Основно училиште „Браќа Миладиновци “ се наоѓа во цен
Нашето училиште оваа година го прославува 60 годишниот јубилеј. Тоа се години на раст, развој и плодна воспитно - образовна работа, закитена со успеси во редовната настава и воннаставните активности.Постигнати се видни резултати на сите полиња.Се афирмира и се зголемува реномето на училиштето не само во Општината, туку и во Регионот, Републиката и пошироко.
Во аналите на ООУ„Браќа Миладиновци
“ од Куманово е запишано дека тоа започнало со работа во далечната 1953/54 година.Наставниот процес започнал со десет паралелки од 1 - 4 одделение и 4 паралелки од предучилишното воспитание и образование, со вкупно 555 ученика.Во почетокот наставата ја изведувале 14 наставника.
По две години училиштето се преселило во зградата која денес се наоѓа на ул.„Народна Револуција “ бр.43, каде работи и ден денес со ОУ „Крсте П.Мисирков “.Во учебната 1956/57 година , тоа се формирало како полно осумгодишно училиште со 12 паралелки во одделенска настава, 12 во предметна и 4 групи предучилишна возраст.Наставата ја изведувале 24 учители и наставници и 4 воспитувачи.
Од своето постоење до 1976/77 година, Училиштето работело во доста тешки просторни услови и во амортизирана зграда, кога и зградата била целосно реновирана. Започнаѕта била и изградба на нова спортска сала со надворешни спортски терени и целосно реновирање на внатрешноста на Училиштето.
Во 1981/82 година пуштена е во употреба спортската сала и е извршена адаптација на малата сала која се користи за наставни и воннаставни активности.
Бројот на паралелките постојано се зголемуваше, започнува да рабои и во втора зграда на ул.„Тане Георгиев“ бб, потоа во трета зграда на ул.„Тонко Димков“.
Од тогаш до денес училиштето бележи постојан подем и растеж.Се зголемува бројот на учениците, бројот на наставно - воспитниот , техничкиот персонал и управата , а со тоа и бројот на активностите во сите области.