09/06/2026
Со особена чест и задоволство Ве информираме дека ООУ „Никола Карев“ – Кочани се стекна со Сертификат за општествена одговорност IASS: RES.C 2026:2028.
Ова признание е потврда за нашата посветеност кон квалитетно образование, грижа за учениците и вработените, поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности.
Сертификатот претставува поттик и обврска и понатаму да работиме посветено, создавајќи училиште во кое знаењето, хуманоста и одговорноста се наша заедничка вредност.
Благодарност до сите ученици, наставници, родители и соработници кои се дел од овој успех!
08/06/2026
Честитки за постигнатиот успех на нашиот ученик Климент Филипов на Државниот натпревар по Физика!
#ООУНиколаКарев - твојот најдобар пријател!
19/05/2026
🌿 Нов парк во ООУ „Никола Карев“ – Кочани 🌿
Местото кое со години беше запуштено и неуредено, од денес е прекрасен училишен парк во кој ќе уживаат учениците и вработените.
Со овој проект како училиште покажуваме дека се грижиме за екологијата, природата и создавањето подобра средина за сите.
Голема благодарност до општествено одговорните компании кои помогнаа во расчистувањето на теренот и изработката на паркот.
Посебна и најголема благодарност до техничкиот персонал за посветеноста, трудот и љубовта што ја вложија за да се создаде овој прекрасен училишен парк. 👏
Заедно создаваме поубаво и позелено училиште! 🌳
#ООУНиколаКарев #Кочани #НовПарк #Екологија #ЗаедноМожеме #ТвојотНајдобарПријател #
14/05/2026
Повторно на пиедесталот. Честитки за ученичката Зори Алексова за освоеното трето место на Државниот натпревар за вокални интерпретатори!🥉
, #ООУНиколаКарев - твојот најдобар пријател!
14/05/2026
Честитки за постигнатите резултати на нашите ученички Лора Доневска - 🥉и Ања Басовска 📃на Државниот натпревар по Географија!
#ООУНиколаКарев - твојот најдобар пријател!
12/05/2026
Голем успех на нашето училиште🥈
ООУ,,Никола Карев”-Кочани
#Твојот Најдобар Пријател #