СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес

СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес

Comments

🏃🏃✔️Денеска истрчавме дури два новинарски спринта во Велес.
Домаќини ни беа средношколците од СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес и ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес.
📰📺🎤Учевме за разликите помеѓу дезинформациите и мисинформациите, како да препознаеме лажни фотографии и вести, анализиравме новинарски текстови и правевме синопсис за медиумски производ.
4️⃣ 🏃✔️1️⃣ more to go.
Media Literacy Project YouThink USAID North Macedonia
🤩Погледнете ја работната атмосфера на најГЛАСните заедници!

Минатата недела се одржа настан за доделување на наградата за средношколско учество – #најГЛАСни!

На настанот учествуваа 7 училишта финалисти, каде учениците ја претставуваа нивната досегашна работа, ги разработуваа своите училишни иницијативи и ги презентираа пред тричленото стручно жири кое селектираше 3 победници.

👏Им се заблагодаруваме за учеството на училишните заедници од👇
📍 СУГСГ „Орце Николов“ - Скопје
📍 ОСУ "Св. Климент Охридски" - Охрид
📍 СОУ Коста Сусинов - Радовиш
📍 СОУ Ѓорче Петров - Крива Паланка
📍 СОУ Орде Чопела Прилеп
📍 СУГС„Шаип Јусуф“
📍 СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес

Им посакуваме успешна работа и активно средношколско учество со реализација на многу иницијативи.
The partners of the Digital Inclusion have met today for a first face-to-face meeting of the project in Reus, Spain 🇪🇸. They discussed and evaluated the results achieved so far: a database of good practices and lesson plans.

The partners have also worked out a common basis for the next activities of the project: action plans and photo manifesto.

We invite you to have a look at it.
👉 https://digitinclusion.eu

Treball, estades i formació - Open Europe Reus
Zini Foundation
13ο Δημοτικο Σχολειο Τρικαλων - Ριζαριου 13th Pr.School of Trikala
Istituto dei Sordi di Torino
СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес
First Private School Leonardo da Vinci Ltd
Escola Teresa Miquel i Pamies

🏆EITA Award -The European Innovative Teaching Award

🏅 It is a great pleasure and honour for us that our School СОУ Гимназија "Кочо Рацин" is the winner of the European Award for Innovative Teaching for 2021 for the project "Math Labyrinth as a method for increasing the level of knowledge through solving mathematical problems" under the Erasmus + program, based on a selection made by National Agency for European Educational Programs and Mobility and the European Commission for Innovation, Research, Culture, Education and Youth.

🇪 The European Innovative Teaching Award is a new initiative to celebrate the work of teachers and schools, particularly in the context of European cooperation in the field of education and training, supported by the Erasmus+ programme. It also aims at
showcasing innovative teaching and learning practices as well as encouraging mutual learning across borders. In this first year of the initiative, the thematic focus has been on distance and blended learning.

We are proud that our project Math-Labyrinth has broken the mould in education and can serve as a source of inspiration
for others, to make teaching and learning more engaging, participatory and inclusive.

We would like to thank our partners in the project, for the great cooperation and huge effort invested in this outstanding project.

Cyprus Mathematical Society– Cyprus
IISS Del Prete-Falcone - Sava - Italy
St. St. Cyril and Methodius high school of humanities – Bulgaria
MASSEE – MATHEMATICAL SOCIETY OF SOUTHEASTERN EUROPE – Greece
'Goce Delcev' University - Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип) - Macedonia

Erasmus+ Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
🌐31 мая прошёл очередной телемост «Волонтеры русского языка» со студентами из СОУ Гимназија "Кочо Рацин", ССОУ „Коле Неделковски“ Осу Јовче Тесличков из города Велес, Македония.

🔎Организаторы конференций продолжают пробовать новые форматы, поэтому в этот раз конференция прошла на онлайн-платформе Microsoft Teams.

🙌Македонская молодежь показала видео о дружбе России и Македонии, а Волонтеры русского языка продемонстрировали ролик о детском отдыхе на берегу Чёрного Моря. В конце Волонтеры из России провели викторина на тему «Достопримечательности России» на онлайн-платформе “Kahoot”.
Информација за упис на факултет за матурантите. Благодарност за нејзино споделување.
Само Учителот може да ја доживее приказната на Теди! Само Учителот ќе голта кнедли кога ќе ја чита истава! Секој од нас може да е Теди! Секој од нас може да има некој Теди покрај себе! Биди Учител за пример, за секој Теди во твојот работен век., во твојот живот! Среќен празник Учителу! ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА НАСТАВНИЧКА

Се викаше госпоѓа Томпсон. На првиот училишен ден на своите ученици од петто одделение им кажа една лага. Исто како и повеќето наставници на децата им кажа дека сите ги сака подеднакво. Но тоа е невозможно.
Во прва клупа седеше едно момче по име Теди Стодард.
Госпоѓа Томпсон го набљудуваше Теди изминатата година и забележа дека тој ретко си игра со останатите деца, облеката му е неуредна и дека не се капе редовно. Теди исто така понекогаш знаеше да биде и непријатен. Дојде до момент кога госпоѓа Томпсон навистина уживаше да му пишува големи единици на скоро сите негови писмени со црвено пенкало.
Во училиштето наставниците беа должни пред да го напишат своето мислење за сите ученици и да ја напишат крајната оценка да го прочитаат мисењето за ученикот што го напишал наставникот од минатата година. Томпсон го остави мислењето за Теди последно и видно се изненади кога почна да го чита.
Во прво одделение за Теди било напишано „Теди е бистро дете и секогаш е насмеан. Уреден е и добро е воспитан. Вистинско задоволство е да работиш со вакво дете.“
Во второ одделение напишале „Теди е одличен ученик и сите го сакаат, но има проблеми дома бидејќи мајка му е неизлечливо болна.“
Во трето одделение „Тешко ја поднесе смртта на својата мајка. Се труди колку може, но таткото воопшто не обрнува внимание, и ако нешто не промени целата ситуација многу лошо ќе се одрази на Теди“
Во четврто одделение „Теди се повлече во себе, и не покажува интерес за училиштето. Нема многу другари, а понекогаш и спие на часовите“
Госпоѓа Томпсон тек сега сфати во што е проблемот и се засрами. Уште полошо се почувствува кога сите ученици и донесоа подароци за Божиќ завиткани во украсна хартии. Само подарокот на Теди беше завиткан неуредно во обична кафена хартија.
Од сите подароци таа прво го отвори неговиот. Децата почнаа да се смеат кога од кутијата испадна стара огрлица од пластични камчиња и едно шишенце со парфем до половина истрошено. Тогаш жената за да ги смири сите кажа дека огрлицата навиостина е прекрасна, а парфемот преубав и прсна на зглобот.
По часовите Теди и возврати „Денес мирисавте како мојата мајка некогаш“
Од тој ден жената престана да предава математика и граматика и почна да ги учи децата, обрнувајќи посебно внимание на Теди. Теди од ден на ден стануваше се повнимателен и подобар ученик. Како таа се повеќе и поеќе го поттикнуваше така тој даваше се повеќе и повеќе од себе, за на крајот на годината да стане еден од најдобрите ученици.
Кога заврши школската година, госпоѓа Томпсон пронајде писмо од Теди во кое пишуваше „Вие сте најдобрата наставничка која некогаш сум ја имал“
Поминаа шест година кога наставничката доби ново писмо од Теди, во кое тој и соопштува дека завршил средно оброзование, но сепак таа е најдобрата наставничка која некогаш ја имал. По 4 години повторно пристигна писмо од негогаш повлечениот Теди, но овој пат писмото беше потпишано како – дипломиран инжинер Теодор Стенфорд- известувајќи ја дека успеал да заврши факултет како најдобар во генерацијата, но дека повторно не се сретнал со подобар наставник од неа.
И тука не беше крајот, по некое време и пристина уште едно писмо во кое дозна дека Теодор, сега успешен млад човек, а некогаш неуреден Теди успеал и да магистрира.
И набрзо госпоѓа Томпсон се ираздува кога Теди и соопшти дека запознал прекрасна девојка со која решил да се ожени. Теди додал во писмото дека неодамна починал и татко му, па ја моли да прифати да застане на местото кое вообичаено е резервирано за мајката на младоженецот.
Секако дека прифати, на тој ден наставничката гордо влезе во црквата носејќи ја старата огрлица и парфемот кои еднаш оддамна ги доби од малото дете во кое почнаа да се јавуваат по некоја искра надеж и верба.
Тогаш Теди ја прегрна својата некогашна наставничка и и шепна
„Ви благодарам госпоѓо Томпсон, поради вас успеав, ви благодарм што ми покажавте дека можам да станам некој и нешто“
А таа возврати
„Не Теди, јас тебе ти благодарам, поради тебе научив како да ги учам другите“.
Честит Светскиот Ден на Учителот!
Не водат, не подржуваат , не инспирираат , не учат -нашите учители!
БАРАМ НЕКОЈ ОД МАТУРАНТИТЕ ОД 1983 та, ако има нека се јават .. :) Или некој список ако постои, би сакала да се потсетам на тоа време. Благодарам
Почитувани, дали би можеле да ги објавите листите за прием на учениците во прва година 2020/21 електронски, Ви Благодарам
📢Дебата со СОУ Гимназија "Кочо Рацин" - Велес !

Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF

Официјална facebook страна на СОУ Гимназија “Кочо Рацин“

Официјалната фан страна на Гимназијата Кочо Рацин се наоѓа на следниот линк - http://www.facebook.com/Gim.KocoRacin

Operating as usual

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 09/10/2023

Ана Бошкова – претседател на Училишната заедница во учебната 2023/2024 година

На ден 9.10.2023 година во нашето училиште се спроведе гласањето од страна на учениците од прва до четврта година за избор на претседател на Училишната заедница.Кандидатите Ана Бошкова од 3-2 клас и Филип Настов од 3-4 клас, со своите тимови во изминатиот период пред Гимназијалците ги презентираа програмите и идеите за работата на Училишната заедница. Врз основа на резултатите од гласањето на учениците, за претседател на Училишната заедница е избрана ученичката Ана Бошкова од 3-2 клас. И посакуваме успешно да ги реализира планираните активности во соработка со учениците и наставниците во Гимназијата.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 08/10/2023

Учство на петнаесеттата Меѓународна научна конференција во Софија

Нашиот колега, наставникот по Спорт и спортски активности, Зоран Јованов, со трудот “Physical activity habits of secondary school students and perceived benefits for overal health“, учествуваше на петнаесеттата Меѓународна научна конференција, која се одржа на Софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“ во организација на Департментот по спорт. Презентираниот труд ги анализира навиките за физичката активност на сто дваесет и четири ученици од нашата Гимназија.
Трудовите од конференцијата ќе бидат објавени во меѓународното списание “Reseach in Kineziology“.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 05/10/2023

Работилница „Современите текови на античката драма“.

Учениците: Мелани Сарагинова, Милена Димова, Викторија Дојчинова, Бојана Кимова, Анастасија Неделкова, Христијан Анастасов, Марија Арсовска, Христијан Ѓорѓиевски, Стефани Настова, Алејна Мемедова, Ален Мемедов од трета година и Јана Трипуновска од прва година од јазично – уметничкото подрачје, со одговорниот професор Весна Павлова, денес присуствуваа на работилницата под наслов „Современите текови на античката драма“. Работилницата се одржа во Народниот театар Ј.Х.К.Џинот – Велес во рамките на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Драматургот Катерина Момева, учениците ги запозна со развојот на театарската уметност и нејзината поврзаност со митовите кои послужиле како инспирација и извор за создавање на врвни уметнички дела, од антиката до денес.
Од страна на актерот Кире Ацевски, на учениците им беа интерпретирани содржините од митовите „Митот за Едип“ и Митот за Нарцис“. Врз основа на истите, учениците имаа задача да напишат свои приказни во кои содржините од митовите ги поврзаа со примери од секојдневието и современиот свет. Имавме можност да слушнеме прекрасни содржини, размислувања и пораки од учениците, за кои актерот и драматургот искажаа благодарност и воодушевување.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 04/10/2023

Учениците членови на дебатниот клуб „Гимназиски Дебатен Клуб 1857“ присуствуваа на средба кај директорот по повод врачената плакета за училиштето од страна на Парламентарниот институт на Собранието.

Со зборови на поддршка и гордост, директорот им го честита на учениците учеството на Меѓународната конференција и ги охрабри да продолжат и понатаму да го афирмираат нашето училиште преку вакви и слични активности.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 03/10/2023

Во организација на Федерацијата на Спортски педагози на Р.Македонија (ФСПРМ), на 29.09.2023 година, Гимназијата беше домаќин на одбележувањето на Европскиот училишен спортски ден (European School Sport Day). Овој ден се одбележува по десетти пат низ Европа и светот со учество на повеќе од четириесет земји и околу 2,5 милиони учесници. Овогодинешното мото на ЕССД е „Радоста во спортот и физичката активност“. На настанот кој се одржа на спортските терени во Гимназијата, присуствуваа гости од училиштата од Кавадарци, Св.Николе, Росоман, Градско и основните училишта од Велес. Гимназијалците со одговорните наставници по Спорт и спортски активности и националниот координатор Зоран Јованов земаа активно учество во спортско - рекреативните активности.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 29/09/2023

„Простор за разговор“ пред учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“

Во рамките на проектот „Простор за разговор“ "Dancing (Talking)Table поддржан од Швајцарската амбасада, на ден 28.9.2023 година, на малата сцена во Народниот театар Ј.Х.К.Џинот, Велес, се одржа настан на кој присуствуваа стотина ученици од нашата Гимназија од прва до четврта година. Учениците имаа можност да разговараат на темата за родова еднаквост и семејно насилство, со цел да се подигне свеста за овој проблем во нашето општество кај младите луѓе.
На настанот се обрати директорот на Народниот театар Ј.Х.К.Џинот, Сашо Димовски, упатувајќи порака до средношколците дека во овие времиња важно е да се разговара за проблемите и предизвиците за да можеме полесно да ги надминеме и да станеме подобри за нас и за нашето општество.
Со свое обраќање се претстави и Рисима Рисимкин, професор на Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ – Штип истакнувајќи ја целта на проектот и настанот, да постои почитување меѓу луѓето, надминување на стереотипите и секоја жртва на насилство да го искаже своето право на глас. По нивното обраќање учениците имаа можност да го гледаат филмот „Простор за разговор“ создаден како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата за родовата еднаквост и семејното насилство со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем. Потоа учениците се вклучија во дискусија со свои размислувања за филмот и содржините обработени во него, а поврзани со темата на настанот.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 28/09/2023

Учество на Шестата годишна конференција на Меѓународниот Форум

Денес нашите ученици беа дел од Шестата годишна конференција на Меѓународниот Форум на центрите на посетители во парламентот.Тие како
најдобри од најдобрите беа избрани да учествуваат на симулацијата на законодавна постапка која за првпат се одвиваше на англиски јазик.Учениците и овојпат го искажаа својот став за темата ,,Борба со феноменот лажни вести".


Одговорен професор:Милка Петровски

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 28/09/2023

На ден 27.09.2023 година, во нашето училиште се одржа втората средба на Училишната заедница. Во присуство на членовите – претседатели на класовите од прва до четврта година, сегашниот претседател Ана Бошкова од 3-2 клас и одговорниот професор, со своја програма се претставија кандидатите за претседател на учебната 2023/2024 година, Ана Бошкова од 3-2 клас и Филип Настов од 3-4 клас. Изборите ќе се одржат на 09.10.2023. Им посакуваме среќа и фер избори.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 25/09/2023

Спортска проектна активност – планинарење

Активот по спорт и спортски активности во рамките на проектните активности кои се реализирааат во нашето училиште, и овој викенд, заедно со ученици од нашата Гимназија реализираше еднодневна планинарска активност до планинарски дом „Чеплес“.
Другарувањето помеѓу учениците, природните убавини и прекрасните пејзажи на масивот Јакупица и врвот Солунска Глава, оставија прекрасни спомени кај секој од нас со желба повторно да посакаме да бидеме дел од таа природа.


Одговорен професор:
Славчо Давитковски

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 25/09/2023

Европска недела на спортот

Активностите по повод Европската недела на спортот продолжија со учество на нашето училиште во одбележувањето на „Ден без автомобили“.Заедно со градоначалникот на општина Велес, г-дин Марко Колев, претставници од општина Велес, пратеници и амбасадори, Гимназијалците уживаа во авантуристичкото искачување на ридот Вршник.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 22/09/2023

Европска недела на мобилност

По повод Европската недела на мобилност, на 21 септември во нашето училиште во фитнес и спортската сала бевме посетени од претставници на локалната самоуправа и претставници на фирмите „Еуро-Фарм“ и „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија” .
Искажуваме голема благодарност до „Еуро-Фарм“ и „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија” за донираните реквизити кои ќе бидат од голема корист за реализација на часовите по наставниот предмет Спорт и спортски активности.
Oдговорни професори:
Славчо Давитковски
Мартин Димов

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 22/09/2023

Парада на мирот под мотото: „Акции за мир; Нашата амбиција за глобални цели!“

Традиционално, по десетти пат, учениците и професорите од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес, изведоа Мировна парада, одбележувајќи го 21 Септември – Светскиот ден на мирот.
Оваа година мотото на Парадата беше: „ Акции за мир; Нашата амбиција за глобални цели!“
Професорите, членови на Тимот за Мировно образование, несебично се вложија во подготовките при изработката на транспарентниот материјал како и за успешната реализација на овој јубилеен настан.
Настанот беше збогатен со присуството на дел од членовите на Првата детска амбасада „Меѓаши“ како и од наставници, членови на Тимот за Мировно образование од ССОУ „Димитрија Чуповски“, ОСУ „Јовче Тесличков“, Велес и дел од средните образовни институции од Скопје.

Одговорен професор: Магдалена Сарагинова

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 20/09/2023

Спортска проектна активност - планинарење


Активот по спорт и спортски активности во рамките на проектните активности кои се реализирааат во нашето училиште, традиционално со почетокот на учебната година, организира и реализира повеќедневни планинарски тури на различни локации. Изминатиот викенд, користејќи го прекрасното време заедно со ученици од 2-1 и 2 - 2 клас од нашата Гимназија се реализираше дводневна планинарска активност: Велес – с.Папрадиште – планинарски дом „Чеплес“ и обратно.
Другарувањето помеѓу учениците, убавините кои ги видовме и доживеавме, прекрасните пејзажи на масивот Јакупица и врвот Солунска Глава, чистиот воздух, чистата природна изворска вода, будат посебни чувства во секој од нас повторно да посакаме да бидеме дел од таа авантура и природа.

Се надеваме дека учениците од 2-1 и 2-2 клас прекрасни како и секогаш и вистински шампиони ќе им ја пренесат љубовта кон планината и планинарењето на што поголем број Гимназијалци.



Одговорен професор:
Зоран Јованов

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 15/09/2023

Посета на едукативниот семинар „Младите и демократијата“


По повод 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата
нашите ученици беа дел од едукативниот семинар „Младите и демократијата“ организиран од страна на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.
Целта на семинарот беше младите проактивно да се информираат и да се едуцираат за теми поврзани со демократијата и активното граѓанство, како и историјата на македонскиот парламентаризам, дијалогот, дебатата и јавното говорење.




Одговорен професор:
Милка Петровски

07/09/2023

Чествување на 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, учениците:Ива Ќумбева, Сара Ристовска, Леа Таратакова и Филип Таневски од 4-3 клас со одговорниот професор Весна Павлова, присуствуваа на дискусијата на тема „Независноста вчера, денес и утре “ која се одржа во просториите на „Европска куќа“ во Велес.
На дискусијата, реализирана од општина Велес, присутните претставници се обратија на поканетите гости и ги запознаа со темата планирана за дискусијата наменета за младите во градот.
Присутните ученици од сите средни училишта од градот имаа можност да ги искажат своите мислења за секојдневното живеење во нашата држава и своите идеи за подобрување на животот во истата. Имавме можност да слушнеме прекрасни идеи и размислувања од страна на младите за реализирање на нивните амбиции и желби.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 02/09/2023

Гимназијата „Кочо Рацин“ учесник на 10.Велешки пливачки маратон

Денес во водите на велешкото езеро „Младост“ се одржа спортската манифестација на 10.Велешки пливачки маратон.Во идеални временски услови, повеќе рекреативци и професионалци во машка и женска конкуренција учествуваа во пливачката маратонска трка на 2500 метри.Со свој учесник се претстави и „Гимназијата Кочо Раци“ – Велес. Ученикот Петар Митревски од 2-2 клас успешно го заврши рекреативниот маратон од 2500 метри. Упатуваме честитки за ученикот и останатите победници од сите категории.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 01/09/2023

ОДБЕЛЕЖАН ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН



Денес Гимназијата „Кочо Рацин“ ги отвори ширум вратите за првиот училишен ден од учебната 2023/2024 година.

Директорот и Наставничкиот совет при нашето училиште на учениците им посака здравје, среќа, љубов и успех во понатамошното школување, нагласувајќи дека секој од нив има за задача да продолжи до својата цел, гордо, смело, со желба за успех и постигнување на солидни резултати.
Добредојде им посака и на учениците од прва година, задолжувајќи ги да го продолжат своето образование да станат вредни работници, примерни граѓани, добри родители кои ќе остават белег во живеењето и напредокот на нашиот град.
Ученици, среќно во новата 2023/2024 учебна година!

31/08/2023

Драги ученици, почитувани родители,

ве известуваме дека 🏫учебната 2023/2024 година започнува на 🗓️1.09.2023 година (петок) со почеток во ⏰7.15 часот.

Приемот на учениците од прва година од страна на класните раководители ќе биде во училишниот двор во ⏰7:15 часот.

На сите ученици им посакуваме 🍀среќен почеток, многу здравје, успех во средношколското образование, носење на вистински и мудри одлуки за својата иднина.

23/08/2023

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2019/2023 ГОДИНА

Генерацијата матуранти 2019/2023 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 22.08.2023 година на градскиот базен „Лидо“ на свечен начин им се доделија дипломите.
Оваа свечена пригода беше соодветна да им се доделат признанија и на најдобрите ученици – првенци. За првенец на прва година е прогласен ученикот Кристијан Мартинов од I-3 клас. Во генерацијата на втора година како најдобра беше прогласена ученичката Ана Бошкова од II-2 клас. Од трета година со епитетот најдобра се здоби ученичката Бојана Митревска од III-5 клас. Во генерацијата матуранти кои оваа година го завршија своето образование како најдобри се истакнаа Деспина Миланова во областа на литераутурата и уметничкото творештво од IV-2 клас и Христијан Гајдов во областа на природно – математичките науки од IV-2 клас. Како резултат на соработката на нашето училиште со Skillup Academy, учениците прогласени за првенци добија стипендија за програмирање.

Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Честа да биде прогласена за најдобра меѓу најдобрите и припадна на ученичката Емили Митревска од IV-2 клас.
На присутните им се обрати директорот на Гимназијата, г-дин Илија Попов кој ги поздрави матурантите и им посака понатамошен успех во нивниот живот и образование.
Традиционално кон матурантите се обрати и еден од класните раководители. Оваа генерација ја поздрави професорката Соња Трајчева.

Драги матуранти, никогаш немојте да заборавате дека бевте ученици на една од најстарите и воедно најдобрите Гимназии во Македонија. Тоа воедно и ве задолжува и во понатамошното образование и во животот да и се оддолжите. Да станете вредни работници, примерни граѓани, добри родители кои ќе оставаат белег во живеењето и напредокот на нашиот град.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 23/06/2023

Во периодот од 17-21 јуни во хотел "Изгрев", Струга се одржа летен камп, за медиумска писменост, организиран од страна на Институтот за комуникациски студии, Скопје.

На кампот од Гимназијата " Кочо Рацин", Велес, учествуваа ученичките, Василка Карталова и Изабела Ѓурчиновски од 2-1 клас. Тие се стекнаа со знаења од областа на новинарството, вештачката интелигенција, врсничкото насилство, како и за препознавање на дезинформации.

За изработка на краен проект, ученичките, работеа во тим на тема: “Децата со попреченост како мета на дискриминација”. Направија неколку интервјуа, изработија оригинални фотографии и пишуваа текст.

Нивниот медиумски продукт беше избран за најдобар и првонаграден. Многу пофални зборови беа упатени од компетентни личности за работата, ангажираноста и креативноста на тимот, предводен од новинарот,Тоше Огњанов.

Одговорен професор:
Магдалена Сарагинова

Photos from Еразмус+ СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес's post 16/06/2023
Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 13/06/2023

✨️ ГОРДИ НА РАЦИН, ГОРДИ НА ТРАДИЦИЈАТА!

"Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме.“

Вечна ти слава 🖤

12/06/2023
11/06/2023

Делегација од СОУ ,, Гимназија Кочо Рацин’’, положи цвеќе пред споменикот на Коста Солев Рацин, во чест на 60-тите РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 11/06/2023

🚌 На 9.6.2023 година се реализираше еднодневна екскурзија за учениците од I година.

🧒👧 Учениците во придружба на нивните наставници 🧑‍🏫👩‍🏫 имаа можност да се запознаат со природните убавини и знаменитости на местата Штип, Виница и Берово.⛪⛰️ 🏞

☀ Денот беше исполнет со дружење и учество во разновидни рекреативни и спортски активности 🎾⚽️🏸🏐 .

🤟 Извонредно примерни ученици, прекрасно поминати моменти кои ќе останат во долго сеќавање на учениците и наставниците.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 10/06/2023

🚍 На 09 и 10 јуни 2023 реализирана е наставно-научна екскурзија за учениците од втора година во Охрид.

🙂 После долго време овие Гимназијалци беа дел од беспрекорно организирана прошетка, прекрасно дружење, многу насмевки и незаборавни моменти. Сето ова може да се забележи на лицата на нашите ученици, кои беа повеќе од примерни во нивното однесување.

🙌 Голема благодарност до Туристичката агенција ,,Црво-експрес" и сите кои допринесоа да се реализира истата.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 09/06/2023

Ученичката Изабела Ѓурчиновски од II-1 клас, при СОУ "Гимназија Кочо Рацин"- Велес, под менторство на проф.Магдалена Сарагинова, ја освои првата награда, Гран При, на Меѓународната манифестација "Средби под јаворите - Видое Подгорец 2023"- Колешино, во категоријата на средни училишта.

Посакуваме искрени честитки
и уште многу вакви, големи успеси во иднина!

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 29/12/2022

🙌 Традицијата продолжува 🙌

🏆Најуспешно спортско училиште во општина Велес
✔️ Гимназија ,,Кочо Рацин"

🥇Најуспешен спортски педагог за 2022 година
✔️Славчо Давитковски

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 29/12/2022

Во рамки на Програмата за Мировно образование во текот на оваа недела во СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин'' се реализираа следните активности :
- поделени новогодишните честитки кои беа со пораки напишани од нашите ученици за Нова година,
- работилница на тема ,,Булинг" под менторство на педагогот Бранка Донева и професорите Цветанка Карамаркова и Милка Петровски.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 29/12/2022

Новогодишен базар

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 28/12/2022

🤸‍♂️🤸🤸‍♀️ На ден 26.12.2022 година, активот по спорт и спортски активности при СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин" организираше полигон со забавни штафетни игри во склоп на активноста "Игри без граници".

🏃‍♂️🏃‍♀️🏃 За успешна реализација на активноста придонесе ентузијазмот и позитивниот спортски дух на нашите ученици.

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 27/12/2022

Горди на Рацин и традицијата, горди ва Вас!

По повод 165 год. гимназиско образование во Велес и Денот на нашето училиште, Гимназијата „Кочо Рацин“, распиша литературен конкурс на тема: „ Болката и љубовта во поетското творештво на безвремениот Рацин“. На конкурсот прва награда освои ученичката, Стефанија Јакимовска од IV- 5 клас, а втора награда, ученичката, Изабела Ѓурчиновски од II-1 клас, под менторство на професорката Магдалена Сарагинова.

Честитки за сите наградени ученици, кои учествуваа на литературниот конкурс, а посебно за Стефанија и Изабела! Продолжете да творите и чекорите по патеката на успехот, а ние ќе се гордееме со Вас!

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 27/12/2022

Како дел од завршните активности по повод патрониот празник на СОУ Гимназија Кочо Рацин од Велес, на 23 декември во библиотеката Бели Мугри, се одржа поетско читање на дел од препевите на странски јазици од стихозбирката Бели Мугри на Кочо Рацин.

Воедно, беа доделени дипломи на наградените ученици од основните и средните училишта кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс.

Упатуваме искрени честитки на сите наградени и се надеваме на уште поголеми успеси во иднина.

Актив по странски јазици

Photos from СОУ Гимназија "Кочо Рацин" -  Велес's post 26/12/2022

📣 „Од Гимназија - за Велес“

📌 Хуманитарен настан - „Сите да сме сити“

✔️На 24.12.2022 пред СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се одржа хуманитарен настан „Сите да сме сити“ организиран од Средношколската заедница.

✔️Собраните средства ќе бидат пренаменети за правење на пакети со храна за социјално загрозени семејства.

✔️Огромна благодарност до Организација на жени - Велес кои повторно се вклучија со свој придонес.

✔️Благодарност на сите професори и ученици кои земаа активно учество во организацијата на настанот.

Want your school to be the top-listed School/college in Македонија?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Нашата Еразмус приказна
Нашата Еразмус приказна
Проект SENEBAC, размена на ученици во Жешув, Полска🇪🇺 🇵🇱 🇲🇰📌дел од доживувањата на Vesna Manevska👏👏👏
Нашето училиште со неколку ученици учествуваше на официјалното пуштање во употреба на pump патеката во Градскиот парк ка...
#Гимназија #Промо #УспехНиштоПомалку 🙌
#ГИМНАЗИЈА #ИНКЛУЗИВНОУЧИЛИШТЕ #ПОДДРШКА #ПРИСТАПНОСТ #ИНДИВИДУАЛНОСТ
Нека ни е честит и вековит Денот на македонската азбука
Изборот на подрачјето е избор на мојата идна професија! #Гимназија #Промо #УспехНиштоПомалку 🙌
Одбележан Денот на жената 8-ми март во СОУ Гимназија Кочо Рацин  - инструментална интерпретација на класична гитара, Кле...
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 14 ФЕВРУАРИ-ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ❤
"Ќе удри утринската зора и за нас..."
Изработка на новогодишна елка по повод патрониот празник и новогодишните празници 🎄

Category

Address

Улица Благој Ѓорев 40, Велес
Македонија
1400
Other Македонија schools & colleges (show all)
Гимназија "Кочо Рацин" - Велес Гимназија "Кочо Рацин" - Велес
Улица Благој Ѓорев 40, Велес
Македонија, 1400

Официјална facebook страна на СОУ Гимназија “Кочо Рацин“

Faculty of Economics - Prilep / Економски факултет - Прилеп Faculty of Economics - Prilep / Економски факултет - Прилеп
Gjorche Petrov B. B./Prilep, Macedonia/Ѓорче Петров Б. Б./Прилеп
Македонија, 7500

Евро-Балкан Последипломски Студии - Откриј Евро-Балкан Последипломски Студии - Откриј
БУлица „Партизански одреди“ бр. 63 1000 Скопј
Македонија

Последипломски студии - практична работа на проекти, учества на летни школи, научни конференции, семинари.

СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје
Димитрие Чуповски, Скопје
Македонија, 1000

Официјална Facebook страна на гимназијата „Јосип Броз Тит