ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево

ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево

Comments

Математика за 6-9 одд. на мрт1. Следете!
Дисеминација на обуката за "Училишта на 21-от век"- примена на КРРП и Микробит во наставата
Поради доаѓањето на струја денес се продолжува наставата со втората смена од 12:30 а утре и со двете смени
СООПШТЕНИЕ
Советот на родители од ОУ. Јосип Броз Тито - Струга на ден 25.09.2015 донесе ОДЛУКА доколку до ден 02.10.2015 училиштето не добие електрична енергија, од 05.10.2015 (понеделник) нема да се одржува настава во цетралното и подрачните училишта се до приклучување на електричната енергија.
ве молам споделете го соопштението
НА ДЕНЕШНИОТ УЧИЛИШЕН НЕТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ПРВОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИКОТ НИКОЛА КРЕЖЕСКИ ОД П.О.У ЈОНЧЕ КРЕЖЕСКИ ОД МИСЛЕШЕВО
Учениците од П.О.У." Јонче Крежески", с. Мислешево денес активно се вклучија во акцијата за расчистување на отпадот и за подигање на свеста за правилно третирање на отпадот во Македонија под мотото: "За помалку отпад, Ајде Македонија!" во рамките на националната акција “Македонија без отпад 2014”. Благодарност до сите учесници во акцијата.
11/10/2023

11Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ - симбол на македонскиот непокор и слободарскиот дух. Патот до конечна победа преку долгогодишната народноослободителна борба, исполнет со страдања и херојски подвизи ни обезбеди место на страна на правдата и човечноста. Да ја продолжиме оваа вековна традиција и да ги вградиме своите копнежи, стремежи и знаење во создавањето, негувањето и развојот на нашата сакана татковина.
Честит и вековит празник!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

05/10/2023

"Наставниците имаат три вида љубов и тоа: љубов кон учењето, љубов кон учениците и љубов кон сплотување на овие два вида љубов“. Честит Светски ден на наставниците!

Photos from ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево's post 22/09/2023

Секоја година на или околу 22 септември, градовите ширум светот го слават Светскиот ден без автомобили, охрабрувајќи ги возачите да се откажат од своите автомобили на еден ден. Настанот ги истакнува бројните придобивки од движењето без автомобили за граѓаните - вклучително и намаленото загадување на воздухот и промоција на пешачењето и возењето велосипед за побезбедна средина. Нашите ученици дадоа свој придонес во одбележување на овој ден. Нека возењето велосипед и пешачењето Ви станат секојдневна навика! За почиста и побезбедна животна средина! 🏞️🌅🚴🚶

14/09/2023

https://www.facebook.com/100063541901319/posts/788025849992138/?mibextid=CDWPTG

📌Под мотото “Подари книга,подари СВЕТ”, нашето училиште во периодот од 15 септември до 15 октомври, покренува акција за донирање книги, со цел да го збогатиме библиотечниот фонд, да ги поттикниме читачките навики кај децата и да ја разубавиме нашата училишна библиотека. 📚
Идејата на акцијата се состои во мислата “Дете што чита е возрасен што размислува”.📚

Photos from ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево's post 08/09/2023

Татковино единствена, гнездо наше свето,
роденден ти славиме, нека е за век и векови!
Стремеж, сон исполнивме независна да си,
Мир, љубов, слобода секогаш да те краси!
Честит Ден на независноста на Македонија!🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰

Photos from ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево's post 01/09/2023

На овој убав ден, прв училишен за оваа учебна година, свечено ги примивме и им посакавме топло добредојде на нашите најмали и најмили првачиња. Во нашиот дом на знаењата ви посакуваме безброј насмевки, другарување, успеси и убави моменти кои ќе ги паметите цел живот. Среќно првачиња! 🎉📚📖✏️📐🎊

26/08/2023

https://www.facebook.com/100063541901319/posts/775849487876441/?mibextid=Nif5oz

Почитувани ученици, на прагот сме на уште една нова учебна година полна со предизвици и можности да напредувате уште повеќе со вашето знаење! 📚
📌Покрај тетратките, ташните за книги и убавите алишта, пред да тргнете на училиште потсетете се на најважните работи кои ја красат вашата личност:
- Никогаш не заборавајте дека секое утро треба да го започнувате со насмевка и позитивна енергија;
- Да ги оставите мобилните телефони настрана и повеќе време да минувате заедно со вашите другарчиња;
- Бидете креативни и ширете толеранција за почит и љубов меѓу сите;
- Другарчињата со пречки чувајте ги најблиску до себе, гушкајте ги и постојано кажувајте им колку ги сакате;
- Заборавете на насилството и ширите само љубов и среќа;
- Училиштето е нашиот втор дом каде треба сами да си создадеме мир за себе и за сите други бидејќи тој е најдрагоцената работа на светот.

📌Семејството е место каде што секое дете се раѓа и се развива, а училиштето е место каде што детето напредува, учи како да дели љубов и насмевки со секого зашто училиштето е, всушност, место за радост, љубов и светлина!

24/12/2022

Периодот кога го славиме раѓањето на една Нова Година, дава нова надеж, дека убавите работи од минатата година ќе траат, а лошите нешта нема да се повторат. Од се' срце Ви посакуваме секој ден од Новата Година да ви биде исполнет со убави работи, здравје, љубов, радост и мир.
Среќна Нова Година од ПОУ ,,Јонче Крежески" с. Мислешево! 🍀❤️🥂🌨️☃️🫶

Упатуваме јавна благодарност до нашите пријатели за поддршката во организацијата на оваа новогодишна забава:
Месна заедница Мислешево, Кафе бар,,9", Модис 2019, ,,Ла мода", ,,Силви стил", М - дент,
Стојче Милошоски, Јован Шукоски, Аце Прентоски (Босанец), аптека ,,Хамамелис"
Кафе бар ,,Арена", ,,Данкат", Бурекџилница ,,Мики", АС - Кристијан
Сендвичара ,,Кај Гоцка", Термо солушан
ДООЕЛ ,,Ноче", ,,Даци 2007", Фризерница ,,Биле"
Маркет ,,Балкопром", Маркет ,,Миса"
Василичарско друштво Мислешево
Славчо Крежески, ,,Дантекс"
Гостилница ,,Мечос", Автосервис ,,Манце", Автосервис ,,Миле" и нашиот поранешен ученик Александар Менкиноски и студио ,,Дигиталин"

Реприза НОВОГОДИШНА ЗАБАВА | ПОУ „Јонче Крежески“с.Мислешево | Digitalin LIVESTREAM 24/12/2022

Почитувани, за сите оние кои не беа вчера во можност - реприза на новогодишната забава во с. Мислешево.

Реприза НОВОГОДИШНА ЗАБАВА | ПОУ „Јонче Крежески“с.Мислешево | Digitalin LIVESTREAM Незаборавна новогодишна забава со Дедо Мраз која традиционално се прави секоја година со Месната заедница и локалното население.РЕПРИЗА----------------------...

22/12/2022

Ве очекуваме сите! Да запееме, да поиграме, да се подружиме! Бидејќи сме единствени, бидејќи сме најдобри!
Се гледаме во 11:30.

03/12/2022

Види ја насмевката, но не и попреченоста!
Види ја среќата, но не барај разлика!
Бидејќи сите исто сакаме, сите се радуваме, сите сме исти на светот!
3 декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост 💙🕊️🌷

20/11/2022

„Секој ден од вашиот живот нека започне со среќа и насмевка, исто како што започна кога бевте дете!" ❤️
Нека ни е честит светскиот ден на детето - 20 ноември!

08/11/2022

Утро! 8 ноември 1944 година, Митровден, навидум обичен есенски, но за стружани светол ден.
Ден кога во градот одекнала веста за ослободувањето од германскиот окупатор. Борба се водела на сите страни, згаснале и многу млади животи, но народот го дочека овој светол ден. Борбите за ослободувањето на Струга се опишуваат како тешки и крвави, но желбата за слобода била многу голема, а храброста на војниците достојна за почит.
Граду наш!
Ти си денес град што блика со својата светлост и убавина, град на нашата колевка, град на нашата младост, град на нашата старост! Ти си најубавиот град на две води, на мостовите и поезијата. Град со мултиетничка и мултикултурна вредност!

Нека ни е честит 8 ноември - Денот на ослободувањето на градот Струга!

05/10/2022

Не постои поблагородна професија од тоа да бидеш УЧИТЕЛ! Зад секој богат или сиромашен човек, познат или не, стои учител. Оној кој не' учи на култура, достоинство, кој го изградува нашиот карактер и ја полни нашата душа со љубов е несомнено учителот што секое дете го памети за навек ♥️"
Нека ни е честит 5 октомври - светскиот ден на учителот ♥️

21/09/2022

„Мирот не е нешто што се посакува. Тоа е нешто што се создава, нешто што се прави, нешто што сте вие и нешто што се поклонува!" 🙏🕊️❤️🤝

https://youtu.be/YSIynYAjHrQ

Нека ни е честит 21 септември - Меѓународниот ден на мирот!

08/09/2022

Наша една и единствена, татковино 🍀

Земјо наша чудесна, 🇲🇰
света и благословена под ова сонце,🇲🇰
да те чуваме и развиваме ,🇲🇰
децата дома да пораснат,
за татковината да се грижат како за своја мајка,🇲🇰
зашто ти си колевката од нашето детство,🇲🇰
и ќе бидеш поткрепата за нашата старост!
🇲🇰

Нека ни е честит денот на независноста
8-ми септември ❤️❤️❤️

30/08/2022

Почитувани ученици, во четврток започнува новата учебна година со следниот распоред:
1 смена: Предметна настава (7:30 часот)
2 смена: Одделенска настава
(12 часот првачињата)
(12:30 сите останати)
Ова важи само за 1 септември, од 2 септември одделенска настава ќе започне со настава од 13:15 часот.
На сите ви посакуваме убав и успешен почеток, многу здравје и еден куп петки, насмевки и безгрижности 🍀❤️✍️🧚🏀

30/08/2022

И З В Е С Т У В А Њ Е 🍀

17/06/2022

Известување за нашите идни првачиња 🍀🍀🍀

Нека миговите поминати во нашето училиште ви бидат исполнети со многу петки, насмевки и безгрижности 🏫😀🎈

29/05/2022

Нашите полуматуранти 🎉🎉🎉
Драги дечиња, овде завршува една страна од вашиот живот која ја исполнивте со безброј незаборавни спомени!
Продолжете да чекорите и понатаму упорни и успешни за да знаат сите кои беа оние единствените!
Честито полуматуранти! ❤️❤️❤️❤️❤️

24/05/2022

Сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите словенски народи. Тие се заслужни за глаголицата, првата азбука искористена да се препише старомакедонскиот јазик.

На овој ден им ја честитаме и провестителската дејност на вашите наставници, учители.
Среќен празник на сите просветни работници кои се заслужни за описменувањето и грижата за воспитувањето на учениците!

10/05/2022

Почитувани родители, еве го распоредот на тестирање на првачињата за утре (11.5.)
Доколку некое дете се' уште не е пријавено, Ве замолуваме да дојдете во училиштето во 11:30 часот.

08/05/2022

Почитувани родители на идни првачиња!
Во вторник, 10.05.2022, година телефонски ќе бидете известени за точното време на тестирање на Вашето дете за што претходно е изготвен распоред за истото кое ќе се одржи во среда во просториите на ПОУ ,,Јонче Крежески". Оние коишто се' уште не доставиле телефонски броеви, Ве замолуваме истото да го направите утре, понеделник, кај раководителот на училиштето.
Се' што треба да донесите на денот на тестирањето се потребните документи кои претходно ви беа напишани и еден куп насмевки ♥️🌟🍀

05/05/2022

📖 05 Мај - Ден на Македонскиот јазик и азбука

На денешен ден, 5.5.945 година, усвоена е македонската азбука. Истата за првпат била испечатена во весникот ,,Нова Македонија“ бр. 104.
Нека ни е честит денот на македонскиот јазик и азбука🌟

29/04/2022

11.05.2022 година - упис на првачиња во нашето училиште во с. Мислешево 🍀🧑‍🤝‍🧑✔️♥️☀️

27/04/2022

Подготовка за идните првачиња 🌟
За датумот на тестирање, ќе бидете дополнително известени!!!

https://www.facebook.com/1275140772576135/posts/5157031977720309/

ООУ “Јосип Броз Тито” Струга ги известува родителите дека запишувањето на деца во прво одделение во учебната 2022-2023 година ќе се врши од 09 - 13 Мај 2022 година во просторите на централното и подрачните училишта.
За точниот датум и времето на запишување ќе биде истакнат распоред на влезната врата од училиштето.
Согласно Законот за основно образование, училишни обврзници за запишување во прво одделение се децата родени во 2016 година и децата родени заклучно со 31.01.2017 година.
На денот на запишување, родителот/старателот со себе треба да ги носи следните документи:
* Извод од матична книга на родени (копија)
* Потврда за примени вакцини (издадени од Ј.З.У Здравствен дом - Струга)
* Потврда за офталмолошки преглед (издадени од Ј.З.У Здравствен дом - Струга)
* Потврда за стоматолошки преглед (издадени од Ј.З.У Здравствен дом - Струга)
* За запишување на дете со попреченост во прво одделение, родителот/старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

напомена: Доколку родителот/старателот од било кои причини, сака детето да го запише во друго училиште, надвор од реонот во кој припаѓа, потребно е да достави согласност од училиштето во кое реонски припаѓа, како и од училиштето во кое сака да се запише, а не припаѓа во неговиот реон

24/04/2022

Христос воскресна☀️!
Навистина воскресна! ☀️

Нека ни е честит големиот христијански празник – Велигден!

22/04/2022

🌍 22 април - Светски ден на планетата Земја

💧 Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

✔️ Да ја зачуваме нашата планета, за нас и идните генерации

Photos from ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево's post 17/04/2022

💥 Празниците Лазарева сабота и Цветници се најголемите празници што се празнуваат една недела пред големиот христијански празник Велигден

💥 Во село Мислешево, лазарките денес зборно место им е средселото пред црквата. Порано ги поздравуваа жените што одеа во црквата со :,, Две старички, две старички, Лазаре, црков одет... "
💥Откако ќе се зберат , а ќе заврши службата во црквата, се делат по групи и тргнуваат по село во дворовите на секоја куќа да пеат.
💥 На чело на групата стои Челничка што е задолжена за кошничката, а го води и орото и песната.
Групите влегуваат во сечиј дом, а домаќините со радост и подароци ги пречекуваат децата 🌟
💥 Се најавуваат со песната:
,, Летале ми летале девет рала гулаби, о Лазаре,
девет рала, гулаби, а десетти пауни, о Лазаре."
💥 Во секоја куќа,
за секого од семејството пееја песна:
За домаќинот,, Потседнал ми,Потседнал ми, Лазаре, богатима", за јунак:,, Овде јунак несовршен," за девојка:
,, Овде дворје метени", за браќа:,, Двајца браќа лозје садет," за син што учи: ,,Има мајка мила сина" итн.
💥На крајот пеењето го завршуваат со,, Да дочекаш, да дочекаш, Лазаре, и в година,
и в година, и в година, Лазаре, и за много... "

💥💥💥 За многу години! Нека се здрави и живи сите деца и да ја негуваат традицијата за радоста на нашите најголеми празници!

07/04/2022

Да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на нашите деца бидејќи тие се нашата иднина♥️

♥️🥼📈 7 Април - Светски ден на здравјето

Photos from ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево's post 04/04/2022

Денес, нашето училиште ,,Јосип Броз Тито", како дел од програмата Еразмус+ ,, Здравјето во комбинација со секојдневни навики" беше домаќин на училишта од Шпанија,Полска, Турција и Италија. Нашите ученици, од централното и подрачните училишта на истото, достојно го преставија нашето училиште, нашиот град, кои како домаќини беа пресреќни за доаѓањето на другарчињата од другите држави со кои преку размена се создаваат различни искуства и, најважно, спомени!

Photos from ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево's post 01/04/2022

Нашите најмили и оваа година традиционално се шегуваат и од раните утрински часови со маски го празнуваат 1 Април - Денот на шегата. Детскиот џагор и детските шеги се слушаше насекаде низ нашето Мислешево ♥️

21/03/2022

21.03 е ден посветен на луѓето со Даунов синдром, кои имаат еден хромозом повеќе, од каде што најверојатно доаѓа нивната екстремна способност да изразат искрени емоции и многу љубов за сите. Да научиме да живееме во свет каде сите ќе бидеме еднакви, каде никој нема да биде маргинализиран, туку уште повеќе облеан со љубов и топлина!

Want your school to be the top-listed School/college in Struga?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Наша една и единствена, татковино 🍀Земјо наша чудесна, 🇲🇰света и благословена под ова сонце,🇲🇰да те чуваме и развиваме ,...
Ваква е атмосферата во нашето училиште! Нашите првачиња, нашите колачиња со нивната учителка, Гордана Цветаноска, и наст...
Доаѓањето на Дедо Мраз во Новогодишниот базар!
Доделување Благодарници - Патронен Празник
Играорна група - Патронен Празник
Т'га за југ - Александар Менкиноски

Location

Address

с. Мислешево
Struga

Opening Hours

Monday 07:00 - 18:00
Tuesday 07:00 - 18:00
Wednesday 07:00 - 18:00
Thursday 07:00 - 18:00
Friday 07:00 - 18:00
Other Elementary Schools in Struga (show all)
ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга - официјална страна ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга - официјална страна
Ulica Razme Maleski Bb
Struga, 6330

Општинско основно училиште

Yahya Kemal Elementary - Struga Yahya Kemal Elementary - Struga
Mislesevski Pat
Struga, 6330

Yahya Kemal Elementary School, Struga-Ohrid