ООУ „Кочо Рацин“ - Нов Дојран

  • Home
  • ООУ „Кочо Рацин“ - Нов Дојран

ООУ „Кочо Рацин“ - Нов Дојран ООУ ,,Кочо Рацин“ е основно училиште во Општина Дојран, основано во 1948 година.

29/06/2026
🏆 ПРВЕНЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🏆Меѓу сите успеси што се испишуваат низ училишните години, најсилно блескаат оние што се резул...
12/06/2026

🏆 ПРВЕНЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🏆

Меѓу сите успеси што се испишуваат низ училишните години, најсилно блескаат оние што се резултат на континуирана посветеност, труд и истрајност.

✨ Димитар Делев и ✨ Јована Мазнова се ученици кои со своите континуирани успеси, одговорност и посветеност се издвоија како најуспешни претставници на својата генерација.
Нивните достигнувања не се само признание за вложениот труд, туку и потврда дека вистинскиот успех се гради чекор по чекор, со дисциплина, упорна работа и верба во сопствените можности.

Драги Димитар и Јована,
Вие сте гордоста на ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Ви посакуваме и понатаму со истиот ентузијазам и посветеност да ги освојувате новите хоризонти што се пред вас.

Со особена гордост ќе ги следиме вашите идни успеси.

#Кочорациновци
#ПрвенциНаГенерацијата
#ООУКочоРацинНовДојран

Пред нас е генерацијата 2017–2026 година – генерација исполнета со знаење, другарство и незаборавни спомени.Зад секоја ф...
11/06/2026

Пред нас е генерацијата 2017–2026 година – генерација исполнета со знаење, другарство и незаборавни спомени.

Зад секоја фотографија стојат девет години исполнети со учење, дружење, предизвици, успеси и моменти кои засекогаш ќе останат дел од спомените на нашето училиште.

Секој ученик е посебна приказна, а сите заедно ја создадоа оваа незаборавна генерација. Со својата енергија, труд, талент и насмевки го збогатија училишниот живот и оставија убави спомени што долго ќе се паметат.

Ова табло не е само збир на фотографии. Тоа е сведоштво за едно важно поглавје од нивното детство, за создадените пријателства, совладаните предизвици, споделените радости и сите моменти што нè поврзуваа како училишно семејство.

Денес со гордост ги испраќаме нашите полуматуранти кон нови хоризонти. Нека ги следат успехот, упорноста и вербата во сопствените способности. Нека храбро чекорат кон своите соништа и секогаш со љубов се сеќаваат на деновите поминати во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран.

Среќно, драги наши ученици! Вашето училиште секогаш ќе биде место каде што започнаа вашите први големи чекори кон иднината.

ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран

Гордост е да се гледаат младите генерации како растат, учат и ги претвораат своите соништа во успеси.Директорот Маријан ...
10/06/2026

Гордост е да се гледаат младите генерации како растат, учат и ги претвораат своите соништа во успеси.

Директорот Маријан Божичковиќ денес им ги додели пофалниците на учениците кои со својот труд, знаење, одговорност и посветеност се истакнаа во текот на учебната година.

Честитки до сите наградени ученици! Вашите резултати се доказ дека секој вложен труд носи успех. Продолжете да чекорите храбро по патот на знаењето, да поставувате високи цели и да верувате во себе.

Успехот не е случајност – тој е награда за трудот, истрајноста и желбата да се биде подобар секој ден. 📖🎓🏅

08/06/2026

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран учествуваа на Вторите Рацинови средби во Прилеп. Во рамки на програмата посетија повеќе културно-историски знаменитости, меѓу кои Могилата на непобедените, Меморијалниот музеј „11 Октомври“, Археолошкиот музеј, Институтот за тутун и манастирот „Св. Архангел Михаил“ – Варош, а учествуваа и во едукативни, културни и забавни активности.

Учество на учениците беше реализирано под менторство на наставничката по македонски јазик Марија Ангова Цветковска и наставник по музичко образование Крсте Гогов.

🎉 Прославен патрониот празник на Рациновци! 🎉Вечерта на 4 јуни, ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран пулсираше во ритамот на мл...
05/06/2026

🎉 Прославен патрониот празник на Рациновци! 🎉

Вечерта на 4 јуни, ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран пулсираше во ритамот на младоста, креативноста и моќниот рацинов збор! Со преубава празнична програма исполнета со емотивни рецитали, театарска драма, и прекрасни настапи на училишниот хор и оркестар, уште еднаш докажавме дека едно име и една младост нè поврзуваат!

Свеченоста беше заокружена со доделување на заслужени признанија и награди за нашите најдобри ученици и ментори:

🏆 Директорот на училиштето им додели награди за успесите по биологија на: Данче Гогова (I награда), Христијан Ајцев (II награда) и Ања Танова (III награда), под менторство на наставничката Гордана Терзиева.

💼 Градоначалникот на Општина Дојран, г. Илија Тентов, додели пофалници и парични ваучери на:

Илија Узунов – ваучер за исклучителен уметнички талент (ментор: специјален едукатор Сања Точева)

Данче Гогова, Христијан Ајцев и Ања Танова – ваучери за високи резултати на Државниот натпревар по биологија

Бојана Мазнова – ваучер за учество на Државниот натпревар по математика.

✨ Признанија за успешен менторски труд од страна на градоначалникот добија и наставниците: Гордана Терзиева (биологија) и Ѓорѓе Атанасов (математика).

Честитки до сите наградени кои со своето знаење, уметност и талент ја продолжуваат светлата традиција на нашето училиште! Вие сте нашата гордост! 🌟👏

#ООУКочоРацин #НовДојран #Патронат #УчилишнаПрослава #УспешниУченици #ГордиРациновци

Со положување свежо цвеќе пред бистата на Кочо Рацин, градоначалникот Илија Тентов, претседателот на советот на Општина ...
03/06/2026

Со положување свежо цвеќе пред бистата на Кочо Рацин, градоначалникот Илија Тентов, претседателот на советот на Општина Дојран, Митко Тасев и директорот Маријан Божичковиќ, наставниците и учениците оддадоа почит на патронот чие име со гордост го носи нашето училиште.

Патрониот празник е потсетник дека знаењето, творештвото и вистинските вредности остануваат најсилниот темел врз кој се градат новите генерации.

Со почит кон минатото и поглед кон иднината, продолжуваме да чекориме по патот на успехот, инспирирани од делото на Кочо Рацин.

Среќен патронат на сите ученици, наставници и вработени во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран! 🌹📚

💐Горди на името што го носиме, посветени на иднината што ја создаваме.

Address

„Моша Пијаде“ бр. 14

1485

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

+38934227237

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Кочо Рацин“ - Нов Дојран posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

  • Want your school to be the top-listed School/college?

Share