29/05/2026
Македонски Каритас објавува Јавен повик за избор на евалуатор за проект – Македонски Caritas
Македонски Каритас објавува Јавен повик за избор на евалуатор за проект Цели и резултат на ангажманот Завршната евалуација ќе биде доверена на надворешен евалуат....
12/05/2026
Директорот на Македонски Каритас оствари средба со претставникот на Реновабис
На 11 мај 2026 година, директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов, оствари работна средба со г-дин Мартин Ленц, раководителот на одделот за проекти во Реновабис – Германија.
На работната средба која се одржа во просториите на Каритас директорот отец Зоран изрази благодарност и задоволство на повеќегодишната соработка помеѓу Македонски Каритас и Реновабис, запознавајќи го детално претставникот на Реновабис со тековните проекти на Каритас кои се реализираат на различни полиња, a стана збор и за идните планови на Каритас на полето на социјално делување.
Господинот Ленц се заблагодари за добриот партнерски однос помеѓу двете добротворни организации на Католичката црква, во реализацијата на различни проекти за доброто на луѓето во потреба.
08/04/2026
Подарете надеж,разубавете ја вашата велигденска атмосфера во домот со уникатните рачни изработки од рацете на корисниците на Центар Мајка Тереза.
Пред маркет Кит-го.
Среда и четврток (8-ми и 9-ти април) од 11-14 часот .