Водени лудории и летни уживања!Кога летото е во полн ек, кај нас нема место за досада!Водени игри, боење со пена, вкусни...
15/08/2026

Водени лудории и летни уживања!
Кога летото е во полн ек, кај нас нема место за досада!
Водени игри, боење со пена, вкусни овошни салати и многу игра ни го исполнија денот со смеа и разладување.
Уште еден летен ден претворен во прекрасен спомен! ☀️

Светот низ очите на големите уметнициПатувавме низ историјата на уметноста – од генијалноста на Леонардо да Винчи, инспи...
09/08/2026

Светот низ очите на големите уметници

Патувавме низ историјата на уметноста – од генијалноста на Леонардо да Винчи, инспирирани создававме свои машини, ја доживеавме магијата на Ѕвездена ноќ на Ван Гог, а потоа го откривме необичниот свет на Пикасо и кубизмот.
Не учевме само за сликите, туку и дека секој уметник имал храброст светот да го види на свој начин. А токму тоа го поттикнуваме и кај нашите деца – да создаваат, да истражуваат и да ја изразуваат својата единственост.
💙 И оваа тема имаше свој мал асистент, кој со голема посветеност и ентузијазам беше важен дел од секоја активност. На крајот, како и секогаш, заслужено доби благодарница за својот придонес.
Уметноста не учи дека не постои само еден правилен начин да се создава – важно е да се создава со срце. 🤍

Летните авантури продолжуваат...Минатата недела заедно ги откривавме тајните на летото и морето. Истражувавме како наста...
01/08/2026

Летните авантури продолжуваат...
Минатата недела заедно ги откривавме тајните на летото и морето. Истражувавме како настанува песокот, што се можеме да создадеме со него и како може да стане дел од уметноста.
Преку експерименти откривавме зошто морската вода е солена, како настануваат ветерот и брановите и каква е моќта на сонцето. Учевме преку набљудување,експерименти, поставувавме прашања и самите доаѓавме до одговорите.
За крај, го создадовме и нашето мало море, каде уште еднаш се уверивме дека науката е најинтересна кога можеш да ја видиш со свои очи. Секако и овој пат со имавме генијален мал асистент.
Уште една недела исполнета со љубопитност, истражување, игра и мали откритија што остануваат долго во детските спомени. 🌊💙

Играта и физичката активност се дел од нашето секојдневие, затоа што преку движењето децата ја развиваат координацијата,...
28/07/2026

Играта и физичката активност се дел од нашето секојдневие, затоа што преку движењето децата ја развиваат координацијата, самодовербата и тимскиот дух.
Овојпат посебна улога имаше нашиот мал асистент – кореограф, кој со многу ентузијазам ги водеше активностите и ни помогна сите заедно да уживаме во движењето.

Претходнатанедела ја заокруживме со уште многу креативност, истражување и насмевки. Ги изработивме нашите шарени медузи,...
27/07/2026

Претходнатанедела ја заокруживме со уште многу креативност, истражување и насмевки. Ги изработивме нашите шарени медузи, математичките предизвици ги решававме низ морскиот свет, а секоја активност нè носеше чекор поблиску до нови знаења.
Особено сме горди на нашите мали асистенти, кои и овојпат со својата посветеност, љубопитност и желба за учење беа вистинска поддршка во реализацијата на сите активности.
Така заврши уште една тема – исполнета со игра, откритија и спомени што долго ќе ги паметиме.

Address

Ulica Lazo Poposki Br. 18
Prilep

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Генијални Умови posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Генијални Умови:

Shortcuts

Share

Category