01/04/2026
🏗️ ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА АЈФЕЛОВАТА КУЛА ВО ГЕВГЕЛИЈА! 🗼🇫🇷
Оваа седмица нашите најмлади франкофони научија како се слави 1-ви Април во Франција, но на потешкиот начин – преку една мала наставничка шега! 😜
Активноста започна „опасно“:
1️⃣ Најава за строг тест (лицата на децата беа непроценливи! 😲).
2️⃣ „Ексклузивна“ вест за нова Ајфелова кула во нашата Гевгелија. 🗼
3️⃣ Усно испрашување на табла...
Но, штом на грбот на „испрашуваниот“ ученик заплива првото хартиено рипче (Poisson d'avril), сите сфатија дека тестот е само дел од првоаприлската магија! 🐟🙌
Остатокот од часот беше посветен на креативност и смеа. Учениците ги цртаа своите рипчиња и со многу итрина бараа „мета“ за да ги залепат на грбот на своите другарчиња, токму онака како што прават децата во Франција со децении. 🎨🐟
Среќен 1-ви Април од нашите ведри петтоодделенци! 🎉🤡
#1Април #ФранцускиДух #Сензибилизација #ООУКрстеМисирков #МладиФранкофони #НикаковТест #Гевгелија #Априлили