Електротехнички Факултет- Штип

ЕТФ е високо образовна установа, која нуди две студиски програми на прв и четири на втор циклус

15/04/2024

Студентите од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, реализираа дводневна теренска настава под менторство на професорите Тодор Чекеровски и Сашо Гелев.

Ден 1 (11.4.2024): Наставата започна во ветерниот парк „Богданци“, каде што студентите имаа можност да се стекнат со практични и теориски знаења поврзани со искористувањето на ветерната енергија за производство на електрична енергија. Од таму студентите се упатија кон РЕК Битола каде што се запознаа со начинот на работа на термоелектраната.

Ден 2 (12.4.2024): Наставата се одвиваше во хидролошката станица кај браната Глобочица и хидроелектраната Глобочица, каде што студентите имаа можност да се запознаат со работата на системот и контролната станица за далечинско управување преку SCADA. Теренската настава заврши со посета на РЕК Осломеј, каде што студентите можеа да видат каде се ископува јагленот и да ја видат новата фотоволтаична централа.

28/03/2024
13/03/2024

👉Михаил Павловски студент од прва година на Електротехнички факултет на насока Електроенергетика и обновливи извори на енергија, учествуваваше на проектот "ИноКамп 3", подржан од Lead, UNICEF и Sverige SWEDEN. Овој настан се одржа во период од 23 до 25 февруари 2024 во Кавадарци на тема “Креирање модел на одржливо училиште”. На овој настан учествуваа пет тима.
Михаил Павловски : 👇
Решението на мојот тим се базира на употреба на PBR (Photobioreactor) технологија која веќе е истражена и наоѓа примена во секојдневниот живот, а како главен природен ресурс се употребуваат алги. Пример за тоа е веќе изведено решение на зграда која се наоѓа во Хамбург, Германија. Нашиот модел, конкретно, ја користи оваа технологија како термоизолација при што аквариумите со алги се поставуваат на надворешната страна на училиштето, кои по завршување на нивниот животен век се искористуваат како органско ѓубриво. Вториот дел од решението е употреба на агрофотоволтаици. Агрофотoволтаиците го користат земјиштето за поставување на соларни панели, но и за производство на земјоделски култури, како лозје, малини, посеви со житни култури и слично. На овој начин се задоволуваат потребите за добивање на електрична енергија од обновливи извори на енергија без да се уништува земјоделското обработливо земјиште.

Photos from Електротехнички Факултет- Штип's post 03/03/2024

#МЕПСО #ЕСМ #регулаторнакомисијазаенергетика #УГД #ЕТФ
01.03.2024 Петок студентите од трета и четврта година од Електротехнички факултет при УГД - Штип беа во посета на МЕПСО, Регулаторна комисија и ЕСМ.
👉Кои се придобивките од нашата посета👇
✅МЕПСО - видовме како се врши управување на електропреносниот систем во услови на интерконективна поврзаност со други електропреносни системи како и дистрибутивните системи од нашата држава;
✅Регулаторна комисија - научивме како комисијата регулира цени и услови за енергија и вода на територијата на нашата држава;
✅ЕСМ - Видовме како во нашата држава произведуваме електричната енергија, дознавме повеќе за нашите хидро и термо-капацитети како и за ветерните електрани и за фотонапонската електрана ФЕ Осломеј 1.
🤝Благодарност до сите компании за приемот и презентациите пред нашите студенти.

УГД домаќин на „First lego league 2024“ – победници „Стем роботика“ од Кочани - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 28/02/2024

УГД домаќин на „First lego league 2024“ – победници „Стем роботика“ од Кочани - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Штип и УГД беа домаќини на шестото издание на „Фрст лего лига 2024“ („First lego league 2024“) – Лига по едукативна роботика, која овојпат се одржа во Спортската сала „Јордан ...

24/02/2024

Photos from Електротехнички Факултет- Штип's post 24/02/2024


Ви пренесуваме дел од денешниот национален натпревар по роботика, наменет за деца од 6 до 10 години (FLLE) и за деца од 10 до 16 години(FLL). Се надеваме на што повеќе вакви настани на кои ја потикнуваме креативноста и го стимулираме и поттикнуваме детскиот развој.

20/02/2024


Во коорганизиација на Електротехнички и Машински факултет ќе се одржи национален натпревар по роботика, наменет за деца од 6 до 10 години (FLLE) и/или за деца од 10 до 16 години(FLL).
Ве покануваме на 24.02.2024 со почеток во 10:00 часот во спортската сала "Јордан Мијалков" во Штип да бидете дел од настанот.

16/02/2024


👉АПАВЕ има потреба од Електроинженери за проекти во Западна Африка, Југоисточна Азија и Европа со Завршено високо образование (или студенти) на Електротехнички факултет.
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од Електроинженери за проекти во Западна Африка, Југоисточна Азија и Европа.
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: [email protected]
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

15/02/2024

Драги студенти,
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го распиша конкурсот за Еразмус+ мобилности за студии и пракса за зимскиот семестар од академската 2024/2025 година.
Повикот е објавен на следниот линк:https://cmus.ugd.edu.mk/documents/konkursi/erazmus-konkurs-2024-studenti.pdf
Конкурсот е отворен од 15 февруари до 15 март 2024 година.
За повеќе информации посетете ја страната https://cmus.ugd.edu.mk/, обратете се на следната електронска адреса: [email protected] или присуствувајте на Инфо сесијата која ќе се одржи на 4 март 2024 година, во 11 часот, во конференциската сала на Земјоделски факултет.

13/02/2024

Global Engineer Girls (GEG) во Македонија, организира иницијатива за студентките на Електротехнички факултет на смерот Електроенергетика и обновливи извори на енергија.

Групацијата Лимак веќе втора година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија,

Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.

За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери.

Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.

Аплицирај на линкот 👇
https://northmacedonia.globalengineergirls.com/about и стани и ти дел од GEG.

18/01/2024

💡Повикот за ИноКамп 3 е отворен!
🙋‍♀️Ако си студент на природни или технички науки или имаш интерес и искуство поврзано со предизвикот тогаш Инокампот е наменет за тебе.
🗓️23-25 февруари во Кавадарци
⏳48 часа
💶120.000,00 МКД награда за победникот
Предизвикот за Инокамп 3 е Креирање на модел на одржливо училиште.
👉Повеќе информации за повикот и апликациската форма можеш да најдеш на следниот линк👇
https://innocamps.lead.org.mk/?page_id=3261

КОНКУРС за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Универзитет “Гоце Делчев”Штип 05/01/2024

📢КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ОД АД МЕПСО
👉АД МЕПСО распишува Конкурс за стипендирање на 3 студенти. Можат да аплицираат редовни студенти запишан за прв пат, на прв циклус студии, во 3-ти или 5-ти семестар.
👉Стипендијата е во износ од 80.000 денари. Студентите кои аплицираат не треба да се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија.
Повеќе инфо на : https://www.mepso.com.mk/index.php/mk/component/content/article/69-mk-kategorii/doma/vesti-i-aktuelnosti/804-3-3?Itemid=614&fbclid=IwAR1OAfukjvyWhRgLjzjKQnKVqHqzdC2fj_87vmOc0g_2_vVShllEzO4qG-M

КОНКУРС за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Универзитет “Гоце Делчев”Штип Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергет...

28/12/2023


Во годинатата што следи Ви посакуваме многу здравје, среќа, љубов и успех. Се надеваме на успешна и просперитетна година за сите наши студенти и соработници. 🎅🎉🎁🔔🎄
Среќни Новогодишни и Божиќни празници !
Електротехнички факултет - УГД

Photos from Електротехнички Факултет- Штип's post 25/12/2023

👉Денес на Електротехничкиот факултет свечено се врачија дипломите на дипломираните студенти.
👏🤝Честитки до нашите дипломирани студенти се надеваме дека вашата диплома ќе ви отвори многу врати. Верувајте во себе и достигнувајте бројни успеси на кои ќе се гордееме заедно.

Photos from Електротехнички Факултет- Штип's post 21/12/2023


👉Благодарност до дипл. инг. Панче Грапов , овластен проектант на нисконапонски инсталации за денешното предавање. Исто така благодарност и до студентите кои беа присутни на настанот. Корисно предавање во кое научивме :
✅Како изгледа еден проект за електрични инсталации за објекти и фотонапонски централи.
✅Кои софтвери се користат за изработка на проектите.
✅На што треба да се внимава при проектирање на нисконапонски инсталации.
✅Како и на кој начин да се заштитат електричните инсталациите од грмотевици.
Се надеваме на уште повеќе вакви настани, на кои инженерите од пракса ќе го пренесат своето искуство на стуентите.

Photos from АД ЕСМ's post 20/12/2023


Тројца студенти на Електротехнички факултет добија стипендија од ЕСМ. Честитки за нашите студенти, се радуваме на секој ваш успех.

15/12/2023

👉Надогради го своето знаење!
✅Предавање на тема “Примена на софтверски пакети во проектирање на електрични инсталации за резиденцијални објекти и фотонапонски панели”
📅 21.12.2023
🕙 10:00
🏨 Кампус 2 - предавална 3
👨‍🏫 Предавач дипл. инг. Панче Грапов , овластен проектант на нисконапонски инсталации.

Photos from 'Goce Delcev' University - Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип)'s post 12/12/2023


Нашата професорка доцент д-р. Билјана Читкушева Димитровска беше дел од тимот за промоција на Електротехничкиот факултет при УГД.
Избери професија на иднината, студирај Електротехнички факултет.

09/11/2023

💡Повикот за ИноКамп 2 е отворен!
🙋‍♀️Ако си студент на природни или технички науки или имаш интерес и искуство поврзано со предизвикот тогаш Инокампот е наменет за тебе.
🗓️18-20 декември во Скопје
⏳48 часа
💶120.000,00 МКД награда за победникот
Трошоците за превоз, сместување и храна се целосно покриени
👉Повеќе информации за повикот и апликациската форма можеш да најдеш на следниот линк👇
https://innocamps.lead.org.mk/?page_id=3095

26/10/2023

📢Машински факултет во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РС Македонија од страна на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Скопје, организира обука на тема - Инвестиции за унапредување на конкурентноста во производни и услужни дејности - примена на дигитални алатки.
🕛Кампус 2 - 27.10.2023г. (петок) - 12ч. амфитеатар на Земјоделски факултет

24/10/2023

Ни претставува задоволство да ги поканиме студентите од Електротехнички факултет, да земат учество на IV Студентска конференција со наслов „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип. Целта на конференција е да овозможиме презентирање на најновите и фундаментални достигнувања во областа на одржливото земјоделство (вклучувајќи ги и современите дигитални технологии), производството и технологија на храна како и заштита на животната средина.

Конференцијата има за цел да ги поврзе и да ја поттикнува комуникацијата помеѓу студентите, истражувачите, инженерите и стручните луѓе од праксата, со цел разменување на научни идеи во сродните науки.

Формуларот за пријава на следниов линк 👇
https://moodle2.ugd.edu.mk/mod/forum/discuss.php?d=108572

20/10/2023

✅Продолжување на рокот за аплицирање: 10.11.2023
📢КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИЈА LOST ОД ЕВН
👉ЕВН Македонија распишува Конкурс за стипендирање на 10 студенти од семејства со ниски приходи. Можат да аплицираат студенти од енергетските насоки на ЕТФ на УГД, чиј вкупен приход во семејството по сите основи не надминува нето износ од 430.000 денари.
👉Стипендијата е во износ од 10.000 денари месечно, во рок од 10 месеци (од 1.10.2023 г. до 31.7.2024 г.). Студентите кои аплицираат не треба да се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија.
Повеќе инфо на : https://etf.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/83-lost

Career Transition Support North Macedonia | World University Service 19/10/2023

📢Работилница за студентите во завршна година како и оние на магистерски студии во однос на можноста која им се нуди за добивање финансиски средства при реализација на нивната пракса. 👇

Career Transition Support North Macedonia | World University Service World University Service (WUS) in cooperation with the German state of North-Rhine Westfalia announces an internship grant to support the transition from study to work.

12/10/2023


📢ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА
👉Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за положени испити на [email protected] со назнака “ИГЕВН” најдоцна до 25.10.2023

04/10/2023


✅We successfully finished the second international conference, ETIMA 2023. Thanks to all the authors and participants at ETIMA 2023. We hope that we will see you at the next ETIMA.

21/09/2023


📢ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА
👉Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за положени испити на [email protected] со назнака “ИГЕВН” најдоцна до 01.10.2023

Want your school to be the top-listed School/college in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

#FLL#ETF#UGD
👉ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА 👷💼Би сакале да сте дел од следната генерација во ЕВН ?Испратете ја вашата биографија, мотивацис...
Избери Електротехнички факултет при УГД - биди дел од најдобрите !  💡
Избери Мехатроника и роботика на Електротехнички факултет при УГД! 🤖
Полека, но сигурно чекориме кон енергетска независност и зелена, чиста иднина. Биди дел од транзицијата - избери Електро...
Искуства на наши студенти

Location

Telephone

Address

Goce Delcev 98
Stip
2000
Other Education Websites in Stip (show all)
Elderly Care Givers Elderly Care Givers
Partizanska
Stip, 2000

Erasmus + project Group mobility of adult learners KA122-ADU-1BD8627D

Факултет за Информатика - УГД-Штип Факултет за Информатика - УГД-Штип
Крсте Мисирков бр. 10
Stip, 2000

Факултет за информатика - УГД, препознај ја својата иднина

Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip
Bulevar Goce Delchev
Stip

Машински факултет - Можност за студирање на студиските програми: Мехатроника/Машинско инженерство