Matrix Educational Centre

expanding the knowledge and growing together 🧠

Operating as usual

Photos from Matrix Educational Centre's post 01/11/2023

Огромна благодарност до сите учесници на нашиот настан. Воодушевени сме од сите ваши маски! 💯🎭🎃

Photos from Matrix Educational Centre's post 01/11/2023

Со нашите најмали учесници правевме наши изработки, духчиња и мумии, ја покажавме креативноста со изработка на наш слајм, а игравме и во ритам со скелетите 🕺💃💀👻🎃

Photos from Matrix Educational Centre's post 01/11/2023

🎃👻 Нашата Halloween забава 🎃👻

Направивме Halloween тикви, игравме различни игри, шетавме како мумии, но пред сѐ, научивме нешто повеќе за празнувањето на Halloween, се забавуваме и си поминавме прекрасно за оваа Ноќ на вештерките 🎃👻

16/09/2023

Компјутерски курсеви 💻👩🏻‍💻👨🏻‍💻

Останаа уште неколку слободни места во следниве групи и термини:

КОДИРАЊЕ ЗА ДЕЦА за деца 4-6 години
- 2️⃣ слободни места
- вторник и четврток 17:30-18:15

ПОЧЕТНО ПРОГРАМИРАЊЕ, КОМПЈУТЕРСКА ЛОГИКА и SCRATCH за деца 7-10 години
- 1️⃣ слободно место
- вторник и четврток 18:45-19:30

НАПРЕДНО ПРОГРАМИРАЊЕ за деца 11-13 години
- 2️⃣ слободни места
- петок 17:30-19:30

Python I
- 2️⃣ слободни места
- среда 17:30-19:30

16/09/2023

Останаа уште само неколку слободни места во следниве групи и термини за англиски јазик 🇬🇧

ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ
- 1️⃣ слободно место
- вторник и четврток 16:45-17:30

ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ
- 2️⃣ слободни места
- вторник и четврток 11:15-12:00

ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ
- 1️⃣ слободно место
- понеделник и среда 12:00-12:45

ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ
- 2️⃣ слободни места
- вторник и четврток 18:15-19:15

Контактирајте не на 📞071 571 570 или во порака на социјалните мрежи 📩

Photos from Matrix Educational Centre's post 16/09/2023

Благодарност до родители кои ни се придружија! 🙌

Вашата посветеност да станете подобри родители е навистина инспиративна.

Photos from Matrix Educational Centre's post 16/09/2023

Психолог Виолета Димовска го сподели своето искуство со присутните родители и ни ги презентираше различните стиловите на родителство, како и добри практики како да се подобриме во истото.

Photos from Matrix Educational Centre's post 16/09/2023

Родителството е патување кое започнува со самопочитување.✨️
Во нашата life coaching сесија со , навлеговме во неверојатната моќ на самоспознавањето.

Photos from Matrix Educational Centre's post 14/09/2023

Уживавме во најновата епизода на , грицкавме пуканки, пиевме сокче и уживавме во прекрасната атмосфера надополнета со декорацијата на .

Бескрајно ви благодариме! 🙏❤️

Photos from Matrix Educational Centre's post 14/09/2023

Ви благодариме за интересот и рекордниот број на продадени карти во 24 часа. 🙏

Успеавме да насмееме 75 дечиња, кои ги испративме со прекрасни спомени и импресии кои долго ќе ги паметат и прераскажуваат. 🎟🍿🥤

02/09/2023
01/09/2023

📣🏫Уписите за учебната 2023/2024 започнаа🏫📣

Не пропуштајте да бидете дел од една сосема поинаква приказна и да ја направите најдобрата инвестиција за себе. ✨️🇬🇧🇩🇪🇲🇰👨🏻‍💻👩🏻‍💻

Photos from Matrix Educational Centre's post 03/07/2023

Бидејќи сите покажавме спортски дух, пријателство и тимска игра, сите учесници на првите спортски игри во МАТРИКС добија златни медали. Честитки 👏🏆🥇🏅🫶

Photos from Matrix Educational Centre's post 03/07/2023

Назад во нашиот центар, ги пречекавме Цобе, Драгана, Вики и Максим од О.К Те-Волеј Тетово, со нив игравме игри, правевме интересни и забавни вежби и имавме и пријателски натпревар меѓу две екипи. 😊😊

Ги покажавме на дело нашите брзина, способности, тимска игра и натпреварувачки дух.

Photos from Matrix Educational Centre's post 03/07/2023

ДЕН 5 од нашата ЛЕТНА ЕДУКАТИВНА АВАНТУРА - ДЕН НА СПОРТ

За почеток на нашиот последен ден од летната авантура имавме возбудлив тренинг во тенис за нашите мали спортисти. Уживавме во можноста да го посетиме тенискиот терен, а нашиот тренер не запозна со основите на тенисот, од совладување на уметноста на држење на рекетот до усовршување на нашите удари. Пробавме и форхенд и бекхенд удари на топчето со нашите рекети, а со секое замавнување, нашите вештини се подобруваа, а самодовербата растеше! 😄🎾🥎

Со неверојатен ентузијазам ги чекавме следните вежби, а во меѓувреме се смеевме, навивавме, се поддржувавме, развивајќи ги нашето пријателство и спортски дух. 👏🎉

Нашите млади тенисери за време на тренингот во тенис покажаа извонреден напредок во развојот на нивната координација на рака-око, рамнотежа и брзина, а и со неверојатна леснотија се приспособија на играта. 🎾🎾

Photos from Matrix Educational Centre's post 02/07/2023

Слушавме песни испeaни на различните јазици, игравме игри, пеевме, танцувавме и се забавувавме ☀️

Photos from Matrix Educational Centre's post 02/07/2023

После вкусниот оброк, вкусни традиционални јадења од трите држави, започнавме со нашите едукативни активности 🇲🇰🇬🇧🇩🇪

Се запознаваме со различните култури и јазици, а научивме и да ги препознаваме знамињата на државите.

Сеуште во светот на книгите, направивме наша книга која содржи познати детски приказни од Македонија, Англија и Германија. 📚🌎

Photos from Matrix Educational Centre's post 02/07/2023

Ден 4 од нашата ЛЕТНА ЕДУКАТИВНА АВАНТУРА

Четвртиот ден од нашата авантура го започнавме со посета на градската библиотека Кочо Рацин НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово, каде навлеговме во магичниот свет на книгите. 📚✨️

Секоја прочитана книга ни ги проширува видиците, а големата колекција на книги кои ги видовме ни ја продлабочи желбата да нурнеме во истражување на светот кој го кријат книгите.

Разгледавме книги на македонски, англиски и германски јазик и се подготвивме за нашата денешна тема 🇲🇰🇬🇧🇩🇪

Заедно, ја негуваме љубовта кон книгите, јазиците и различните култури кај нашите најмили. 🌟📚❤️

Photos from Matrix Educational Centre's post 29/06/2023

После вкусниот оброк откако се вративме во нашиот центар, не чекаше уште едно изненадување - ЛЕГО РОБОТИ 😲🤖

Секое детенце имаше можност да управува и да ги придвижи роботите кои беа испрограмирани од страна на нашиот тим и сите тоа го правеа со неверојатен ентузијазам. Нивната љубопитност е безгранична, а нивниот потенцијал - неограничен! 🤩♾️

Исто така и сами направивме роботи кои си ги понесовме дома, како сеќавање на овој прекрасно поминат ден 🤖✨️

29/06/2023

📸✨ Се надеваме дека овие фотографии ќе успеат да ви ја доловат радоста и возбудата кои ги имавме додека одевме во потрага по нашето богатство и го најдовме дронот кој ни ја дополни среќата додека гледавме како се движи високо над нас! ✨🔍

🌟✨ Нашата возбуда немаше граници кога конечно го откривме богатството што го баравме. 😃💎 Насмевките на нашите лица едноставно беа бесценети! Замислете ја нашата возбуда кога гледавме како дронот се издигнуваше високо над врвовите на дрвјата. 🚁🌳

Нашата имагинација полета заедно со дронот високо над дрвјата, кон облаците 🌤🌈🤩✈️

Photos from Matrix Educational Centre's post 29/06/2023

Ден три од нашата летна авантура ☀️

Навлеговме во фасцинантниот светот на алгоритмите и роботиката, ја истражувавме моќта на логичкото размислување и решавањето проблеми преку игри и активности. 👩🏻‍💻👨🏻‍💻
Игравме игра по зададен алгоритам и успешно направивме алгоритам за чекорите од нашите утрински рутини. 🌄

Замислете, следењето на насоките во барањето на богатството е алгоритам 💰😲

Photos from Matrix Educational Centre's post 27/06/2023

Како најубав дел од нашиот ден на уметност го издвојуваме делот каде што две прекрасни девојки ни ја разубавија целокупната замисла на нашата уметничка работилница. Девојките од .s.arts___ ни го доближија концептот на апстрактна уметност на најубав можен начин, заедно работевме со акрил на канвас, се забавуваме и бескрајно се дружевме. Огромна благодарност 👩‍🎨🙏

Photos from Matrix Educational Centre's post 27/06/2023

При пристигнување во центарот, максимално уживавме во нашиот оброк во природа.
Кратко потоа, почнавме со најосновната техника за оваа возраст на дечиња, дрвени боички и претходно подготвени летни цртежи кои не опуштија и дефинитивно ни помогнаа да се подготвиме за следната активност која што е апсолутно највозбудливото нешто кое некогаш сте го виделе ! 🎨

Photos from Matrix Educational Centre's post 27/06/2023

Втор ден од нашата летна едукативна авантура 🌞

На наша огромна чест и задоволство имавме топло добредојде во уметничката галерија во турскиот амам во Тетово, нашите дечиња беа пресреќни што имаа шанса од блиску да видат врвни уметнички дела и да се запознаат со уметноста од една друга перспектива. Заедно поразговаравме за различни техники, светски уметници и се упативме во нашиот едукативен центар да го примениме наученото.

Photos from Matrix Educational Centre's post 27/06/2023

Совршен начин да го завршиме нашиот неверојатен ден на фармата? Прекрасен пикник опкружен со убавината на природата! 🌳🍃🌻

Се собравме заедно под сенката на високо дрво, ги раширивме ќебињата за пикник и поставивме вкусен оброк. 🌿🍒

Уживаме во нашиот пикник, споделувајќи импресии од неверојатната авантура што ја имавме. Свежите производи од фармата го направија нашиот пикник уште поубав. 🧀🥛

Photos from Matrix Educational Centre's post 27/06/2023

Од нашиот центар се упативме во посета на фарма. 🚜👨‍🌾👩‍🌾

Нашата авантура на фармата беше прекрасно искуство! 🌾🚜 Имавме неверојатна можност да се запознаеме одблиску со некои преслатки животни од фармата, вклучувајќи прасиња, овци, кози, зајчиња и кокошки. 🐑🐏🐰🐓🐖🐥

Замислете, дури имавме прилика и да го зашознаеме светот на малечките пиленциња 🐥🐣🐤

Photos from Matrix Educational Centre's post 27/06/2023

Првиот ден од нашата летна едукативна авантура ☀️

Од нашиот гостин, Борис Ѓеровски, доктор по ветеринарна медицина од имавме неверојатна можност да дознаеме за светот на животните кои се наоѓаат на фармите. 🐄🐖🐓🐇🐐🐑 🐶🐱

Од домашните миленичиња до животните на фарма, ветеринарот ни сподели вредни сознанија за различните видови животни и нивните уникатни карактеристики.

Photos from Galeria e Arteve Tetovë / Уметничка Галерија Тетово / Art Gallery Tetovo's post 27/06/2023

Денес во склоп на активностите од програмата на ,,ЛЕТНА ЕДУКАТИВНА АВАНТУРА" реализиранa во Едукативниот центар Матрикс бевме во посета на Турскиот Амам и со широко срце нè примија во уметничката галерија која низ низа уметнички дела ни ја долови топлата атмосфера и љубовта кон уметноста. Нашите дечиња беа воодушевени од убавината на турскиот амам како и од уметничките слики кои имаа шанса да ги доловат од блиску. Бескрајно благодарни 🙏

09/06/2023

#учимегермански #германски #курс 🇩🇪

Photos from Matrix Educational Centre's post 31/01/2023
Want your school to be the top-listed School/college in Tetovo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Location

Category

Telephone

Website

Address


Ulica 141 Br. 5
Tetovo

Opening Hours

Monday 07:00 - 21:00
Tuesday 07:00 - 21:00
Wednesday 07:00 - 21:00
Thursday 07:00 - 21:00
Friday 07:00 - 21:00
Other Education in Tetovo (show all)
zulfijakupi zulfijakupi
Tetovo

Instituti Islam Ikra Instituti Islam Ikra
Rruga Ilindenit Nr. 215
Tetovo

Mësime Islame të kombinuara me metoda moderne dhe avancim personal.

DAS - Qendër kursi DAS - Qendër kursi
Ulica Jane Sandanski 50 1222 Tetovo
Tetovo

Ofrojmë kurse të gjuhës gjermane të niveleve A1,A2,B1 dhe B2.

Brainobrain Tetovo Brainobrain Tetovo
Ilindenska 177
Tetovo, 1200

Wisdom Academy Wisdom Academy
Jane Sandanski
Tetovo, 1200

Висдом академија е образовна институција која се зани?

Litera Academy Litera Academy
Str. Ivo Lola Ribar No. 110
Tetovo, 1200

Qendra për trajnim dhe aftësim profesional Kurse për fëmijë (Parashkollor)

Shkolla Fillore  Komunale "Istikball" - Tetovë Shkolla Fillore Komunale "Istikball" - Tetovë
Tetovo, 1200

Shkolla “Istikball-Tetovë është shkollë qendrore në kuadër të së cilës veprojnë edh

IPKKF“Rinia”-Tetovë / ОЈУДГ"Младост"-Тетово IPKKF“Rinia”-Tetovë / ОЈУДГ"Младост"-Тетово
Braka Miladinovi Nr. 1v
Tetovo, 1200

Institucioni publik komunal Kopshti I fëmijeve “Rinia” - Tetovë - faqja zyrtare; Komuna e Tetovës

Theniie Theniie
Tetovo
Tetovo, 1200

Theniie

Xhi ka Tetova ma Sham Pi Odrit Xhi ka Tetova ma Sham Pi Odrit
Tetovo, TETOVAA

Tetovë-Odri