ЗЕДМ Сложувалка е организација која ја основавме за да им излеземе во пресрет на децата и младите во општина Гевгелија и да докажеме дека тие се идната движечка сила на ова општество.
Водени од нашите позитивни искуства со невладините организации и влијанието кое тие го имаа врз градењето на нашиот карактер, решивме сето тоа да го пренесеме на идните генерации, и ним да им дадеме можност да се на
дградуваат и да учат за темите кои ги интересираат.
Во Сложувалка веруваме дека учењето може да биде забавно и токму затоа, нашите активности се исполнети со едукативни игри приспособени за Вашата возраст.
Секако, на патот кон Вашите нови животни вештини ќе ги понесеме ентузијазмот и одговорноста, а нема да ги заборавиме ниту добрата организација и ефективност. И најважно од се – нашето уво секогаш ќе биде подготвено за Вашите мислења, предлози и критики, бидејќи само заедно можеме да го достигнеме успехот.
И додека размислувате како да се вклучите, не заборавајте дека светот им прави место само на храбрите, кои знаат каде чекорат. Зачекорете кон нас- да ја составиме Сложувалката ЗАЕДНО!