Чекор во вера - cekorvovera.com - Step in faith

Чекор во вера - cekorvovera.com - Step in faith

CekorVoVera.com е интернет портал за изградување во вера, спод

Operating as usual

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Галевски: „Соул- Крафт“ црквата е замислена да биде инклузивен младински центар без бариери и ограничувања - Слободен п 19/12/2023

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Галевски: „Соул- Крафт“ црквата е замислена да биде инклузивен младински центар без бариери и ограничувања - Слободен п „Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, Синот и Светиот дух, се водите по Куранот, Би...

17/12/2023
13/12/2023

”И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението. И рече Исус: »Кој се допре до Мене?« А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: »Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘« Но Исус рече: »Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.« Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. А Он ѝ рече: »Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!«“
‭‭Лука‬ ‭8‬:‭43‬-‭48‬

29/11/2023

Драги пријатели ве известуваме дека ни пристигна најновиот превод на Новиот завет во издание на Македонското библиско здружение. Пишете ни за повеќе информации

14/11/2023

Ве покануваме на младинскиот час, петок од 19ч во Поема. Ќе имаме чест да ни зборува Зоран Спасовски, кој има големи откровенија за Бог и силно се движи во пророчкото. Добредојдени се сите млади, влезот е слободен!

Photos from БЛАГА ВЕСТ Christian Church Good News in R. Macedonia's post 12/11/2023
12/11/2023

Придружете ни се на семинарот за „Духовно водство како градител на мостови помеѓу црквата и општеството“ кој ќе го води Кејт Гериш од Шефилд. Семинарот ќе се одржи во сабота(18.11.2023), во просториите на Поема, со почеток од 18:00. Влезот е слободен. Се гледаме!

31/10/2023

Честит нека е Денот на реформацијата!

Ние, македонските евангелски протестанти остануваме длабоко уверени во нејзините основни начела како водилки, не за и кон протестантизмот, туку како повик за следење на суштинско христијанство, доследно следење на Исус Христос.

1. Само Светото Писмо/Библијата - единствено мерило за нашата вера.

2. Само преку вера - единствен начин за наше спасение е верата во она што Бог го направи за нас преку животот, смртта и воскресението на Господ Исус Христос.

3. Само по милост - единствено Божјата милост, Неговото сочувство со нас - а не преку нашите добри дела или заслуги - ни се отвори патот кон Бога.

4. Само преку Христос - единствено преку Христос и Неговата жртва за нас, имаме пристап до Отецот и затоа само во Негово име се молиме.
Само тој целосно и конечно ни го откри Бога.

5. Само на Бог слава - создадени сме на Бог да му дадеме слава и да уживаме со Него вечно, засекогаш. Така нека биде од сега, засекогаш и во секоја наша мисла, збор и дело.

Амин.

Евангелско-протестатските (или евснгелските протестантски) христијани во Македонија се гледаат себеси првенствено како сејачи на Божјата порака, на радосната вест дека Бог во Христос се даде себе си, и секој човек кој ќе поверува во оваа порака преку покајание, ќе добие живот вечен и ќе доживее лична трансформација. Затоа и графиката која ја одбравме во оваа пригода е есенскиот "Сејач" (1888) на холандскиот протестантски христијанин и мисионер на маргинализираните - Винсент Ван Гог.

Изобилство Божји благослови за Македонија!

*Н.Г.

Want your school to be the top-listed School/college in Veles?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Impact #Impact #Импакт 🇲🇰 Наскоро! ❤ 🌍🇺🇲 🇮🇱🇳🇴🇪🇺🇲🇹🇬🇧🇩🇪🇭🇷SOON!
Impact #Impact #Импакт 🇲🇰 Наскоро! 🇺🇲 SOON!

Location

Address

Belgradska
Veles
1400
Other Education Websites in Veles (show all)
Let your ideas BLOOM Let your ideas BLOOM
8ми Март
Veles, 1400

Drdorkovci Drdorkovci
Veles

Еразмус+ СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес Еразмус+ СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес
Blagoj Gjorev 40
Veles, 1400

Еразмус+ СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес

Learn English with Angela Learn English with Angela
Veles

Приватни индивидуални часови по англиски јазик. За дод