ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - П

Јавна општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „Борка Талески“ - Прилеп Јавната општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „Борка Талески“ - Прилеп, со своето организирано, високостручно и професионално работење, претставува жариште на културата во нашата Општина, но и пошироко.Денес, во современи услови на библиотечно работење, Библиотеката се стреми да прерасне во културно - информациски центар и со тоа во целост да одговори на потребите и барањата на корисниците.Библиотеката е полноправен член на библиотечно - информацискиот систем COBISS-MK, и со тоа овозможено е автоматизирано интернет пребарување низ библиотечниот фонд, а во завршна фаза е подготовката за автоматизирано библиотечно зајмување на библиотечен материјал.
Секојдневно Библиотеката ја следи издавачката продукција, ја креира набавната политика, набавува монографски и периодични публикации и друг непечатен библиотечен материјал (аудио – визуелни и дигитални записи) и врши меѓубиблиотечна размена на библиотечен материјал, при што секогаш се следат барњата и потребите на корисниците.Во Библиотеката функционира информативна служба преку која корисниците се запознаваат со сите информативни инструменти (каталози, библиографии, електронскиот COBISS систем, тековните, планираните настани во Библиотеката и сл.)
Исто така од 2007 година отворен е интернет клубот (Дигиталниот клуб) на Библиотеката каде што корисниците можат да работат на компјутер, да пребаруваат по електронскиот каталог на библиотеката или да работат на стручни и научни трудови користејќи го библиотечниот материјал.Во библиотеката библиотечен материјал може да се изнајмува на два пулта, од двата оддели за зајмување и тоа оддел за возрасни и оддел за деца.
Одделот за возрасни секоја година има од 1500 до 2000 членови, на кои на располагање им се над 100 000 монографски и над 3000 периодични публикации.
Одделот за деца брои од 1300 до 1500 членови годишно на кои на располагање им се над 40 000 книги.
Во двата оддели на корисниците достапна им е секаков вид на литература: Белетристика, сртручна литература, лектирни изданија, енциклопедии, лексикони, сликовници …
Библиотеката располага со богата роднокрајна збирка на литература и ракописи од Прилеп и околината, како и со раритетна збирка.Во соработка со странските дипломатски претставништва во нашава земја, во Библиотеката постои посебен оддел за странска литература каде читателите можат да најдат Германска, Француска, Англиска, Италијанска и Руска литература, списанија и слично. Во овој оддел членовите на библиотеката можат да најдат и аудио-визуелни записи за полесно изучување на странски јазици.Старите и оштетени книги грижливо се репарираат и средуваат за да бидат функционални во одделот за репрографија. Во овој оддел се врши вкоричување, подврзување, зашивање, лепење на библиотечен материјал, се изработуваат кутии и папки за потребите на библиотеката и сл.
За да им излезе во пресрет и на читателите од пошироката околина на Прилеп, Библиотеката располага со две подрачни библиотеки. Едната е во населбата Варош, а другата е во населеното место Тополчани. Овие две подрачни библиотеки располагаат со вкупен библиотечен фонд од околу 22 000 книги.
Покрај книги во Библиотеката може да се читаат и дневен и периодичен печат, „Службен весник“ „Службен гласник на Општина Прилеп“ и друг материјал.
Од 1973 година па се до денес, Библиотеката врши и издавачка дејност. „Дваесетишестмина“ „Роднокрајна библиографија на прилепски автори“ „Хронолошка библиографија на Народниот театар Војдан Чернодримски“ „Прилеп и прилепско на страниците на Нова Македонија“ „Прилепското писмо“ „Шахот во Прилеп“ „Поетско Маркукуле“ „Борко Лазески - био библиографија“ „ Библиосвет“ „Прилепскиот ликовен феномен“ се само некои од многуте наслови во издание на Библиотекта.
Во библиотеката секојдневно се случуваат различни активности, трибини, промоции, изложби, научни симпозиуми, прес конференции и сл. Тоа е овозможено со пуштањето на реновираната мултимедијална сала која ги задоволува сите европски стандарди со аудио визуелни и технички критериуми.Традиционално Библиотеката се јавува како организатор на чествувањето на Патрониот празник (2 март), организатор на продажни изложби на книги по повод месецот на книгата, организатор на натпревари за избор на најдобар рецитатор, најдобра лична творба, избор на најредовен читател и сл. Библиотеката секоја година го организира националниот натпревар „Млади библиотекари“ за учениците од основно училиште, и поетската манифестација „Поетско маркукуле“. На оваа манифестација учество земаат бројни поети од земјава и странство, а нивниот број и интересот на јавноста за оваа манифестација расте од година во година.

Operating as usual

25/11/2013

When was this founded?

When was this founded?

Location

Category

Address


Булевар „Гоце Делчев“ бб
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00
Other Education in Prilep (show all)
Учи Италјански во Прилеп - Learn italian in Prilep Учи Италјански во Прилеп - Learn italian in Prilep
ул. Питу Гули 6
Prilep

CIAO! Do you want to learn italian for FREE! Come to Info Sega's office and learn italian with Erasmus volunteers from Italy.

ЕДУ Шампиони ЕДУ Шампиони
Vo Blizina Na OOU"Kire Gavrlioski".
Prilep, 7500

ЕДУ Шампиони - Едукативен Јазичен центар и центар за ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ за учениците од ПРВО до ПЕТТО одд.

Хуманитарна Организација “Помош за хендик Хуманитарна Организација “Помош за хендик
Prilep, 7500

Хуманитарна Организација ПХС “Помош за хендикепирани и сиромашни” - Прилеп Humanitarian Organization "AHP" (Aid for Handicapped and the Poor) - Prilep

Ekonomisti - Optimisti Ekonomisti - Optimisti
Prilepski Braniteli Br. 143
Prilep

Мисија: Ние сме креатори на позитивна мисла. Ние дејствуваме. Ние се бориме против песимизмот.

"Kire Miladinoski dance studio Zodijak" "Kire Miladinoski dance studio Zodijak"
Bul. Goce Delchev Bb
Prilep, 7500

Фризерски салон ТЕА Фризерски салон ТЕА
R.R.Richko 28
Prilep, 7500