05/03/2025
FIS Lecki Ski Cup 2025: Младите скијачи во чест на Иван Лесевски! ⛷🏆🇲🇰
Поради неповолните временски услови на домашните ски-центри, на 9 и 10 март, снежните падини на Копаоник ќе бидат домаќини на возбудливото ново издание на Меѓународниот детски натпревар во алпско скијање – Lecki Ski Cup, наменет за младите скијачи во категориите U-14 и U-16. Истовремено, ќе се одржи и Државното првенство во категориите U-8, U-10, U-12, U-14 и U-16 каде најдобрите македонски надежи ќе се борат за титулата национален шампион.
Натпреварот е посветен на Иван Лесевски, доајенот на македонското алпско скијање, кој својот живот го посвети на развојот на овој спорт. Со повеќе од 40 години активно делување, тој беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, македонската скијачка репрезентација и СК „Работнички“. Неговата стручност и посветеност донесоа историски успеси, а неговото наследство ќе продолжи да живее преку младите генерации.
„Lecki Ski Cup не е само натпревар, туку симбол на традицијата, посветеноста и иднината на македонското алпско скијање. Му оддаваме почит на Иван Лесевски, човекот кој со својата страст и визија го постави темелот на скијањето во Македонија – спорт кој денес го развиваме. Горди сме што, и покрај предизвиците, им овозможуваме на нашите најмлади скијачи да се натпреваруваат во меѓународна конкуренција, да ги тестираат своите способности и да ја носат Македонија напред. Веруваме во овие деца, тие се нашата иднина, идните шампиони кои ќе ги бранат боите на нашето знаме на светските снежни патеки! Посебна благодарност упатуваме до Скијачката федерација на Србија и ски-центарот Копаоник за можноста овие натпревари да се одржат во најдобри можни услови и да им овозможат на младите скијачи вистинско натпреварувачко искуство.“ – додаде Дејан Пановски, претседател на СФМ.
Настанот е организиран од Скијачката федерација на Македонија и Скијачката федерација на Србија, со поддршка на Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт и УНИ Банка.
– #ЗаедноДоВрвот! ✊🏻⛷️
#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија #МинистерствоЗаСпорт
14/02/2025
Viktor Petkov член на МАИСС
Виктор Петков е наш претставник на велеслалом трката на FIS Светско првенство 2025 во алпско скијање во Австрија! 🇲🇰⛷️👏🏻
Виктор Петков ја има честа да ја претставува Македонија на престижното FIS Светско првенство во алпско скијање, кое оваа година се одржува во Салбах, Австрија. Утре, 14 февруари 2025 година, со стартен број 83 ќе се натпреварува на велеслалом трката, која претставува еден од најголемите предизвици за секој скијач.
Упорноста, вложениот труд и љубовта кон скијањето го доведоа до оваа важна пресвртница во неговата кариера. За Македонија, неговото учество на ваков значаен настан е големо достигнување и доказ дека нашите спортисти имаат потенцијал да се натпреваруваат на највисоките светски сцени.
🕐 Првото возење е од 09:45 часот, а почетокот на второто возење е закажан за 12:45 часот.
Натпреварот може да го следите во преносот во живо на МРТВ.
Му посакуваме многу среќа и одличен резултат! 🤞🏻
– Заедно до нови успеси! 🤜🏻🤛🏻
#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија #МинистерствоЗаСпорт
06/02/2025
I’m too old for inverts.
📸
17/01/2025
Браво Мирко, само напред!!!
Мирко Лазарески со ОДЛИЧЕН старт на новата сезона! 👏🏻⛷️
Со особена радост споделуваме уште два значајни успеси на македонски скијач на интернационалната сцена. Младиот Лазарески на слалом трката, која се одржа во ски центарот Банско се пласираше на 3-то место. Додека пак, на трката во австриски Турнау, во силна конкуренција на интернационални натпреварувачи, успеа да оствари 55.54 FIS точки кои го позиционираа на солидното 11-то место.
Честитки за постигнатите резултати! ❤️💛
– Со нови успеси #ЗаедноДоВрвот!
#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија
27/12/2024
Кајак
Kajak.mk is the new era of tourism in Macedonia. Embrace the opportunity to experience the country as the locals do, immersing yourself in authentic cultural and daily life.
24/12/2024
Изминатиот викенд на скијачките терени на ресорт Маврово беше одржан годинешниит семинар и испит за идните инструктори по скијање и сноуборд. Убава, енергија и квалитетна работа од страна на сите кандидати.
06/12/2024
СЕМИНАР ЗА РЕЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОДИЧИ ВО ПЛАНИНА
На 28 и 29 Декември 2024 година (Сабота и Недела) на Попова Шапка, во хотелот Конак ќе се одржи зимски семинар за релиценцирање на членовите на МАИВП, носители на лиценца за International Mountain Leader професијата.
Семинарот е задолжителен за сите водичи кои сакаат да ја обноват својата лиценца за 2025 година.
Почеток на семинарот - Сабота, 28 Декември 2024 во 11 часот во семинарската сала на хотел Конак.
На семинарот ќе се работат следниве теми:
1. Стандардни оперативни процедури при подготовка на зимски тури на планина.
2. Лавинологија:
- Анализа на снежна покривка и проценка на лавинска опасност;
- Работа со лавински уреди;
- Спасување во лавини (пребарување, сондирање, откопување);
- Видови лавини, услови за нивно настанување, корелација со метео прилики, конфигурација на земјиште и географска експозиција.
- Изработка на план за вондредни ситуации заради лавинска опасност и лавинска несреќа според зададено сценарио и дефинирана структура на клиенти.
5. Планинска медицина:
- Медицина на планина во зимски услови.
- Прва помош на настрадани во лавини.
- Менаџмент на лавинска несреќа.
- Спасување и прва помош на настрадани во лавина.
6. Транспорт на повредени во лавина со импровизирани средства.
Дополнителни информации за сместувањето може да најдат на веб страната - https://konak.com.mk/mk/ како и на телефон 075 35 35 05 (Жаре).