Факултет за Информатика - УГД-Штип

Факултет за информатика - УГД, препознај ја својата иднина

Operating as usual

Photos from Факултет за Информатика - УГД-Штип's post 08/04/2024

ИСТРАЖУВАЧИ ОД БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ ВО ПОСЕТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА

Осум истражувачи од Институтот за информациски и комуникациски технологии и Институтот за роботика при Бугарската академија за науки во Софија беа во посета на Факултетот за информатика во периодот од 2 до 5 април 2024 г.
Најпрвин тие одржаа заедничка средба со професорите и асистентите од Факултетот за информатика и гостите од Бугарија, на која присуствуваа и двајца колеги од Електротехнички факултет. На средбата, дел од гостите презентираа што работат на нивните институти, и беше дискутирано за можностите за заедничка соработка на научни проекти и истражувања.
Двете институции разменија и можности за соработка на проекти во кои би се вклучиле и студенти и млади истражувачи, а воедно и споделија досегашни искуства од областите во коишто работат.

Photos from Факултет за Информатика - УГД-Штип's post 04/04/2024

На 27.03.2024 се одржа Свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти на Факултетот за информатика

27/03/2024

Информација за фотографирање на апсолвенти 2024

22/03/2024

ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА
Факултет за информатика има чест да Ве покани на
СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ
Доделувањето ќе се случи на 27.03.2024 година во 14 часот на Кампус 2
• Почеток на свеченост, 14 часот
• Изведба на Химна на Република Македонија
• Изведба на студентска Химна „Gaudeamus“
• Изведба на Химна на УГД
• Говор на Декан
• Доделување на дипломи

18/02/2024

РАСПОРЕД ЗА ПАРЕН СЕМЕСТАР 2023-2024

Почитувани студенти,
Распоредот по насоки за парен семестар за студиската 2023/2024 год. може да го погледнете на следните линкови:

• КИТ
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/paren/KITParen.pdf

• КН
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/paren/KNParen.pdf

• Бизнис информатика
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/paren/BI.pdf

• Математика-наставна
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/paren/%d0%9c%d0%90%d0%a2.pdf

• Computer Engineering and Technologies
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/paren/CompEng2.pdf

Конкурс за Еразмус+ програмата за мобилности за студенти - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 16/02/2024

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:
Мобилности за студенти
Конкурсот е отворен за:
– 11 студентски мобилности за студии (зимски семестар 2024/2025 г.);
– 8 студентски мобилности за пракса
Најди го целосниот конкурс на

Конкурс за Еразмус+ програмата за мобилности за студенти - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за: Мобилности з...

Photos from Факултет за Информатика - УГД-Штип's post 12/02/2024

МОЖНОСТИ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ - GLOBAL ENGINEER GIRLS (GEG)

На ден 20.02.2024г (Вторник) со почеток во 11 часот во Свечената сала на Кампус 2, при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од Факултетот за компјутерски науки – насока Компјутерско инженерство и технологии.
Групацијата Лимак веќе втора година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија. Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.
За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери.
Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.
Аплицирај на линкот во прилог https://northmacedonia.globalengineergirls.com/about и стани и ти дел од GEG.

Проф. д-р Александра Милева нов потпретседател на EURASIP BForSec TAC - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 29/01/2024

Проф. д-р Александра Милева, редовен професор на Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, е едногласно избрана за нов потпретседател на EURASIP Комитетот за техничката област по биометрика, форензика и безбедност (Biometrics, Data Forensics and Security – BForSec), за периодот 2024-2026 година.
https://www.ugd.edu.mk/blog/prof-d-r-aleksandra-mileva-nov-potpretsedatel-na-eurasip-bforsec-tac/?fbclid=IwAR39ioUKKY6mBvr__RW6_02SkE5RuP4zmBPsODkUxK6ouOX5y31TuBRLBhY

Проф. д-р Александра Милева нов потпретседател на EURASIP BForSec TAC - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Проф. д-р Александра Милева, редовен професор на Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, е едногласно избрана за нов потпретседател на EURASIP ....

Продолжен рок за пријавување на испити во Февруарска двојна испитна сесија 2024 - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 18/01/2024

Продолжен рок за пријавување на испити во Февруарска двојна испитна сесија 2024 - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека рокот за пријавување на испити во Февруарска двојна испитна сесија 2024 е продолжен заклучно со 21.01.2024 го...

29/12/2023
Photos from Факултет за Информатика - УГД-Штип's post 27/12/2023

На 25.12.2023 се одржа Свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти на Факултетот за информатика

12/12/2023

ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА
Факултет за информатика има чест да Ве покани на
СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ
Доделувањето ќе се случи на 25.12.2023 година во 11 часот на Кампус 2
• Почеток на свеченост, 11 часот
• Изведба на Химна на Република Македонија
• Изведба на студентска Химна „Gaudeamus“
• Изведба на Химна на УГД
• Говор на Декан
• Доделување на дипломи

ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на студенти од ранливи категории - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 29/11/2023

https://www.ugd.edu.mk/soopstenija/konkursi/interen-konkurs-za-pomosh-na-studenti-od-ranlivi-kategorii/?fbclid=IwAR1cXl7c-o5MExTJA8CscCaPHd-AmsdtMGg8JVHvEjr9WRSklCI_lyNlEoQ

ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на студенти од ранливи категории - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на студенти од ранливи категории и чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од и...

09/11/2023

Почитувани студенти,

на следниот линк,

https://mod.gov.mk/konkurs-za-stipendiranje-studenti-za-potrebite-na-armijata/?__cf_chl_rt_tk=rySHSrSRPzmI7BskaOs1lMqKx2SC9KabpSLFwQHqNXY-1699530032-0-gaNycGzNDXs
можете да најдете уште еден конкурс за доделување на стипендии од Министерството за одбрана.
Доколку некој ги исполнува условите и е заинтересиран, може да конкурира.

Со почит,
Факултет за информатика

Just a moment...

Повик 09/11/2023

Почитувани студенти,

💡Повикот за ИноКамп 2 е отворен!

🙋‍♀️Ако си студент на природни или технички науки или имаш интерес и искуство поврзано со предизвикот тогаш Инокампот е наменет за тебе.

🗓️18-20 декември во Скопје

⏳ 48 часа

🪙 120.000,00 МКД награда за победникот

Трошоците за превоз, сместување и храна се целосно покриени

Повеќе информации за повикот и апликациската форма можеш да најдеш на следниот линк

Повик ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ Иновирај за животната средина Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот Промоција и едукација за богатствата на Ботанич...

08/11/2023

Тестирање на интелигенција во Штип

06/11/2023

СООПШТЕНИЕ
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА ДЕКА ИЗБОРИТЕ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 20.11.2023 (ПОНЕДЕЛНИК) ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ СО ТОА ШТО СИТЕ СТУДЕНТИ НА ДЕНОТ НА ГЛАСАЊЕТО НА НИВНИТЕ СТУДЕНТСКИ E-MAIL АДРЕСИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИНКОВИ ЗА ГЛАСАЊЕ.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТУДЕНТИ КОИ САКААТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ ФИЗИЧКА ПРИЈАВА ВО ДЕКАНАТ НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА КОЈА ТРЕБА ДА Е ПОТПИШАНА И СКЕНИРАНА СО НАЗНАКА ДЕКА СЕ ПРИЈАВУВААТ ЗА ЧЛЕН НА ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ НА СЛЕДНИВE АДРЕСИ:
[email protected]
[email protected]
[email protected]

ИЛИ ПО ПОШТА НА АДРЕСА „КРСТЕ МИСИРСКОВ“ БР. 10 А 2000 ШТИП.

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ДО 15.11.2023 ГОДИНА

Career Transition Support North Macedonia | World University Service 18/10/2023

Информација во однос на можноста која им се нуди на студентите за добивање финансиски средства при реализација на нивната пракса. Во прилог е линкот со програмата за која може да добијат повеќе информации и секако да ги контактираат претпоставените лица.

Career Transition Support North Macedonia | World University Service World University Service (WUS) in cooperation with the German state of North-Rhine Westfalia announces an internship grant to support the transition from study to work.

18/10/2023

Се известуваат сите заинтересирани студенти дека во петок (27.10.2023) ќе се одржи кариерен ден на кој ќе може да научат како се изработуваат CV, мотивационо писмо како и симулација на интервју за работа. Самата работилница може да им помогне во понатамошното кариерно развивање како и за моменталните потреби доколку се одлучат да аплицираат за програмата. Можете да се пријавите на линкот https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe_PgpxIDk25g4iUoy1YSqz-EvCdClToDGSOHaM4Y0bQK9USA/viewform?fbclid=IwAR0IJmN2WMzh32rKVS1ihJFffaQlcCAz6Qd2c4N64DRoBGdQCIcLMpKimDE

15/10/2023

Се известуваат студентите на Факултетот за информатика дека има мали промени во распоредот за непарен семестар. Последната верзија на распоредот можете да ја најдете на линковите:
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/KIT2023-24.pdf
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/KN2023-24.pdf
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/Matematika2023-24.pdf
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/BI2023-24.pdf
Со почит,
Факултет за информатика

fi.ugd.edu.mk

Photos from Факултет за Информатика - УГД-Штип's post 11/10/2023

Се известуваат студентите од прв семестар на КИТ, КН и Математика-наставна, дека почнувајќи од оваа недела има нов распоред. Промените се однесуваат на предавањата по Основи на програмирање од проф. В. Гичев (во среда, наместо во четврток), како и промени во однос на предавалните. Ова значи дека утре нема предавања по Основи на програмирање. Компјутерски науки веќе имаа час по Калкулус 1 и утре нема да имаат час и по Калкулус 1.

Photos from Факултет за Информатика - УГД-Штип's post 02/10/2023

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА

На ден 02.10.2023, во свечената сала на Кампус 2 се одржа првиот академски час за академската 2023/2024 година на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
На првиот академски час свое обраќање имаа:
Проф. д-р Сашо Коцески - декан на Факултетот за информатика,
Проф. д-р Лимонка Коцева Лазарова - продекан на Факултетот за информатика.
Деканот на факултетот им ги додели индексите на новозапишаните студенти и им посака успех во студирањето.
На настанот претставени беа и дигиталните платформи на универзитетот кои студентите ќе ги користат во текот на студирањето.

01/10/2023

РАСПОРЕД ЗА НЕПАРЕН СЕМЕСТАР - 2023/2024

Почитувани студенти,
Распоредот по насоки за непарен семестар за студиската 2023/2024 год. може да го погледнете на следните линкови:
КИТ
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/KIT2023-24.pdf
КН
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/KN2023-24.pdf
Бизнис информатика
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/BI2023-24.pdf
Математика-наставна
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/Matematika2023-24.pdf

01/10/2023

Schedule for the study program Computer Engineering and Technologies in English (first semester)

Dear students,
The schedule for the study program Computer Engineering and Technologies (first semester) can be seen on the following link:
https://fi.ugd.edu.mk/documents/raspored/ScheduleComp2023-24.pdf

28/09/2023

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2023/2024 година ќе се продолжи до 10.10.2023 година.
Студентите кои веќе имаат услов за повисока студиска година, запишуваат апсолвентски семестар или запишуваат година по втор или повисок пат може да го сторат тоа без влијание на тековната сесија.

27/09/2023

Почитувани бруцоши,

Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на Првиот академски час на Факултетот за информатика, на 02.10.2023 година со почеток во 14 часот, во Амфитеатар 2, Кампус 2.

Со почит,

Факултет за информатика

Повик 21/09/2023

Заедно со УНИЦЕФ и Амбасадата на Шведска се организираат иновациски кампови за различни предизвици поврзани со животната средина.

Првиот предизвик ни е Лоцирање на Балканскиот рис (предизвикот е многу интересен, можете да го прочитате на следниот линк: https://innocamps.lead.org.mk/?page_id=3036 ). Кампот ќе биде многу интересно искуство за студенти кои што се заинтересирани да учествуваат и придонесат. Наградата е 120000 МКД.

Целиот повик е на следниот ЛИНК https://innocamps.lead.org.mk/?page_id=2975

Повик ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ Хакирај за животната средина Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот Лоцирање на балканскиот рис каде што ќе имаш можн...

Want your school to be the top-listed School/college in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Успешна приказна Факултетот за информатика, УГД - ШтипВеиз Рушид
Успешна приказна, Факултетот за информатика
Споделено искуство од студирањето на ФИ-УГД од наша студентка Меланија Петрова.
Успешна приказна Факултетот за информатика.
Споделени искуства од студирањето на ФИ-УГД
Стручното предавање од Стојанче Панов може да го проследите овде
Веиз Рушид

Location

Address


Крсте Мисирков бр. 10
Stip
2000
Other Education Websites in Stip (show all)
Elderly Care Givers Elderly Care Givers
Partizanska
Stip, 2000

Erasmus + project Group mobility of adult learners KA122-ADU-1BD8627D

Електротехнички Факултет- Штип Електротехнички Факултет- Штип
Goce Delcev 98
Stip, 2000

ЕТФ е високо образовна установа, која нуди две студиски програми на прв и четири на втор циклус

Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip Masinski fakultet - Stip / Faculty of Mechanical Engineering - Stip
Bulevar Goce Delchev
Stip

Машински факултет - Можност за студирање на студиските програми: Мехатроника/Машинско инженерство