20/09/2022
Во Градската библиотека “Тане Георгиевски” на ден 19 септември 2022 година Образовен центар ВИЗИЈА одржа бесплатна работилница за Школата за брзо читање и мудро учење. Предавач на работилницата беше Часлав Манчиќ, автор на програмата.
Тема на работилницата беше како НАПАМЕТ да се научи дефиниција, песничка, набројување; како за се ЗАШТЕДИ време во учење; како да се биде УСПЕШЕН во учењето,...
Посетителите се запознаа со некои од техники и методи кои ќе им помогнат на децата:
🎯 Побргу да читаат – повеќекратно зголемување на брзината на читање
🎯 Подобро да помнат - користење на разни мемориски техники, значително зголемена концентрација и разбирање на прочитаното
🎯 Поефикасно да учат - самостојно издвојување на најважните информации во текстот и нивно распоредување на умствени мапи
🎯 Подобро да го презентираат тоа што го знаат
🎯 Да си ја зголемат самодовербата и мотивацијата
Обуките се одвиваат преку две програми:
- Мудро учење од прв чекор за деца од 6 до 10 години и
- Брзо читање и мудро учење за деца од 11 до 18 години
Новите обуки започнуваат во октомври, а повеќе инфромации за програмите може да се добијат во Образовен центар ВИЗИЈА или на тел: 072 311 748.
На почетокот на учебната година да им го дадеме најдобриот подарок на нашите деца !!!