Avto Skola Angela

Avto Skola Angela Avto skola ANGELA

19/08/2013

Дали мора да се полага прва помош?
Да, полагањето прва помош е задолжително бидејќи без потврда за прва помош не може да се пријави возачкиот испит.

19/08/2013

Кога се полага првата помош и каде?
Првата помош може да се полага најдоцна пред пријавување на тестовите. Наставата и испитот за истата се одржуваат во Црвениот Крст на општината во која живее кандидатот или во приватните ординации кои имаат добиено дозвола за спроведување на истата.

19/08/2013

Авто школа АНГЕЛА има редовно вработено професионални инструктори со долгогодишно искуство кои ќе ве запознаат на најбрз и најлесен начин со сите елементи на возењето. Нашите вработени се столб на нашата организација. Правиме напори за непрекинато усовршување на инструкторите, кои се најодговорни носители на правилна и добро ускладена обука.

Возењето, освен исполнување на задоволствата на единката, ја потикнува и потребата за извршување на секојдневните обврски. Пред почетокот на долгиот пат кој ќе го возите низ животот, се соочувате со предизвик со кој ќе докажете дека тој пат ќе го возите според одредени правила и според вашите можности, со нашите инструктори обуката достигнува степен каде во иднина слободно ќе можете да се соочите со предизвиците на еден модерен возач.
Од инструкторите кои ви стојат на располагање во текот на целата обуката можете да очекувате стручни совети на тема сообраќајни правила и прописи, но исто така пожелно е и вие активно да учествувате со ваши коментари и прашања, како полесно и поефикасно би успеале да ја совладате материјата за теоретскиот дел и техниката на возење.

19/08/2013

Авто школа АНГЕЛА е компанија која долги години успешно опстојува со една единствена цел обезбедување на квалитетна обука за сите видови на категории.
Во секој поглед се трудиме да ја оправдаме довербата која ни ја укажуваат нашите
клиенти-идни возачи.

13/06/2013

Вршиме обука за А, Б, Ц, и Е категорија.Цените за сите услуги се поволни со можност и за давање на рати. Поздрав

23/12/2012

- Теоретскиот дел на обука се врши во просториите на нашата авто школа. Теоретскиот дел опфаќа: пробен тест, тестирање на општи познавања, запознавање со сообраќајните знаци и сл.

- Практичниот дел опфаќа целосно обучување на кандидатите за возење, и оспособување на истите за учество во јавниот сообраќај. Тука спаѓа обука на кандидатите од 36 школски часови, односно 18 дена по 2 часа.

Znaci za opasnost!!!!!!
07/08/2012

Znaci za opasnost!!!!!!

Znaci za opasnost!!!!!!!
07/08/2012

Znaci za opasnost!!!!!!!

03/08/2012

1. На која возраст најрано може да се полага за "Б" категорија?
- На 18 годишна возраст.

2. Колку години сум Возач-Почетник?
- 2 години од денот на положувањето.
- доколку положите на 18год,возач почетник сте до 21год.

3. Кои документи се потребни за упис во авто школата?
- Лекарско уверение,лична карта или пасош и потврда за завршено најмалку основно образование.

4. Колку часа трае обуката за "Б" категорија?
-Обуката за "Б" категорија трае 36 мото/часа + 20 часа теоретска настава.

5. Дали може да се полага на 17 години,а возачката да се земе на 18 години?
- Не. На 17 години и 6 месеци може да се започне со обука, а се полага на 18 години.

6. Дали е дозволено да се возат повеќе од 2 часа дневно?
- Не. Дозволено е само 2 мото часа од практичната обука и 4 часа теоретска настава.

03/08/2012

Нема фотокопирани тестови,за возачка ќе се полага електронски

Фотокопираните тестови за полагање на возачки испити заминуваат во историјата од месец септември се предвидува да стартува новиот модел за полагање по електронски пат.

Според експертите ова е еден од начините да се добие поквалитетна проверка на знаењето на кандидатите за возачи се со цел да се избегнат евентуални злоупотреби при тестирањето.

Новиот прирачник за подготвка на возачки испит кој го има на македонски и албански јазик располага со податоци со кој може без проблем да се спроведе возачкиот испит во Македонија и Европа.

Според авторот на литературата за полагање на возачки испити Георгиевски при новиот начин на полагање можат да се јават некои незначителни последици во однос на обработката и квалитетот на материјалот на кој треба да се полага возачкиот испит.

РАЗМИСЛИ ПРЕД ДА ВОЗИШ претставува глобална иницијатива за безбедност на патиштата на FIA Foundation и Bridgestone Corpo...
15/07/2012

РАЗМИСЛИ ПРЕД ДА ВОЗИШ претставува глобална иницијатива за безбедност на патиштата на FIA Foundation и Bridgestone Corporation, како и на светските авто-мото клубови.

Оваа кампања промовира едноставни пораки за безбедност на патиштата:
- истакнување на кратките дејства кои можат да ви го спасат животот
- препознавање на главните фактори на ризик кои доведуваат до фатални сообраќајни несреќи


Повеќе информации за оваа кампања на FIA Foundation: www.thinkbeforeyoudrive.com

The FIA Foundation is campaigning for the international community, the United Nations, the G8, to do more to combat road traffic injuries, particularly in developing countries.

Address

III Makedonska Udarna Brigada/Serava
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Saturday 08:00 - 16:00

Telephone

077642220

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Avto Skola Angela posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share