Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip

Машински факултет - Можност за студирање на студиските програми: Мехатроника/Машинско инженерство

Operating as usual

18/04/2024

Драги средношколци, дали сте подготвени да ги откриете можностите и предизвиците како идни машински студенти? 🎓🤖

Дојдете на нашиот отворен ден на Машински факултет и дознајте повеќе за студиските програми и можностите што ви стојат на располагање.

Придружете ни се на 26.04.2024 (петок) во 12:00ч. и истражете ги можностите за вашата кариера во машинското инженерство! ⚙️🚀

#ОтворенДен #УГД #МашинскиФакултет #ПредизвициИМожности #Средношколци

11/04/2024

11.04.2024
Mашински факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип и Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони” - Куманово потпишаа Меморандум за соработка.

🖋 Меморандумот беше потпишан од доц.д-р Сара Сребренкоска, декан на Машински факултет и Драган Јаневски, директор на ОСТУ "Наце Буѓони" Куманово - www.nacebugjoni.mk.

📌 Меморандумот има за цел да го подобри образованието и вештините на младиот кадар од областа на машинството. Целите на меморандумот вклучуваат организирање и заедничко учество на научни и професионални состаноци, конференции, вклучнување на средношколците и наставниците во активностите на Машинскиот факултет поврзани со подготовка и реализација на различни видови на работилници и обуки, професионална пракса и меѓународни проекти. Дополнително ќе се продлабочува соработката и со различни субјекти во реалниот сектор кои делуваат во областа на машинството.

Меморандумот им овозможува на средношколците пристап до програмите и можностите кои ги нуди Машинскиот факултет, овозможувајќи им да продолжат со академско образование на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип со цел подобрување на своите знаења и вештини.

#УГД #МашинскиФакултет #Млади

09/04/2024

Дали сте знаеле дека машинството е во срцето на иновациите и технологијата? 🌟

💡Откријте интересни факти за машинството, изберете Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip и влезете во светот на неверојатни предизвици и можности! 🚀

#МашинскиФакултет #УГД #ИнтересниФакти #Студии

05/04/2024

📢 Годинешната 63. МАШИНИЈАДА ќе се одржи од 12 до 16 мај во Паралија.

🏆 Како и секоја година, учениците ќе се натпреваруваат меѓу себе во знаење (математика 1, математика 2, механика, механика на флуиди, термодинамика, машински елементи, јакост на материјали) и во спортски дисциплини (мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, шах, тенис) .

🎉 Секако, незаборавните забави се незаменлив дел од овој настан.

💰 Цена: 135 € + 10 € за забавни активности
Цената вклучува 4 ноќевања на база полупансион (појадок и вечера) и вклучен превоз.

📌 Сите кои сте заинтересирани обратете се кај претседателот на Факултетското собрание на МФ: Драгана Ѓоргиевска

За повеќе информации заследете ја официјалната страна на 63-та Машинијада: . како и на SSMF профилот: .bg

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 01/04/2024

📌 Благодарение на предавањето под наслов "Афтермаркет оптимизација на мотор со внатрешно согорување" од страна на д-р Никола Манев, присутните студенти, како и останатите слушатели подетално се запознаа со предизвиците во дизајнирањето на новите мотори и управувањето со нивната излезната оперативна карактеристика.

Притоа, акцентот беше ставен на вештото подесување на влезните параметри на моторот како дел од афтермаркет оптимизациите кои може да се извршат на моторите, а во насока на намалување на нивниот загадувачки, издувен отпечаток, намалување на потрошувачката на гориво и подобрување на перформансите на моторот, но и на самото возило.

Предавањето побуди бројни прашања и вроди со интересна дискусија помеѓу присутните за последиците од ваквите модификации на работата на моторот, како и за нивната реална апликативност во намалување на загадувањето во урбаните средини.

Голема благодарност на д-р Никола Манев за одвоеното време и знаењето кое го сподели пред студентите на Машински Факултет.

Се надеваме на уште многу идни соработки! 📚🤝

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 29/03/2024

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, УГД промовираше 12 доктори на науки од различни области.

⚙️ Теодора Топчева е новиот доктор на науки на Машински факултет, а темата на нејзиниот труд е мерење и изложеност на работниците на бучава по погон за производство за автомобилска индустрија. Трудот го има изработено со помош на лабораторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во којашто работат. Според неа, реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

Честитки Teodora Topcheva и понатамошни успеси во кариерата и животот! 👏👏

29/03/2024

Почитувани студенти,

✒️ Д-р Никола Манев, доктор по технички науки од областа на Машинство ќе одржи предавање на тема: “Отклучување на сиот потенцијал на вашето возило: Предности и недостатоци на афтермаркет (постфабрични) оптимизации на работата на моторите СВС”

🗓 Понеделник, 1 април 2024 година во 11:00 часот – предавална бр.13

📢 Ве очекуваме!

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 27/03/2024

17 години УГД – студентите најсилна мотивација и пред полнолетството на Универзитетот.

📌 Со пофалници и вредносни ваучери од 10.000 денари беа наградени 18-те студенти со највисок просек за академската 2023-24 година.

⚙️ Честитки Aleksandra Apostolova и успех понатаму во животот!👏👏

Photos from 'Goce Delcev' University - Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип)'s post 25/03/2024
Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 21/03/2024

УМЕТНОСТ ВО ФУНКЦИЈА

Во тренинг центарот при УГД се одржа работилница на тема "Уметност во функција" во која беа вклучени студентите од: Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип - насока Дизајн на ентериер и мебел, Ликовна академија и Машински факултет при УГД.
Студентите преку скицирање на сопствен дизајн формираа функционална форма, земајќи ги во предвид изборот на соодветен материјал, структура, конструкција и производен процес се до креирање на финален производ од негова идеа до продажба.

20/03/2024

Почитувани,
Факултетот за природни и технички науки заедно со Ликовната академија и Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip ве покануваат на Студентска изложба „Уметност во функција“ на 25 март 2024 од 13:00 часот во Тренинг центарот на УГД.
Ве очекуваме!

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 14/03/2024

14.03.2024г.
Во просториите на Машински факултет пред студентите се одржа предавање на тема "Технолошки иновации и машинска револуција во Германија" од страна на м-р Денис Вајлер, машински инженер од областа на оперативна технологија и заменик раководител на школата за заварување – лабораторија за испитување на материјали, Кобленц Германија.
Посебен акцент на предавањето беше ставен на испитување на деструктивни и недеструктивни материјали со примена на симулативни методи.

13/03/2024

Работилница "Уметност во функција"

Во работилницата Уметност во функција ќе бидат вклучени студентите од 3 факултети при УГД, Дизајн на ентериер и мебел, Ликовна академија и Машински факултет. Работилницата ќе се одржи на 14ти март во тренинг центарот при УГД каде студентите преку скицирање на сопствен дизајн ќе создадат функционална форма. Студентите ќе можат да го видат и креираат процесот на создавање на производ од неговата идеа до продажба. По работилницата ќе биде организирана изложба на проектите како и дискусија за современите начини на презентација.

УГД домаќин на „First lego league 2024“ – победници „Стем роботика“ од Кочани - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 27/02/2024

УГД домаќин на „First lego league 2024“ – победници „Стем роботика“ од Кочани - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Штип и УГД беа домаќини на шестото издание на „Фрст лего лига 2024“ („First lego league 2024“) – Лига по едукативна роботика, која овојпат се одржа во Спортската сала „Јордан ...

26/02/2024
Photos from Електротехнички Факултет- Штип's post 24/02/2024
20/02/2024

Во коорганизиација на Електротехнички и Машински факултет ќе се одржи национален натпревар по роботика, наменет за деца од 6 до 10 години (FLLE) и/или за деца од 10 до 16 години(FLL).
Ве покануваме на 24.02.2024 со почеток во 10:00 часот во спортската сала "Јордан Мијалков" во Штип да бидете дел од настанот.

13/02/2024

GLOBAL ENGINEER GIRLS (GEG) - МОЖНОСТИ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ

На 20.02.2024г - вторник во 11 часот во Свечената сала на Кампус 2, при Универзитет Гоце Делчев - Штип, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од Машински факултет – насока Машинско инженерство.

Групацијата Лимак веќе втора година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија. Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.

За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. На Машинскиот факултет опфатени се студентките на додипломски студии од студиската програма Машинско инженерство.

Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери.
Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.

Аплицирај на линкот во прилог:
https://northmacedonia.globalengineergirls.com/join-geg-north-macedonia и стани и ти дел од GEG.

09/02/2024

Кои корисности ги нуди центарот Е-БИБЛИОТЕКА на #УГД?

Можности за студентите бесплатно да ги добијат потребните материјали за учење во текот на нивните студии.

Брзо, едноставно и лесно да се обезбедат 974 книги кои ќе им помогнат во процесот на учење.

За повеќе информации за овој центар на #УГД може да ја посетите нашата веб страна www.ugd.edu.mk/

#УГД #ВисокоОбразование #Студенти #ИзбериМудроДелувајХрабро #Студирање #Студирање #ЕлектронскоУчење

Соопштение за заверка на непарен (тековен) и упис на парен (нареден) семестар во учебна 2023/2024 година - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 09/01/2024

https://www.ugd.edu.mk/soopstenija/studenti/soopshtenie-za-zaverka-na-neparen-tekoven-i-upis-na-paren-nareden-semestar-vo-uchebna-2023-2024-godina/

Соопштение за заверка на непарен (тековен) и упис на парен (нареден) семестар во учебна 2023/2024 година - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус на студии дека заверката на непарниот (тековен) и уписот на парниот (нареден) семестар во учебна 2023/2024 година ќе ....

Timeline photos 09/01/2024

🌟 Одлична можност за студенти и истражувачи! 🌟
INDUSAC, во рамките на програмата Хоризонт Европа, ги повикува сите студенти и истражувачи да соработуваат со индустријата за предизвиците во реалниот свет.
💶Финансиската поддршка е достапна!
Не пропуштајте! Аплицирајте сега и бидете дел од најсовремени проекти. 🎓💡
Бидете дел од 300 успешни соработки. Аплицирајте сега и обликувајте ја иднината! 🚀
https://buff.ly/3S8zp5c
#СтудентскаМожност #Истражувачи


Клучни информации за апликантите:
• Платформата INDUSAC поддржува краткорочни истражувачки соработки помеѓу академијата и индустријата.
• Финансиска поддршка е обезбедена за студенти членови на тимови за заедничко создавање.
• Тимовите за ко-креација се охрабруваат да поднесат единствено, силно мотивационо писмо.
Исклучителна можност за студентите и истражувачите да стекнат практично искуство, да придонесат за најсовремени истражувања и да имаат значајно влијание врз предизвиците на индустријата.

29/12/2023

Драги студенти и соработници,
Ви посакуваме 2024 година да ви биде исполнета со многу успеси, весели и убави моменти 🎊🎄

Среќни празници!

Ваш,
Машински факултет ⚙️

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 25/12/2023

25.12.2023

Денес на Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip свечено беа доделени дипломите на дипломираните студенти 🎓

Деканката на Машински факултет, доц.д-р Сара Сребренкоска на присутните студенти им порача дека се наоѓаат на значајна пресвртница во својот живот означувајќи ја кулминацијата на годините на нивната напорна работа, посветеност и упорност.

Честитајќи им го дипломирањето им посака многу успех, среќа, исполнетост, искористување на можностите кои ги нуди иднината притоа да останат верни на своите вредности, да ги следат своите желби и никогаш да не престануваат да учат! 👏👏

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 21/12/2023

21.12.2023

Успешно завршен втор дел од работилницата на тема „Од идеја до полупроизвод“ на која беа презентирани идеите од студентите за изработка на полупроизвод – направа за вклучување и исклучување на електрична струја (прекинувач).

Студентите презентираа различни идеи вклучувајќи видови на материјал, конструкција, дизајн, 2D - 3D моделирање и економска анализа.

По успешната презентацијата најдобрите идеи на студентите беа симболично наградени.

21/12/2023

Почитувани дипломирани и магистрирани студенти,

Деканот на Машински факултет, доц.д-р Сара Сребренкоска со особена чест и задоволство Ве поканува на свечено доделување на дипломи кое ќе се одржи на 25.12.2023 година - 13:00ч. на Кампус 2 - амфитеатар (свечена сала на Земјоделски факултет).

Ве очекуваме! 🎓
#УГД

Photos from Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip's post 13/12/2023

13.12.2023.

Активности во процесот на создавање нови и кoдифицирање на постоечки полупроизводи кои се однесуваат на исполнување на функционалните, естетските, ергономските и економските барања и принципи беа задача на првиот дел од работилницата "Од идеја до полупроизвод", на која учествуваа студенти од Машински факултет и Факултетот за природни и технички науки од насоката Дизајн на мебел и ентериер.

Убавината ја доживува секој корисник и сака да биде дел од приказната на потребите и животните искуства ✨️

07/12/2023

Почитувани студенти,

Машински факултет организира работилница на тема ,,Од идеја до полупроизвод” на која ќе имате можност да се запознаете со основните концепти на дизајн, избор на материјал и алат, рециклирање, обновување и повторна употреба на материјалите, моделирање и изработка на полупроизвод, негова имплементација и продажба.

Работилницата ќе ви овозможи на интерактивен начин да ги искажете своите дизајнерски вештини за развој на полуроизвод преку идеја до конечно решение.

🗓13 декември 2023г. (среда)
🕙10:00 часот
📌 Kампус 2, предавална 13 на Машински факултет

Сите заинтересирани може да се пријавите на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeMWeY7EkkAIfrWdrba-m9piPkPHoJjFOhR7PTEkWOZ0PCBHg/viewform

Ве очекуваме!

Want your school to be the top-listed School/college in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Машински факултет :

http://mf.ugd.edu.mk/index.php/mk/component/k2/item/4-studiski-programi

Videos (show all)

🤔⚙️ Што претставува и зошто да студираш машинство? 🎯Избери мудро, делувај храбро! 👉 Биди дел од Машински факултет и чеко...
⚙️ Конкурс за втор циклус студии за втор уписен рок 👇https://ugd.edu.mk/documents/konkursi/2022-2023/konkurs_2_ciklus_20...
МЕХАТРОНИКА
⚙️ Студирај I циклус студии на една од студиските програми на Машински факултет во Штип или Струмица!👉 КОНКУРС -  https:...
⚙️
Фабриката Ruen Inox Automobile во Кочани

Location

Telephone

Address


Bulevar Goce Delchev
Stip
Other Education Websites in Stip (show all)
Elderly Care Givers Elderly Care Givers
Partizanska
Stip, 2000

Erasmus + project Group mobility of adult learners KA122-ADU-1BD8627D

Факултет за Информатика - УГД-Штип Факултет за Информатика - УГД-Штип
Крсте Мисирков бр. 10
Stip, 2000

Факултет за информатика - УГД, препознај ја својата иднина

Електротехнички Факултет- Штип Електротехнички Факултет- Штип
Goce Delcev 98
Stip, 2000

ЕТФ е високо образовна установа, која нуди две студиски програми на прв и четири на втор циклус