Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Education Website, Григор Прличев 5, 1000 Скопје, Скопје.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него.

10/05/2026

Почитувани,

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со особена чест и задоволство ве поканува на чествувањето на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација „Денови на Благоја Корубин“ со трибината под наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“, на 13 мај (среда), во 11 часот, во Амфитеатарот на Институтот.

Срдечно ве поздравуваме со надеж дека и вие ќе бидете дел од заедничкото чествување.

Меѓународен организациски одбор

Photos from Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“'s post 08/05/2026

Вработените од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и од Институтот за македонска литература активно се вклучија во еколошката волонтерска акција „Генералка викенд“ преку чистење и уредување на дворното место на објектот, придонесувајќи кон почиста и поуредна животна средина.
Со заедничка работа и одговорен однос, испративме порака за важноста на грижата за околината и колективната одговорност.

Photos from Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“'s post 16/04/2026

Промоција на првиот том од првиот „Македонски етимолошки речник“ од проф. д-р Гоце Цветановски, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Photos from Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“'s post 13/03/2026

Меѓународна научна конференција
100 години од раѓањето на
проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска

Photos from Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје's post 06/03/2026
Photos from Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“'s post 17/02/2026

Почитувани,
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, традиционално секоја година го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Ве покануваме да присуствувате на свечениот настан што ќе одржи на 19.2.2026г. (четврток) со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на Институтот.

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 31/12/2025

2025 година ја заокружуваме со објавувањето на првиот том на првиот „Македонски етимолошки речник“. Автор на Речникот е проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик.

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, том 1 (А-Ж), издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Want your school to be the top-listed School/college in Скопје?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address

Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Скопје