МОТОРИКА ЗА ДЕЦА ,,ШАМПИОНЧЕ”
ПОНУДА ЗА ПРАВИЛЕН ПСИХОМОТОРИЧКИ РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦА
Врз база на искуствата од поставеноста на воспитно – образовниот систем во модерниот свет, утврдена е неопходноста од програмирано и систематско физичко вежбање уште од најмала возраст. Потребата од организирани телесни активности произлегува од карактеристиките на децата кои се наоѓаат во интензивен раст и развој а се изложени на низа ендогени и егзогени ризични фактори, кои доколку не се влијае со континуирани и програмирани телесни активности може да доведат до појава на лошо телесно држење, телесни деформитети. Изработен е проект план за правилен психомоторички развој на деца, детален план и програма за превентивно – здравствено и корективно – рекреативно спортски телесни активности, направен е детален план со сите вежби, движења, активности, игри и останати физички форми. Тренинзите се насочени кон превенција и корекција на лошото телесно држење на тело (кифоза, лордоза, сколиоза, икс нозе, о нозе, рамни табани и др.) и кон развој на одделни психомоторички способности (координација, рамнотежа, снага, сила, брзина, издржливост, снаодливост, еластичност, прецизност) кои имаат позитивно влијание во извршување на секојдневните активности на детето и врз организмот во целина.
Еден мал дел од активностите во кои ќе бидат вклучени децата се:
• Развој на психомоторичките способности
• Превентивни и корективни вежби од Кинезитерапија Полигони за подобрување на психомоторичките способности кај секое дете
• Вежби за обликување на тело
• Корективна Гимнастика
• Мини Куглање
• Тенис за најмладите т.н. мини – тенис
• Ракомет за деца т.н. мини ракомет
• Кошарка за најмлади т.н. мини – кошарка
• Фудбал за најмлади т.н. мини – фудбал
• Натпревари ...
Децата кои имаат афинитети кон некои спортски гранки ќе имаат можност да бидат правилно насочени во спортските клубови и школи во Битола. Со тоа ќе се придонесе за подобрување и зголемување на младиот спорт во Битола.
Во активностите ќе бидат вклучени и опфатени деца од 4 до 9 години. Фондот на тренинзи е: два тренинзи неделно или осум тренинзи месечно со времетраење од 60 минути. Месечната партиципација изнесува вкупно 600 денари, кои ке се уплаќаат на жиро сметка на здружението.
Целокупниот план, програм и проект, ќе биде реализиран од тимот дипломирани професори по физичка култура, високо стручни и професионални лица од областа на спортот, педагогијата, спортската рекреација и предучилишното воспитание.
Вежбите се поддржани од страна на највисоката научна институција од областа на спортот и физичката култура а тоа е факултетот за Физичка Култура во Скопје, Ракометна Федерација на Македонија, Атлетски клубови Öresund Friidrott и Heleneholms IF од Малме Шведска и многу други институции.
Повеќе информации на: [email protected]
моб: 076/277-387