20/12/2021
Зошто децата треба да учат кодирање?💻
Не се работи само за зголемената побарувачка на програмери ширум светот на секаде околу нас!
Придобивките од знаењето за кодирање влијаат на самата личност и менталната состојба на децата.
Некои од главните предности вклучуваат:
👉Зајакнување на креативноста - кодирањето бара постојано експериментирање. Процесот на обиди и грешки ги поттикнува децата да ја користат својата креативност.
👉Подобри математички вештини - кодирањето главно вклучува визуелизирање на апстрактни концепти кои можат да се применат при математичко решавање проблеми. Ова, пак, им помага на децата да ги подобрат своите математички вештини и да ги користат во реални ситуации.
👉Гради доверба дека секој сам може да ги реши проблемите - бидејќи кодирањето често вклучува правење грешки, се додека не успеете да го поправите целосно. На овој начин децата ќе научат дека секогаш има повеќе од еден начин да се заврши која било задача.
👉Ги подобрува вештините за планирање и организирање - за да може добро да работи еден код, потребно е да е добро планиран и организиран.