08/07/2026
⚠️ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ⚠️
Почитувани ученици, родители и сите корисници на спортското игралиште,
Нашето училишно игралиште со вештачка трева е направено за спорт, игра и рекреација на децата, но за жал, сè почесто сме сведоци на несовесно однесување и уништување на просторот.
Фотографиите ја покажуваат состојбата што ја затекнуваме секојдневно, а мора да нагласиме дека има денови кога состојбата е уште полоша — расфрлани пластични шишиња, остатоци од храна и амбалажа од храна, отпад насекаде и неодговорно користење на теренот.
Потсетуваме дека:
❌СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА внесување храна на игралиштето.
❌СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА возење велосипеди и тротинети на вештачката трева бидејќи ја оштетуваат подлогата.
❌Забрането е секое однесување кое предизвикува оштетување на училишниот имот.
📸Игралиштето е под видео надзор. Секој што ќе предизвика штета ќе биде идентификуван, а направената штета ќе мора да биде надоместена. За лицата кои нема да ги почитуваат правилата ќе следува и забрана за користење на игралиштето.
⚠️Посебно апелираме до родителите: разговарајте со вашите деца. Објаснете им дека ова игралиште е направено токму за нив и дека треба да го чуваат. Особено во доцните вечерни часови, се забележуваат најголем дел од несоодветните однесувања.
Училиштето вложува напори да обезбеди убави и современи услови за децата. Наша заедничка обврска е тие услови да ги зачуваме.
Да покажеме одговорност затоа што она што денес го уништуваме, утре ќе ни недостасува.