14/08/2026
Успешно реализирана Меѓународна летна школа „FOOD SAFETY AND HEALTHY LIVING“ во рамките на Ceepus мрежата CEEPUS CIII-RO-1111-10-2526 “Food Safety for Healthy Living каде Факултетот за биотехнички науки - Битола е долгогодишна парнерска институција, а проф. д-р Дијана Блажековиќ - Димовска е локален координатор.
Од 26 јули до 2 август 2026 година, во Дебрецен, Унгарија, успешно се одржа International Summer School „FOOD SAFETY AND HEALTHY LIVING“, во организација на University of Debrecen, Faculty of Health Sciences, One Health Institute, Hungary и Transilvania University of Brașov, Romania.
Особено значајно е што дел од нашиот академски кадар активно учествуваше како предавач на меѓународната летна школа, придонесувајќи со својата експертиза, научни сознанија и практични искуства во повеќе актуелни области поврзани со одржливото земјоделство, безбедноста на храната, животната средина и здравјето.
Во рамки на програмата, со свои предавања настапија:
Доц. д-р Викторија Стојковски, со предавањето
„Digital Decision-Making and Sustainable Innovation in Life Sciences: Bridging Technology, Agriculture and Societal Well-Being“, во кое беше истакната улогата на дигитализацијата и современите технологии во унапредувањето на одржливите иновации во природните и животните науки, земјоделството и општествената благосостојба.
Доц. д-р Дарко Велјановски, со предавањето „From Food Production to Biogas: Pathways to a Healthy Environment“, посветено на можностите за искористување на органскиот отпад од прехранбеното производство за добивање биогас и создавање поефикасни и поодржливи решенија за заштита на животната средина.
Асс. м-р Даниел Симакоски, со предавањето „Quality and Safety of Sheep Milk as a Basis for Functional Dairy Products“, во кое се осврна на квалитетот и безбедноста на овчото млеко како значајна основа за развој на функционални млечни производи и унапредување на нивната нутритивна и здравствена вредност.
Учеството на нашиот академски кадар како предавачи на оваа меѓународна научно-образовна платформа претставува значајно признание за нивната стручност и научна работа, но и важен придонес кон споделувањето на знаења и искуства со академската и научната заедница од различни земји.
Меѓународната летна школа „FOOD SAFETY AND HEALTHY LIVING“ претставува значајна академска платформа посветена на интердисциплинарно проучување на безбедни, одржливи и отпорни прехранбени системи, со примена на концептот „Едно здравје“ (One Health).
Посебен акцент беше ставен на глобалните предизвици кои ја обликуваат иднината на прехранбените системи и на потребата од интегриран пристап кон здравјето на луѓето, животните и животната средина.