Едукативно-терапевтски центар Ајнштајн

Едукативно-терапевтски центар Ајнштајн

Share

„Центар каде што го отклучуваме потенцијалот на секое дете.“

Едукативно-терапевтски центар Ајнштајн е првиот специјализиран центар за поддршка на деца и млади со специфични тешкотии во учењето (дислексија, дискалкулија, дисграфија, АДХД и диспраксија).

Нашата цел е да создадеме средина во која секое дете ќе добие индивидуализирана и стручна поддршка, а семејствата и наставниците ќе добијат јасни насоки и практични стратегии.

👉 Што нудиме:

Индивидуални пр

22/05/2026

🎒 Првата група ја привршуваме…
а веќе отвораме нова 💛

Во изминатиот период, заедно со нашите мали идни првачиња работевме на:
📚 предчитачки вештини
🎯 внимание и концентрација
🤝 социо-емоционален развој

Горди сме што гледаме колку децата стануваат посигурни, посамостојни и подготвени за новото поглавје што ги очекува ✨

Поради големиот интерес, отвораме нова група од програмата: „Чекор по чекор до училиште“

👥 Мали групи (максимум 6 деца)
📅 Пријавувањето е во тек

👇 Повеќе информации и пријавување на линкот во био

⚠ Бројот на места е ограничен.

Photos from Едукативно-терапевтски центар Ајнштајн's post 19/05/2026

Денес, заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, официјално го отворивме Едукативно-терапевтскиот центар „АЈНШТАЈН“ ❤️

Ајнштај центарот е место создадено со многу љубов, посветеност и јасна мисија: секое дете да добие поддршка, разбирање и можност да напредува со свое темпо.

Во Центарот обезбедуваме:
🔹 логопедски третмани
🔹 дефектолошки третмани
🔹 индивидуална работа со деца
🔹 поддршка за родители
🔹 стручна проценка и насочување

Работиме со деца со:
✔ говорно-јазични потешкотии
✔ развојни потешкотии
✔ тешкотии во учењето и вниманието

Веруваме дека зад секое дете стои потенцијал кој треба правилно да се препознае и поддржи. 🌱

Голема благодарност до сите што денес беа дел од овој важен момент за нас. ❤️

📍Црниче, Кисела Вода

Се грижиме - ППСУ / Kujdesemi - PPSS Општина Кисела Вода Здружение за дислексија Ајнштајн Министерство за труд и социјална политика Ѓоко Велковски Бети Стаменкоска Трајкоска

#ЕдукативенЦентар #Ајнштајн #Логопед #Дефектолог #ПоддршкаЗаДеца #Инклузија

Photos from Peace Corps North Macedonia's post 08/05/2026

Горди сме што бевме дел од годишниот состанок на Project Advisory Committee организиран од Peace Corps North Macedonia🤝

Ваквите средби не се само формалност — тие се простор каде што институциите, организациите и партнерите заедно разговараат за реални предизвици и одржливи решенија.

За нас, учеството во вакви процеси значи можност гласот на децата со специфични тешкотии во учењето и потребата од вистинска инклузија да биде слушнат таму каде што се носат важни одлуки.

Благодарни сме за довербата, партнерството и заедничката посветеност кон создавање подобар образовен и општествен систем. ✨

04/05/2026

Малите чекори се најголемите победи на нашите мали херои 🦸‍♂️ 🤍

Кога започнавме, комуникацијата се одвиваше преку гестови, погледи и реакции. Денес, веќе имаме јасни зборчиња и реченици со јасна намера и значење.

Преку игра, трпеливост и континуирана поддршка, градиме сигурен простор каде секое дете напредува со свое темпо — без притисок, но со многу разбирање и охрабрување.

Секој збор е важен. Секој напредок вреди. ✨

#Логопед #ЛогопедскиТретман #РанРазвој #ПоддршкаЗаДеца #ГоворенРазвој

30/04/2026

Уште една недела исполнета со насмевки, мали победи и многу важни чекори напред 🤍

Во Ајнштајн, секој ден носи нови предизвици, учење и моменти што вредат многу повеќе отколку што изгледаат.

Со нашите мали херои, неделата ја завршуваме продуктивно, весело и со уште поголема мотивација за сè што следи ✨

Ви посакуваме убав и исполнет продолжен викенд! ☀️

#АјнштајнЦентар #МалиХерои #ДетскиРазвој #ПоддршкаСоЉубов

23/04/2026

„Ќе прозбори… има време.“

Ова е мислата што најчесто си ја кажуваат родителите кога ќе се појави сомнеж.

Но кога станува збор за развојот на говорот, чекањето ретко е решение.

✨ Раната поддршка прави огромна разлика.

Доколку имате било каков сомнеж – подобро е да проверите навреме.

👉 Пишете ни во порака или јавете се на 075 333 819

13/04/2026

Ова се знаци што многу родители ги пропуштаат.

Во видеото, нашиот специјален едукатор споделува 3 сигнали кои може да укажуваат дека на детето му е потребна рана поддршка.

Раната интервенција може да направи огромна разлика во развојот.

Доколку имате било каков сомнеж – не чекајте.

👉 Пишете ни во порака и ќе ве насочиме.

#ранаинтервенција #родители #инклузија #Поддршка

09/04/2026

Велигден во Ајнштај, место каде што со нашите дечиња креираме незаборавни моменти. 🐣✨

Малку игра, малку радост, и многу насмевки – затоа што секое дете заслужува да се чувствува безбедно и среќно.

Ви посакуваме топол и радосен Велигден 💛

07/04/2026

По месеци напорна работа, многу труд и безброј предизвици – конечно дојде моментот да ви го покажеме нашиот нов дом.💚

Со големо задоволство ви го претставуваме Едукативно-терапевтскиот центар Ајнштајн – место каде што секое дете ќе биде разбрано, поддржано и водено напред. 💛

Добредојдовте.

📞 Контактирајте не на 075 333 819 за сите дополнителни информации и закажување на термини

Want your school to be the top-listed School/college in Скопје?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Tome Arsovski, 4b
Скопје
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 17:00